Нема потреба од "контра-документите". Само кажи што е тоа што ти мислиш дека се наоѓа на сајтот, а не кореспондира со вистината. Зборувам за нештата од чисто технички аспект. Не зборувам за тоа дали на Bertiaux или Јулијан стварно им се јавил Ајваз или не.
Што е битно што мисли некој, ако тоа што го мисли и тврди (без да стави знак прашалник на истото) не може да се потврди реално?
Но ајде, ќе напишам нешто...
Како прво: Нема „чисто технички аспект“ кога се работи за луѓе и иницијации и тајни и полутајни Редови.
Како и во профаниот живот, така и овде има боси и сакати кои сакаат да се господари па дури и на искасапени традиции и лажни авторитети пренесени по сомнителни патишта.
Друго:На страницава постои некој Јулијан Насков кој имал авторитет да пренесува авторитет на други (во случајот Салихович,кој и да е тој). Но кои се тие? И зборуваме за О.Т.О. или за ОТОА? Една буква но многу кажува. Денес сите се телмити ако читаат од нет и имаат пракса. Не би рекол...
На почетокот види како започнува изјавата на авторот, потоа има и автор кој „бил“ инициран во „калифатско“ О.Т.О. итн итн. Постои О.Т.О. и ништо поеќе. И нормално, телемитски редови кои се добро познати. Затоа и стои во Манифестот дека О.Т.О. е првиот старо-еонски ред кој го прифати Законот на Телемата.
Да продолжам... Автор вели дека не е пристрастен во своите заклучоци и изјави на својата страница, но на некои места премногу ги менува страните, и никако не е на средина. Затоа и прашав дали си истражувал дали е тој иницијант или не...
П.С. Ако кажам што не „коренспондира“ со вистината ќе треба премногу да се објави на форумов, а тоа не мислам да го направам дури и да остане ова што ти го наведе како вистина (ако сметаш дека страницата за југословенските телемити е точно), иако не е бидејќи не може човек да знае дали се работи за О.Т.О. или некоја друга псевдо-телемитска групација.
Многумина сакаат да е најлошото можно сценарио со О.Т.О.(со blood orgy, па тука демони повикување, па власт над нечија иницијација, камшикување жени, итн итн и сите ваши болни фантазии што можеби ги имате од гледање филмови), но не бидува тоа така. Тоа се чисти земски профани размисли, земени од сопствените човечки искуства низ животот.
Ако јас или некој друг, запне да поправа вакви изјави и „докази“ од Фра.XXX кој напишал нешто на сајт, кај ќе ни биди крајот...
Но, PHP, HTML и MySQL се трпат а јас нема да пробам да поправам!
П.П.С. И како нема потреба од контра-документи, кога ете на страница се појавуваат документи како доказ за она што го тврди авторот (иако тој е непристрастен)... Тргни ги тие документи и што ќе добиеш? Lord of the Rings
Штета што НЕ мислам да ставам документи овде за да ја расчистиме целата збрка околу О.Т.О. ...