Bratot
Стоик и Машкртник!
- Член од
- 27 јануари 2007
- Мислења
- 17.089
- Поени од реакции
- 4.499
Има нешто труло во државата...Хмм, читав нешто и пак не сватив...
Ќар по се изгледа дека немаме, и не сум изненаден воопшто, но како исходот од Хаг би ни штетел нам?
Иако гласно се најавуваше дека потребно е признавање на официјалното име на земјата од страна на 2/3 од членките на ООН со цел замена на привремената референца која се користи во ООН и со тоа затварање на „разговорите“ за името со убедлива дипломатска победа, Министерот за Надворешни Работи на Македонија ја отфрли ваквата можност.
Границата од 2/3 или 128 земји беше надмината овој месец, но Владата и понатаму бара продолжување на преговорите.
Изговорот е дека сме ја презеле таа обврска со Резолуцијата 817:
- Ние цениме дека најдобро би било доколку македонско-грчкиот дијалог продолжи под чадорот на ООН.
- Тоа значи дека отпаѓа идејата да се поднесе иницијатива до ГС на ОНН за ова прашање?
- Па, тоа е мојот одговор. Обврските кои ги имаме преземено треба да ги почитуваме - вели Милошоски.
Каде се грешките на оваа и претходните влади?
Го игнорираат фактот дека резолуцијата 817 е во директна спротивност со членот 103 од Повелбата на ООН:
- Членот 103 вели дека обврските на членовите кои произлегуваат од Повелбата на ООН преовладуваат над нивните обврски по кој било меѓународен договор.
Овој член означува дека во случај на договор кој е во спротивност на принципите од Повелбата на Обединетите Нации, се применуваат стандардите од Повелбата на ОН.
Во нашиот случај резолуцијата 817 е во директно прекршување на членот 4 од Повелбата на ОН, став 1, со кој се утврдуваат условите за членство во ОН.
Беше утврдено дека Македонија ги исполни сите критериуми врз основа на член 4 за прием во ОН, но и’ беа додадени два дополнителни спротивни на прифатената интерпретација на Член 4(1) од повелбата. Така Македонија беше примена во ОН не под нејзиното име, туку со привремена референца, т.е. со деградиран правен карактер и со наметната обврска да преговара со соседната држава за сопственото име.
Овие додатни услови прилично се разликуваат од условите кои се во Член 4(1) од Повелбата: во кои(дод. усл.) се вели дека условите мораат да се исполнат не пред приемот, туку после него.
Исполнувајќи ја обврската наметната (а не како што вели Министерот “преземена“) со резолуцијата 817, Македонија своеволно прифаќа да биде деградирана.
Зошто Владата поднесе тужба за исполнување на Привремената Спогодба, наместо (по предлогот на Марјан Попески ) тужба за ништавност поради прекршување на иус цогенс?
Зошто Владата сеуште се залага за компромис, иако бившиот министер и поранешен премиер на Грција, Андонис Самарас, веќе неколку пати ги обелодени намерите на Грција:
1. "БЈРМ суштински престана да биде “национална лулка на Македонците ", и стана мултиетничка држава со два одделни етнички компоненти."
2. "Она кое на сите страни го ставаме под знак прашалник – е постоењето на етничка држава на “Македонци"
3. "За Скопје денес, дилемата е дали ќе се распадне или - како што некои тврдат - ќе се трансформира во лабава мултиетничка федерација!"
Неговиот заклучок во интервјуто за Екатимерини од 2008 година ја открива вистинската цел:
"Во секој случај, “Македонската идеја ", ќе биде поразена еднаш засекогаш".
Оваа јасна позиција на Грција не се колебаше да ја повтори ниту во оваа година, со тоа потврдувајќи ја постојаната заложба на грчките влади:
- “Грција ја разјасни својата позиција дека е за име за севкупна употреба без етничка одредница како решение за спорот со соседната земја и стави вето за нејзината интеграција во НАТО и во ЕУ, што наиде на разбирање кај нашите партнери“ - рекол Самарас во грчкиот парламент.
Тишина. Никој не реагира.