Колку е "стабилен" денарот?

  • Креатор на темата Креатор на темата Tetro
  • Време на започнување Време на започнување
T

Tetro

Гостин
Читав сабајле една вест, вика вака: Дочекавме денарот да е постабилен од еврото.

После тоа, на друго место Секој секому должи во Македонија, компаниите си ги бараат парите од државата.

Значи, цело време имаме лажна "стабилност" на денарот во однос на еврото и сите други валути кои се врзани со еврото.

Кога ќе падне еврото, ќе падне и денарот. Илииии, обратно. Се` зависи од Европа и нејзината Економија!!!
Македонија е претежно увозно ориентирана држава, дури и за основните животни продукти. Погледнете во маркетите и ќе се уверите!!!

повеќе извори:
http://www.time.mk/read/d279f618ae/2472bd7161/index.html
www.time.mk/read/13ad86f9bd/72fa00b405/index.html

Бонус вест
Растат трошоците за живот

На македонските граѓаните во ноември година им биле потребни за 3,5 отсто повеќе пари за да ги подмират сите трошоци во однос на ноември лани, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика.

Индексот на трошоци за живот во ноември во споредба со октомври изнесува 100,6, а во однос на ноември лани е 103,5.

Најголемо зголемување на трошоците има за храна и безалкохолни пијалоци за 1,4 отсто, облека и обувки за 1,2 отсто, домување, вода, електрика, гас и други говира за 0,7 отсто.

Намалување има кај рекреалција и култура 2,1 отсто, комуникации 1,4 отсто, транспорт 0,6 отсто и здравје за 0,1 отсто.
http://www.netpress.com.mk/mk/vest.asp?id=95730&kategorija=2
 
Не се разбирам многу во монетарни прашања, ама лаички знам дека денарот е врзан со еврото, тоа е единствената валута со која денарот нема флуктуирачки курс. Така да на сите што се ситат на падот на еврото и еврозоната, мислам дека не сте свесни какви последици нам би ни се десиле тогаш.

Ако има некој постручен, нека ме поправи и нека објасни дали е така или не.
 
Мене не ми е јасен воведниот пост, не ми е јасна конкретно оваа реченица „Кога ќе падне еврото, ќе падне и денарот. Илииии, обратно.“ Као паѓа денаров и Европа ја снемува од картата? :)
И второ не ми е јасно ликвидноста на нашата економија со „лажната“ стабилност на денарот и споеноста со трошоците на живот? На каква „лажна“ стабилност се мисли?
 
Не знам ништо јас, не сум експерт по економија, само поставив прашање и давам свое мислење, поткрепено со линкови.
Мене не ми е јасен воведниот пост, не ми е јасна конкретно оваа реченица „Кога ќе падне еврото, ќе падне и денарот. Илииии, обратно.“ Као паѓа денаров и Европа ја снемува од картата? :)
Колку што сум запознаен со состојбата, скоро сите девизни резерви на Р.Македонија се Евра.
Гледам има и тема http://forum.kajgana.com/threads/56412/каде се дискутира за Еврото. http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=12311829245&id=9&prilog=0&setIzdanie=22447 еве и повеќе од тоа.

И второ не ми е јасно ликвидноста на нашата економија со „лажната“ стабилност на денарот и споеноста со трошоците на живот? На каква „лажна“ стабилност се мисли?
Тоа со трошоците за живот е бонус вест, со прогноза дека ќе растат во иднина, се` за сметка на јакнењето на "вредноста на денарот".
 
Стабилноста на денарот зависи од јавниот долг и државните резерви. Јавниот долг за 2011 е проектиран на 1.779.300.000 евра или 23,5% од ГДП, што е прилично низок процент. Државните резерви се 1.847.800.000 евра, што е највисока сума во македонската историја. Така денарот е вистински стабилен не лажно.

Извори: http://www.nbrm.mk/?ItemID=750FC531FC3D1B49B16440313562D400
http://www.nbrm.mk/WBStorage/Files/...en_dolg_nova_metodologija_2004_Q1_Q2_2011.xls
 
И уште нешто,стабилно е да се штеди во денари,ем стабилно ,ем највисока камата..мх мх мх
 
Уште еднаш ваква тема да не сум видел. Чим е пастирот на власт, денарот е најстабилна валуте на светот. Од друга страна еврото ќе исчезне за недела два, ЕУ ќе пропадне, НАТО се зликовци, а Грците рептили. Тоа се дозволени теми за кои можеш да дискутираш.
А денарот е толку стабилен што имаш два пати поголема камата на него отколку на еврото. Бидејќи е ептен стабилен. Истиов муабет се правеше и 1990 , штедете во динари, немојте во девизи, па потоа се бесеа луѓе, а Словенците си купија марки пред време и си свиркаа.
--- надополнето: Dec 7, 2011 7:10 PM ---
Стабилноста на денарот зависи од јавниот долг и државните резерви. Јавниот долг за 2011 е проектиран на 1.779.300.000 евра или 23,5% од ГДП, што е прилично низок процент.
Mакедонските компании се повеќе си должат пари едни на други, а главен проблем им е наплатата на средствата од државата.

Поради ова претставниците на стопанските комори во земјава деновиве ги посочија државните институции како најголеми должници на компаниите.
Сега ако долгот е толку мал, како тоа државата нема пари да плати на компаниите?
--- надополнето: Dec 7, 2011 7:14 PM ---
И второ не ми е јасно ликвидноста на нашата економија со „лажната“ стабилност на денарот и споеноста со трошоците на живот? На каква „лажна“ стабилност се мисли?
Сметка за парно 2008 - 1500 денари
сметка за парно 2011 - 3800 денари
Постабилно здравје. Само столче едно стабилно да најдеме и кабел за бесење, и со министерот за економија кој 2006 се запишал на факултет (Американ Колеџ и тоа, светилникот на мудроста во Македонија), заедно сите ќе бидеме најстабилни. Или мислиш 61 денар ќе биде евро па нека биде шта буде и тоа е стабилност.
 
Читав сабајле една вест, вика вака: Дочекавме денарот да е постабилен од еврото.

После тоа, на друго место Секој секому должи во Македонија, компаниите си ги бараат парите од државата.

Значи, цело време имаме лажна "стабилност" на денарот во однос на еврото и сите други валути кои се врзани со еврото.

Кога ќе падне еврото, ќе падне и денарот. Илииии, обратно. Се` зависи од Европа и нејзината Економија!!!
Македонија е претежно увозно ориентирана држава, дури и за основните животни продукти. Погледнете во маркетите и ќе се уверите!!!

повеќе извори:
http://www.time.mk/read/d279f618ae/2472bd7161/index.html
www.time.mk/read/13ad86f9bd/72fa00b405/index.html

Бонус вест
Е добро де што паничите толку купете си долари ако не им верувате на еврата и денарите. :pos:
 
Mакедонските компании се повеќе си должат пари едни на други, а главен проблем им е наплатата на средствата од државата.

Поради ова претставниците на стопанските комори во земјава деновиве ги посочија државните институции како најголеми должници на компаниите.
Сега ако долгот е толку мал, како тоа државата нема пари да плати на компаниите?
Прво види научи разлики помеѓу микроекономија и макроекономија. После тоа помеѓу фискална политика и монетарна политика. Па после помеѓу јавен долг и приватен долг. Следно надворешен и внатрешен долг. Откако ќе ги пројдеш сите термини разгледај си ја повторно анализата во која си утврдил дека еврото е стабилна валута и нема никакви опасности да пропадне (како што напиша во една друга тема).

Откако ќе го направиш се ова, намали да се воодушевуваш на пастирот и можеби ќе сфатиш дека стабилноста на денарот нема баш никаква врска со него. После може да разговараме сериозно и веројатно ќе намалиш да шириш дефетизам на секоја можна тема, без да прикажеш никаков факт или бројка, сем некои анализи кои нејќеш да ги споделиш со нас.
 
Абе сите сте експерти, микроекономија, макроекономија. Ако државата касни со пензии, тоа што е? Макро или микро економија? Ако касни со стипендии што е тоа? Ако префрла пари од едно министерство во фондот бидејќи фондот е пред колапс тоа што е? Плус знаеш ли ти дека Русија прогласи банкрот со 15 проценти долг од ГДП? Мислам ова јас како лаик ти го кажуам , знам дека ти си ескперт и имаш фабрика со десет илјади работници, даваш леб на илјадници фамилии.
Ако денарот е толку стабилен, ете да речеме монетарната политика, зошто е фиксиран курсот кон еврото? Пушти го нека флуктуира, стабилен е. Ама некако оние што земаа кредити во швајцарски франци нема да се сложат со тоа.
Извини, јас ете прост човек, не сваќам, објасни ни поучи не како модерен Прометеј, донеси ни го огнот. И не се срами да не искараш малку, не разбираме ние проста раја.
--- надополнето: Dec 7, 2011 7:36 PM ---
ништо не е стабилно па ни денарот ни еврото, ни доларот
Или па обратно, бидејќи сите овие три се фиат валути, со тоа што денарот е фиксиран за еврото.
 
Плус знаеш ли ти дека Русија прогласи банкрот со 15 проценти долг од ГДП?
Ако денарот е толку стабилен, ете да речеме монетарната политика, зошто е фиксиран курсот кон еврото? Пушти го нека флуктуира, стабилен е. Ама некако оние што земаа кредити во швајцарски франци нема да се сложат со тоа.
.
:cuc: Рекорд по глупости на квадратен пиксел.(y)
 
Абе сите сте експерти, микроекономија, макроекономија. Ако државата касни со пензии, тоа што е? Макро или микро економија? Ако касни со стипендии што е тоа? Ако префрла пари од едно министерство во фондот бидејќи фондот е пред колапс тоа што е? Плус знаеш ли ти дека Русија прогласи банкрот со 15 проценти долг од ГДП? Мислам ова јас како лаик ти го кажуам , знам дека ти си ескперт и имаш фабрика со десет илјади работници, даваш леб на илјадници фамилии.
Ако денарот е толку стабилен, ете да речеме монетарната политика, зошто е фиксиран курсот кон еврото? Пушти го нека флуктуира, стабилен е. Ама некако оние што земаа кредити во швајцарски франци нема да се сложат со тоа.
Извини, јас ете прост човек, не сваќам, објасни ни поучи не како модерен Прометеј, донеси ни го огнот. И не се срами да не искараш малку, не разбираме ние проста раја.
--- надополнето: Dec 7, 2011 7:36 PM ---

Или па обратно, бидејќи сите овие три се фиат валути, со тоа што денарот е фиксиран за еврото.

Економијата има елементи на шаманизам. Не е толку егзактна колку што некои сакаат тоа да го прикажат.
Макроекономската стабилност не мора да значи нешто посебно околу ситуацијата на терен, џебот на рајата.
Иако таа е факт, пред се благодарение на екс-гувернерот.
Но и покрај тоа, реалноста е дека инфлацијата го разјадува денарот одамна, вредноста паѓа во однос на скоро сите валути освен еврото со кое е врзан према политичка одлука и секое отстапување се покрива.
Енергенси, храна, услуги...it`s all going down the drain.
Како и секоја добра фиат валута и денарот доживеа прилично штанцање во последните 20-тина години, околу 4 пати наголемена парична маса према НБРМ, останатото е успешното жонглирање на НБРМ и гувернерот (фискална и монетарна политика, фенси израз).
Потпомогнато со редовниот фикс на западна валута неоптеретена со камати и срања, од страна на иселениците, the life jacket of the local economy.

The future is so bright, i feel like getting sunglasses...:icon_lol:
 
Back
На врв Bottom