Законот на Телема

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.203
Поени од реакции
12.195
Кој е овој Choronzon?
Ти да не го познаваш Хоронзон? Не е возможно... Големиот „демон“ на Бездната, каде што лежи лажната сефира Даат(знаење)... и која неиницираните преку неа гледаат и велат: Знаењето е се!, а не ги гледаат горните 3 сефироти, Разбирање и Мудрост и Круната.
Последната патека пред бездната што тие ја гледаат е Тет(Змија) и велат: Змијата е големиот иницијатор кој ни даде знаење. Но минувањето на Бездната води до она место каде што работите се гледаат на подруг начин, со Разбирање! Има методи како да се подготви човек и да премине. Но Хоронзон ги чека оние кои не ги знаат методите и лозинките за да ги распне во нивниот сопствен ум и да ги остави нивните мисли да бидат дел од неговите лудачки мисли.

Но ова не те интересира секако... па сума сумарум, Хоронзон е „Демон“ на Бездната каде што не постојат патеки низ таа пустина... постојат само збркани зборови, мисли, излудени адепти или во овој случај аспиранти, кои паднале од патеката бидејќи не спознале како да поминат и нивните налудничави идеи од неиницираните се сметаат за знаење... А ние тука не можеме ништо бидејќи ме можеме да се мешаме во големиот поредок на универзумот.

П.С. Види ја „Визија и Глас“... модерно користење на методите на Џон Ди :)
П.П.С. И еве линк за да гласате за да знаеме што е и како е во Македонија (знаеме, но ете мала игра, да ја видиме омразата :) )!
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.134
Поени од реакции
83.766
Македонија има потреба од издавање на езотериска литература, да имаме барем 5% од од она што го има на Српски јазик, да речеме.
Јас лично сметам дека телемитската литература не е баш најсреќниот правец со кој би било пожелно да се наполни опусот на езотеријска литература на Македонски јазик, но признавам дека таа е литературата која буди највеќе интерес кај езотеријски ориентираната публика (што од неинформираност, што од погрешно информирање).
Во секој случај секој сам нека треба да си донесе заклучок, во согласност со своите искуства и убедувања.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.203
Поени од реакции
12.195
Македонија има потреба од издавање на езотериска литература, да имаме барем 5% од од она што го има на Српски јазик, да речеме.
Јас лично сметам дека телемитската литература не е баш најсреќниот правец со кој би било пожелно да се наполни опусот на езотеријска литература на Македонски јазик, но признавам дека таа е литературата која буди највеќе интерес кај езотеријски ориентираната публика (што од неинформираност, што од погрешно информирање).
Во секој случај секој сам нека треба да си донесе заклучок, во согласност со своите искуства и убедувања.
Мора од некаде да се започне...

Секогаш се издава ЕГЗОтерична литература... доволно за да книгата и мислите во неа си поиграат и со интелегенцијата, но и со духот на човекот.
Во Македонија уште долго нема да се издава таква литература... и тоа само заради незаинтересираност на читачката публика. А знаеме како работат издавачите тука: прво пари и добивка, потоа се друго. Слушаме како трубат: Кај нас се преведе бест-селерот на некој џм автор! И ете ти за 2 дена распродажба бидејќи знаеме како Хари Потер е подобар од делата на Стивен Кинг :)

Србите имаат повеќе, но не секогаш преводите се со добар квалитет. Според мене...

Овде во Македонија споро оди работата бидејќи, ако некогаш дојдеш во контакт со македонски преводи на телемитси книги, слободно провери кој е преведувачот. Ние не плаќаме преведувачи. Ние сме преведувачи. Мора некој што ја познава тематиката да преведува (во Македонија, знаеме како и кој се преведува, така да не можеме да направиме 100 книги за 2 години, но преводот да е за никаде).

Не сакаме само да има телемитска литература. Различни автори и нивните дела се врзани различно со телемата, филозофиите кои ги објаснува и праксите што се опишуваат во нашите книги. Затоа на крајот на секоја наша книга има индекс од книги (не само телемитски, туку од други теми) кои некој би можел да ги преведе или да ги издаде. Ние ќе бидеме благодарни, бидејќи една книга, води кон друга.

П.С. И да, мора да се почне од некаде! :) Ете ајде од нас нека почне :)
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.134
Поени од реакции
83.766
Србите ја имаа таа среќа Мадиќите да се сопственици на издавачка куќа, која фала богу опстана и долго време работи.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.203
Поени од реакции
12.195
Србите ја имаа таа среќа Мадиќите да се сопственици на издавачка куќа, која фала богу опстана и долго време работи.
+ уште 2-3 среќи малку познати :)
Издадените книги на „Езотерија“ се 90% телемитска литература :)

П.С. Телемитски мислам што имаат допир со телемата и праксите.. не стриктно дела од Кроули :)
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.134
Поени од реакции
83.766
+ уште 2-3 среќи малку познати :)
Издадените книги на „Езотерија“ се 90% телемитска литература :)
Нормално коа и они двајцата беа у тоа.
Сепак не им е толкав процентот. Ја би рекол 30%, што е пак доста.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.203
Поени од реакции
12.195
Нормално коа и они двајцата беа у тоа.
Сепак не им е толкав процентот. Ја би рекол 30%, што е пак доста.
У тоа! :) Ахахахаа :) Добро беше ова кажано :)

Инаку еве како оди преведувањето : http://tguild.oto.de/index.html и сметаме дека преведувањето на вакви сложени размисли, не е играчка. Лош превод, намерно или не, води до погрешно разбирање на она што сака да се каже.
Не знам колку Езотерија не е поврзана со Работилницата. Имаат чудно минато за кое јас не сум одвоил време за да се запознаам.

Ние веруваме дека дури и мала грешка во пишувањето на оригиналниот текст (голема буква каде што не треба, на еврејски ако е на крајот наместо крајна буква ставено обична) има свое значење и крие поголема мистерија од „тајната“ што се открива на прв поглед на обичниот читател незапознаен со тематиката.

Постојат многу граматички и други „грешки“ во Книгата на Законот. Но и во неа се вели исто: Не ја менувај ниту формата на буквите! :)

Интересно е што има луѓе што не се запознаени со филозофијата на телемата и целта, а сепак имаат одбивност спрема нејзе и не сакаат ни да видат книга на 3 милји од нив. Дали се плашат од промени, дали не сакаат ново... не знам. Изгледа се луѓе без дух за истражување... Се си бидува...

P.S. Или можеби им е доволно што други велат за телемата (без разлика дали се иницирани телемити, неиницирани)
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.134
Поени од реакции
83.766
Интересно е што има луѓе што не се запознаени со филозофијата на телемата и целта, а сепак имаат одбивност спрема нејзе и не сакаат ни да видат книга на 3 милји од нив. Дали се плашат од промени, дали не сакаат ново... не знам. Изгледа се луѓе без дух за истражување... Се си бидува...

P.S. Или можеби им е доволно што други велат за телемата (без разлика дали се иницирани телемити, неиницирани)
Да, да, ја сум таков :vozbud:
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.134
Поени од реакции
83.766
Да си жив и здрав... такви се и рисјаните :) А знаеме за кај се тие :)
Не им текнало на оние од зоолошка во Ск :)
No shit!
Нашиот мал форумски Кроули у зоолошка ќе ги става Христијаните!
:vozbud:
Ќе ги доведе работите на ред!
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.203
Поени од реакции
12.195
No shit!
Нашиот мал форумски Кроули у зоолошка ќе ги става Христијаните!
:vozbud:
Ќе ги доведе работите на ред!
Мислеше на мене? Не сум јас Римјанин да распнувам рисјани :)
Иако немам против што Кроули имал таков став за рисјаните. Сега рисјаните за разлика од тоа време... се многу различни. На подобро одат :)
Рисјаните се веќе во зоолошка... како што читам нивни постови овде... Цврсти кафези си изградиле тие што не мора човек да се мачи околу нив.

А и се држам до ова:
Уживај во музиката :)
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.203
Поени од реакции
12.195
За да не се заборавиме :)
Бидејќи целото е премногу долго(а и на некој може да му текне да ми се скара), еве линк до постот, па очекувам размисли (малку подобри за разлика од другите подфоруми).
Повелете написот!

П.С. Би требало да ги засегне жените повеќе!
 

Hitchhiker

Concordia
Член од
23 октомври 2011
Мислења
96
Поени од реакции
31
+ уште 2-3 среќи малку познати :)
Издадените книги на „Езотерија“ се 90% телемитска литература :)
Шо збораш бе?!
За тебе и јога и сангејзинг и астрологија и кабала и њу ејџ се телема :pos:Бог да чува.

Србите ја имаа таа среќа Мадиќите да се сопственици на издавачка куќа, која фала богу опстана и долго време работи.
Да србите се пресреќни со Мадиќите. Особено поради фактот што им продаваа соединение на база на хлор кое се користи за дезинфекција, како чудотворен лек.
Од кога тоа издавачки куќи продаваат фармацевтски производи?
Па нели телемитите ги почитуваат законите на земјата во која живеат.
Туку Прави се што ти носи профит, и тоа нека ти биде цел закон.

Uhapšen direktor izdavačke kuće Ezoterija

Policija je uhapsila direktora izdavačkog preduzeća Ezoterija Vladimira M. (1967), osumnjičenog da je uzeo 2,4 miliona dinara prodajom sredstva za dezinfekciju vode kao "čudesnog mineralnog dodatka" koji leči najteže bolesti, poput side, raka i depresije, saopštio je danas MUP.

Vladimir M. je osumnjičen za krivično delo proizvodnja i stavljanje u promet škodljivih proizvoda, navodi se u saopštenju.

Direktor Ezoterije je osumnjičen da je organizovao proizvodnju i pakovanje 1.200 kompleta sredstva za dezinfekciju vode i drugih pića, koje je zatim kao preparat "MMS - čudesni mineralni dodatak" prodavao prodavnicima zdrave hrane na teritoriji Srbije po ceni od 2.000 dinara za komplet, čime je sebi pribavio korist od 2,4 miliona dinara.

"Preparat je nazvao 'Master mineral suplementnamerit', reklamirajući ga putem internet sajta svog preduzeća kao čudesni mineralni dodatak koji uspešno leči najteža oboljenja", piše u saopštenju.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.134
Поени од реакции
83.766
^ Мојата забелешка беше од аспект на издаваштво. Кај нас нема ни 10% од оваа езотеријска литература на македонски. Но и надвор од езотеријата, на пример до филмот, мислам дека ни Lord of the Rings ја немавме на македонски. А на српски ги имаше сите книги на Толкин уште пред едно 25-30 години. (Езотерија ги издава).
Кај нас таков издавач не ни може да се замисли.

Е сега тоа што м(л)адичот си праел шеми, тоа си е негова работа за која ќе одговара.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom