Одлуката на Меѓународниот суд за правда по повод тужбата на Македонија против Грција (општа тема)

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Хмм, читав нешто и пак не сватив...
Ќар по се изгледа дека немаме, и не сум изненаден воопшто, но како исходот од Хаг би ни штетел нам?
Има нешто труло во државата...

Иако гласно се најавуваше дека потребно е признавање на официјалното име на земјата од страна на 2/3 од членките на ООН со цел замена на привремената референца која се користи во ООН и со тоа затварање на „разговорите“ за името со убедлива дипломатска победа, Министерот за Надворешни Работи на Македонија ја отфрли ваквата можност.

Границата од 2/3 или 128 земји беше надмината овој месец, но Владата и понатаму бара продолжување на преговорите.
Изговорот е дека сме ја презеле таа обврска со Резолуцијата 817:
- Ние цениме дека најдобро би било доколку македонско-грчкиот дијалог продолжи под чадорот на ООН.
- Тоа значи дека отпаѓа идејата да се поднесе иницијатива до ГС на ОНН за ова прашање?
- Па, тоа е мојот одговор. Обврските кои ги имаме преземено треба да ги почитуваме - вели Милошоски.

Каде се грешките на оваа и претходните влади?
Го игнорираат фактот дека резолуцијата 817 е во директна спротивност со членот 103 од Повелбата на ООН:
- Членот 103 вели дека обврските на членовите кои произлегуваат од Повелбата на ООН преовладуваат над нивните обврски по кој било меѓународен договор.
Овој член означува дека во случај на договор кој е во спротивност на принципите од Повелбата на Обединетите Нации, се применуваат стандардите од Повелбата на ОН.
Во нашиот случај резолуцијата 817 е во директно прекршување на членот 4 од Повелбата на ОН, став 1, со кој се утврдуваат условите за членство во ОН.
Беше утврдено дека Македонија ги исполни сите критериуми врз основа на член 4 за прием во ОН, но и’ беа додадени два дополнителни спротивни на прифатената интерпретација на Член 4(1) од повелбата. Така Македонија беше примена во ОН не под нејзиното име, туку со привремена референца, т.е. со деградиран правен карактер и со наметната обврска да преговара со соседната држава за сопственото име.

Овие додатни услови прилично се разликуваат од условите кои се во Член 4(1) од Повелбата: во кои(дод. усл.) се вели дека условите мораат да се исполнат не пред приемот, туку после него.

Исполнувајќи ја обврската наметната (а не како што вели Министерот “преземена“) со резолуцијата 817, Македонија своеволно прифаќа да биде деградирана.
Зошто Владата поднесе тужба за исполнување на Привремената Спогодба, наместо (по предлогот на Марјан Попески ) тужба за ништавност поради прекршување на иус цогенс?
Зошто Владата сеуште се залага за компромис, иако бившиот министер и поранешен премиер на Грција, Андонис Самарас, веќе неколку пати ги обелодени намерите на Грција:
1. "БЈРМ суштински престана да биде “национална лулка на Македонците ", и стана мултиетничка држава со два одделни етнички компоненти."
2. "Она кое на сите страни го ставаме под знак прашалник – е постоењето на етничка држава на “Македонци"
3. "За Скопје денес, дилемата е дали ќе се распадне или - како што некои тврдат - ќе се трансформира во лабава мултиетничка федерација!"

Неговиот заклучок во интервјуто за Екатимерини од 2008 година ја открива вистинската цел:
"Во секој случај, “Македонската идеја ", ќе биде поразена еднаш засекогаш".

Оваа јасна позиција на Грција не се колебаше да ја повтори ниту во оваа година, со тоа потврдувајќи ја постојаната заложба на грчките влади:
- “Грција ја разјасни својата позиција дека е за име за севкупна употреба без етничка одредница како решение за спорот со соседната земја и стави вето за нејзината интеграција во НАТО и во ЕУ, што наиде на разбирање кај нашите партнери“ - рекол Самарас во грчкиот парламент.

Тишина. Никој не реагира.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Автосугестијата е корисна работа. Можеш да се убедиш во било што.
Не помага секогаш. Некогаш не можеш да се убедиш да профункционираш на вистински начин, па тоа ти е...
 
Мартин$

Модератор
Член од
2 март 2007
Мислења
5.234
Поени од реакции
148
Да, секако. Од мојот џеб, од твојот џеб, од џебот на сите граѓани на Македонија.
Арно ги потрошиле парите за нешто наше, а не за нивен џеб. Зошто би ги барал назад?
 
Член од
1 јануари 2010
Мислења
183
Поени од реакции
290
Не ја примив оваа вест со еуфорија, каква се демонстрираше вчера, со разни анализи и претпоставки.Јасно е дека ништо не се менува. Овој процес има повеќе внатре политичка намена , отколку за решавање на името.Платено од наш џеб, нешто што и на бруцош од правен да му го дадеш, ќе ти каже како се работите.
Во правото има два интересни термина, де јуре и де факто. Опасна комбинација, дејуре Македонија е во право ( тоа го знеа сите уште пред да поднесеме тужба), ама де факто треба да го решиме проблемот со името пред да влеземе во НАТО и ЕУ, плус Грција може повторно да не блокира кога сака.
Најсмешен дел е оној каде судот се надева дека Грција нема да го повтори делото...
Па зар има сеуште наивни кои веруваат во правда , во овој крајно изопачен светски систем...
Па тие што не делеа, не бришеа,и се трудат да не избришат тотално не тапкаат по рамо, демек, абе ОК сте вие, во право сте, ама дај сменете име и опис, ако сакате кај нас....
Не е проблем Грција, Грција е избрана за џелат на Македонија, некој друг (Англија,Франција...) направија геноцид врз Македонија пред 100 години, кога ја делеа во Букурешт, и ги „даруваа“ соседите со територија.
И мислите дека тие истите треба да признаат дека го направиле тоа?
Попрво ќе не сотрат до последен, а тие ќе имаат беспрекорна дипломатска историја....
Им се погоди џелатот-по фашизоиден народ од грците не постои на планетава, кога нема против кого да се тепааат, се тепаат меѓусебе....
Затоа ЕУ и ги ранат и ги држат на ланец, по потреба да ги пуштаат да касаат наоколу.
 
Член од
25 февруари 2010
Мислења
1.158
Поени од реакции
879
Diogen

пократок а поубитачен и поточен пост одамна немам прочитано, секоја чест.
 
Kaiser

Hidden Fortress
Член од
6 мај 2011
Мислења
3.202
Поени од реакции
2.443
И сега дојдовме до парадоксална ситуација наместо да ги прекинеме бесмислените и понижувачки преговори ние самите да се држиме до привремената спогодба што е смешно зашто станаа ТРАЈНИ а не привремени и плус само ние се држиме за спогодбата која не титулира како БЈРМ и ни го забранува знамето во било која форма а другата страна си го тера ќеифот како ќе и текне.

Од една страна праќаш војска во НАТО а не те признаваат ниту примаат во друштво како Македонија, значи имаш само обврски и трошоци а права никакви, од друга страна бараш прием во ЕУ каде ни името ни народот не ти го спомнуваат и каде губиш голем дел од суверенитетот а од трета страна сакаш да си независна држава со свое јас и достоинство. Јас НЗС никако не можам да најдам.

Не сме ваљда до толку мазохистички народ или сепак сме како што покажува праксата?
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Па тие што не делеа, не бришеа,и се трудат да не избришат тотално не тапкаат по рамо, демек, абе ОК сте вие, во право сте, ама дај сменете име и опис, ако сакате кај нас....
Не е проблем Грција, Грција е избрана за џелат на Македонија, некој друг (Англија,Франција...) направија геноцид врз Македонија пред 100 години, кога ја делеа во Букурешт, и ги „даруваа“ соседите со територија.
И мислите дека тие истите треба да признаат дека го направиле тоа?
Попрво ќе не сотрат до последен, а тие ќе имаат беспрекорна дипломатска историја....
Сериозно?

Мислиш на некого во Франција или Англија му е гајле за некој Букурешт од пред еден век? Па Англија како најмоќна светска империја има учествувано во дузина такви преговори, каде што се делеле континенти, а не едно парче земја како што е Македонија.
Смешно е тоа преценување на значењето на Македонија и Македонците. Колку побрзо се ослободиме од комплексот на библиска земја и библиски народ, толку подобро за нас.

Имаме проблем со Грците, треба да го решиме. Решавањето се состои во гребење на вистински места и на вистински начин. Пресудата во Хаг е чекор напред за нас, и треба да се искористи. Голема несреќа е што администрацијата во Белата Куќа е таа што е, но не можеме заради тоа да легнеме и да умреме. Потребни ни се врски, во Вашингтон, Лондон, Париз.

Националромантичарски елегии за неправдата во Букурешт ни требаат колку дупка во главата...
 
Член од
13 декември 2009
Мислења
1.307
Поени од реакции
647
Значи се сложивме дека името ни е ФИРОМ, а и дека треба да го смениме во Македонија (Скопје). Ај сега да одиме пред МТВ и да видиме што ќе добиеме за менувањето.
--- надополнето: Dec 6, 2011 11:43 AM ---
Толно така. Целата политика воглавно се сведува на лобирање и лични пријателства. Но сега ќе ти се исфрлат со теориите дека Германците ги подржуваа Албанците во 2001, или дека МИ6 им вареше кафе на терористите на Шар Планина.
Не, Албанците сами си се направија. Сами си излегоа од Арачиново, сами си купија американски сателитски телефони, а хеликоптерите на НАТО што им носеа храна и облека беа илузија од Русите кои се рептили и пијат крв од бебиња.
 
Член од
1 јануари 2010
Мислења
183
Поени од реакции
290
Сериозно?

Мислиш на некого во Франција или Англија му е гајле за некој Букурешт од пред еден век? Па Англија како најмоќна светска империја има учествувано во дузина такви преговори, каде што се делеле континенти, а не едно парче земја како што е Македонија.
Смешно е тоа преценување на значењето на Македонија и Македонците. Колку побрзо се ослободиме од комплексот на библиска земја и библиски народ, толку подобро за нас.

Имаме проблем со Грците, треба да го решиме. Решавањето се состои во гребење на вистински места и на вистински начин. Пресудата во Хаг е чекор напред за нас, и треба да се искористи. Голема несреќа е што администрацијата во Белата Куќа е таа што е, но не можеме заради тоа да легнеме и да умреме. Потребни ни се врски, во Вашингтон, Лондон, Париз.

Националромантичарски елегии за неправдата во Букурешт ни требаат колку дупка во главата...
Прочитај ја последната реченица - „Попрво ќе не сотрат до последен, а тие ќе имаат беспрекорна дипломатска историја....“ ...
Значи, за Англија и Франција, Македонија нема никакво значење, ќе повторам, нивната игра на бришење држави и народи е рутина, но најбитно е што со валкани игри до крај, сакаат да си остават „чиста трага“, односно во нашиот случај ако само смениме име и идентитет, само ќе докажат дека ни пред 100 години , ни сега не сме заслужувале држава, и дека биле во право шти не поделиле на комшиите....
А притисокот од нивна страна е сами да го смениме......
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Се што наброја е дел од грчкото „пиење кафе“ со Америте. Никој не рече дека тоа е илузија, тоа е реалната состојба и предизвикот со кој се соочуваме.

Инаку таков распоред кафенце, ракиичка, шопска, дискотека, курвиче, секс го направи Камерон најголем поддржувач на Македонија и покрај сите силни конекции што ги имаат со Грција. :)
Проблематичен поглед кон реалноста...
Грчката позиција се темели на нивната географска местоположба, статусот на голем и постојан муштерија на западно оружје изразено досега во десетици ако не и стотици милијарди долари, меѓународно лоби за кое РМ може само да сонува и многу други ситуации.
Јасни и недвосмислени факти кои говорат за мотивацијата на администрацијата на САД и останатите Нато членки да заземат позиција која ја заземаат, како што и кажа генералниот секретар.
Бонус е нивното власништво на голем дел од стратешката инфраструктура во РМ, статусот на најголем странски инвеститор кој и тоа како може да биде искористен ако се појави потреба.

Против сето тоа, комбинација на економски и стратешки интереси на големите играчи на сцената при што страдааат помалите играчи на сцената, како и обично, низ историјата, цитираниот член ни посочува cunning plan...

Инаку таков распоред кафенце, ракиичка, шопска, дискотека, курвиче, секс го направи Камерон најголем поддржувач на Македонија и покрај сите силни конекции што ги имаат со Грција.
Шопска rules the waves...:vozbud:

Имаме проблем со Грците, треба да го решиме. Решавањето се состои во гребење на вистински места и на вистински начин. Пресудата во Хаг е чекор напред за нас, и треба да се искористи. Голема несреќа е што администрацијата во Белата Куќа е таа што е, но не можеме заради тоа да легнеме и да умреме. Потребни ни се врски, во Вашингтон, Лондон, Париз.

Националромантичарски елегии за неправдата во Букурешт ни требаат колку дупка во главата...
Едно конкретно прашање, сосема банално...
Во што се состои тоа гребење:icon_lol: и кои се вистинските места...и кој е интересот на САД да ја смени позицијата во корист на Македонија.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.323
Поени од реакции
26.261
Проблематичен поглед кон реалноста...
Грчката позиција се темели на нивната географска местоположба, статусот на голем и постојан муштерија на западно оружје изразено досега во десетици ако не и стотици милијарди долари, меѓународно лоби за кое РМ може само да сонува и многу други ситуации.
Јасни и недвосмислени факти кои говорат за мотивацијата на администрацијата на САД и останатите Нато членки да заземат позиција која ја заземаат, како што и кажа генералниот секретар.
Бонус е нивното власништво на голем дел од стратешката инфраструктура во РМ, статусот на најголем странски инвеститор кој и тоа како може да биде искористен ако се појави потреба.

Против сето тоа, комбинација на економски и стратешки интереси на големите играчи на сцената при што страдааат помалите играчи на сцената, како и обично, низ историјата, цитираниот член ни посочува cunning plan...
Вчера ти фалеше болдираниот збор. И сега размисли дали САД немаат стратешки интереси во Македонија. Ние го „продаваме“ баш тоа. Не реков дека не си во право за грчката моќ во меѓународните институции. Ама ти премногу ги поедноставуваш работите. САД балансираат. Грција нема да биде поразена доколку Македонија влезе во НАТО под референцата. Ќе има само скршена гордост. Македонија надвор од НАТО е темпирана бомба. Доколку се случат глупости никој не може да гарантира дека територијата ќе остане во нивната зона на влијание. Инаку зошто републиканската администрација не поддржуваше толку силно. Не веројатно зошто сме им симпатични. И што мислиш ти дека треба да правиме? Не мислиш веројатно дека Русија е спасот?
 
Не можам да видам кои се тие стратешки (со сета тежина на зборот) интереси кои САД ги има во Македонија.
Во што се состоела таа силна поддршка на бушовата администрација исто не ми е јасно, доколку постоела силна поддршка, РМ веќе ќе беше во Нато...
Инаку со евентуален влез во Нато, АРМ ќе се сведе на нешто вакво...
http://www.jamestown.org/single/?no_cache=1&tx_ttnews[tt_news]=24129

Русија? Not really.
Спас нема.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Против сето тоа, комбинација на економски и стратешки интереси на големите играчи на сцената при што страдааат помалите играчи на сцената, како и обично, низ историјата, цитираниот член ни посочува cunning plan...
Шопска rules the waves...:vozbud:
На синоќешната седница на Европската Комисија, на која на Македонија повторно не и беше понуден датум за почеток на преговори, три држави инсистирале тоа да се случи. Словенија, која е наш најголем подржувач во ЕУ, Шведска, која ја боли увото за Грчките глупости, и... well, Англија. Се чини дека шопската сепак има магична моќ. :vozbud: Или подршката од Англија е само дупла или тројна игра која ние наивните не можеме да ја согледаме, но која ти ќе ја разобличиш со некој линк каде што рандом фирма од Англија им продава рандом производ на Грците?
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.323
Поени од реакции
26.261
Не можам да видам кои се тие стратешки (со сета тежина на зборот) интереси кои САД ги има во Македонија.
Во што се состоела таа силна поддршка на бушовата администрација исто не ми е јасно, доколку постоела силна поддршка, РМ веќе ќе беше во Нато...
Инаку со евентуален влез во Нато, АРМ ќе се сведе на нешто вакво...
http://www.jamestown.org/single/?no_cache=1&tx_ttnews[tt_news]=24129

Русија? Not really.
Спас нема.
Контрола врз К-8 и К-10, држава која треба да помага во нормалното функционирање на нивниот производ Косово, контрола на патот на дрогата и шверцот. Веројатно ќе ми одговориш дека и Грција има слични објекти веројатно од поголема важност, ама ситуацијата не е или-или. САД може да ги има двете. Колкава цена ќе платиме за влезот во НАТО зависи од тоа колку можеме да се испазариме. Оваа одлука, личните контакти со политичари, финансирање на лобисти и слично само ја намалува цената. Доколку влеземе во НАТО грците ќе имаат само нарушена гордост, ништо друго.

Бушовата администрација ни даде максимална можна легална поддршка. Тоа го кажуваат сите што присуствувале во Букурешт. Доколку влегле во делот на нелегалното и прљави политички игри веројатно ќе бевме во НАТО, во право си, ама денес и максимална легална поддршка е доволна за Грција да прифати влез под референцата ФИРОМ. Со демократска администрација тешко дека ќе ја имаме.

Не ми смета АРМ да остане само со специјализирани пешадиски единици и онака сме светлосни години далеку од авијација и механизирани единици.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Проблематичен поглед кон реалноста...
Грчката позиција се темели на нивната географска местоположба, статусот на голем и постојан муштерија на западно оружје изразено досега во десетици ако не и стотици милијарди долари, меѓународно лоби за кое РМ може само да сонува и многу други ситуации.
Јасни и недвосмислени факти кои говорат за мотивацијата на администрацијата на САД и останатите Нато членки да заземат позиција која ја заземаат, како што и кажа генералниот секретар.
Бонус е нивното власништво на голем дел од стратешката инфраструктура во РМ, статусот на најголем странски инвеститор кој и тоа како може да биде искористен ако се појави потреба.
Едно конкретно прашање, сосема банално...
Во што се состои тоа гребење:icon_lol: и кои се вистинските места...и кој е интересот на САД да ја смени позицијата во корист на Македонија.
Пред да ти одговорам, едно уште пократко и побанално прашање. Со распоредот на силите како што ти е прикажан во постот, дали може да објасниш како воопшто дојде до признавање на Македонија од страна на САД под уставното име?

Или тоа воопшто не се случи, туку беше масовна халуцинација предизвикана од непозната супстанца произведена во тајните погони на ЦИА, завера која АЈК ќе ја разобличи во следната негова книга?
--- надополнето: Dec 6, 2011 1:39 PM ---
Не, Албанците сами си се направија. Сами си излегоа од Арачиново, сами си купија американски сателитски телефони, а хеликоптерите на НАТО што им носеа храна и облека беа илузија од Русите кои се рептили и пијат крв од бебиња.
За тебе е одамна познато дека во малиот џеб ги имаш сите тајни завери на Балканот, и дека точно знаеш кој од МИ6 какво кафе пие, така да што и да ти одговорам ќе биде недоквакано во однос на твоето супериорно познавање на состојбите на теренот...
--- надополнето: Dec 6, 2011 1:52 PM ---
Прочитај ја последната реченица - „Попрво ќе не сотрат до последен, а тие ќе имаат беспрекорна дипломатска историја....“ ...
Значи, за Англија и Франција, Македонија нема никакво значење, ќе повторам, нивната игра на бришење држави и народи е рутина, но најбитно е што со валкани игри до крај, сакаат да си остават „чиста трага“, односно во нашиот случај ако само смениме име и идентитет, само ќе докажат дека ни пред 100 години , ни сега не сме заслужувале држава, и дека биле во право шти не поделиле на комшиите....
А притисокот од нивна страна е сами да го смениме......
Дечко, ти го прочитав целиот пост, не е ништо друго освен повторно верглање на историските неправди нанесени спрема правдољубивиот библиски Македонски народ од страна на силите на злото. Истата лузерска психологија која ја вергламе еден век наназад. Сите не мразат, постои светска завера да се сотре Македонскиот народ, затоа што тука се крие најголемата тајна на човештвото. Јудео-масоните како претставници на злото против православниот Македонскиот народ, како претставник на силите на доброто, дел 3452.

Досадно.

Get real, на никој не му е гајле за Македонија, освен ако низ дипломатија сами не се избориме некому да му биде гајле...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom