Вработување во Hi Tech Corp

Член од
12 октомври 2011
Мислења
377
Поени од реакции
116
Ако веќе има некој намера да работи под таков режим, подобро ќе биде директ барем словенија. Барем ќе биде подобро платен.
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.847
Абе добро е тоа што си бара дисциплина во работењето, но не и да ги малтретира вработените. Не знам што им прави што цело време бара преку оглас луѓе за работа, но сигурно има нешто. Ако некој слушнал повеќе во врска со тоа или пак работел таму нека каже. ;)
 
Член од
12 октомври 2011
Мислења
377
Поени од реакции
116
2 месеци на пробно ќе работиш, тоа значи без пари. После тоа може нов да си бара. Ептен дисциплинирано (y)
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: MSE

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.908
Поени од реакции
6.998
Јас работам таму, еве за 20 мин. тргнувам прва смена. Сакате после да ви раскажам се како е што е? :)
 
Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.425
Поени од реакции
16.727
Јас работам таму, еве за 20 мин. тргнувам прва смена. Сакате после да ви раскажам се како е што е? :)
Затоа ти ниедна утакмица не можеш да изгледаш, по цел ден на работа си :icon_lol:
 
statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.617
А мене ми изгледа дека на младите инжињери не им се работи и сакаат без работно искуство да идам у фирма со најголеми бенефиции и да зимаат стартна плата од 600 евра.
 
bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.908
Поени од реакции
6.998
Затоа ти ниедна утакмица не можеш да изгледаш, по цел ден на работа си :icon_lol:
Хахаха заебавајте се, заебавајте се... :pos:
Вака стојат работите:
Најпрво, за оваа работа треба да имаш јаки живци пред се. :) Ако си работно дете, ако не се плашиш од работа, (ако не си скопјанец :) ), исполнуваш услови за аплицирање. Тек после следи образование и други работи :pos:. Значи се произведуваат печатени електронски плочки и се се извезува надвор, претежно во Германија. Но и претежно на прекупци кои понатаму ги продаваат на трета страна. Јас лично само на една плочка од илјадниците досега имам прочитано-Made in Macedonia :). Деликатниот производ си бара и деликатни производни процеси и бара максимална концентрација, залагање и работа од работникот. Е сега напорот, работата, зависи од одделот кај што ќе те распоредат. Во администрација нема што да бараш, таму се правници, економисти и пред се постари луѓе. Во ИТ-оддел се програмери и мислам (не ме фаќајте за збор) таму платата им е мин. 20 000. Sales and marketing (овие почнуваат со работа од 08:00, 6 дена во неделата) комуницираат со купувачите, спремаат понуди и примаат нарачки, работа чисто на компјутер. Потоа следи CAM-станица (овие почнуваат од 06:00, 6 дена во неделата, една недела прва смена, една втора) каде што на компјутер се спремаат работни налози според нарачките од купувачите. Овде има стварно доста и поделикатна работа и ако би било се во ред тука би требало да се примаат електро и машинските инженери. Исто почетна плата и тука им е 20 000. И доаѓаме до третиот дел-Производство кај шо сум и јас :D (2 дена прва смена, 2 втора, 2 дена трета, 2 слободен). Е тука зависи шо училиште/факултет имаш па каков оддел ќе ти се падни. Ако имаш Технолошки не ти бегаат т.н. мокри процеси каде има доста машини со хемикалии (дел отворени, дел затворени) низ кои минуваат производните панели со плочките на нив) и тука знае да биде зезнато. Во лето +40, во зима +30 :D. Ако си со електро, машински има “почовечки“ оддели каде има и клима, 2-3 машини со компјутери и горе-долу и си работиш на 2-3 процеси, не е ништо тешко, се сведува на рутина ама бара максимална концентрација, прецизност затоа што ако нешто заебеш, а не може да се поправи, го плаќаш од свој џеб. 2-3 пати така и леташ од работа. Некој може и од еднаш ако заеби ептен :pos:. Али тоа шо си со факултет или средно не влијае којзнае колку на платата. Разликата е макс. 2-3000. Јас на пример земам 18 000 и еве ќе фати 1 година како работам и немам покачување ни 500 ден. :tapp:. И последното место кај шо може да те пикнат е Одржување. Е таму си имаш работа директно со The Master himself :pos:. Тој е шеф на одржување и може да имаш чести контакти, да ти се развика за нешто, дури и ако не си крив, само климај со главата ок си :) Али ако си роден мајстор може да лапнеш и до 30 000. А дека искористуваат за 3 месеци и бркаат луѓе туку-така не е точно. Ќе те избркаат ако ептен заебеш нешто или ако се закачиш со некој, ако слабо работиш. Ако си ок тераш 3 месеци и после тоа даваат еднократно 15 000 ако си со факултет и официјално те вработуваат, осигуруваат се тоа...а со средно даваат 10 000. После платата зависи од тоа колку ќе каже газдата али границите ги кажав погоре.
Има на моменти брзање, експес нарачки, инцидентни ситуации, грешки кои треба брзо да се поправат и сл... али јбг станува збор за производство, машини, фабрика и се може да се случи. Ако ти требаат пари, ако не сакаш на 25+ години да те издржуваат мама и тато, ако ти се работи ок е, иако често ќе имаш желба да си одиш поради Х причини :) Јас секако требаше минатава година да се врткам со факултетот во СК, барем имам зад себе 1 година искуство и некој динар заштеда. Па за повеќе здравје, во иднина :)
 
Добро види сега, тоа ти е посериозна фирма, и нормално не допуштаат никакви грешки и затоа значи летаат од работа луѓе. Но овој наш народ не е научен така да работи (во помал број се тие што ја ценат работата и не гледаат само да земат плата и да заврши работното време побрзо). Сите гледаат да земат само плата. А не гледаат да продадат, да сработат до максимум итн. Се работи за производи кои одат во странство и НЕ СМЕАТ да имаат грешки. И затоа бараат посериозни луѓе за работа.
 
Во нитуедно производство не смее да има грешки. Замисли Алкалоид да направи погрешни апчиња?? Или во сокара да не се стерилизира доволно сокот? Е сега овој наш народ не е единствен што сака само плата да земе а помалце да работи, тоа е физика на помал отпор :) Затоа и на луѓето им здосадува да се преточни, да идат по 60км на ден во двата правца да им се фаќа повеќе саати за работа заедно со патот...
 
Член од
12 октомври 2011
Мислења
377
Поени од реакции
116
Повторно овие вработуваат, изгледа ќе прават промени :pos:

• МАШИНСКИ ТЕХНИЧАР, ХЕМИСКИ ТЕХНИЧАР, ЕЛЕКТРО ТЕХНИЧАР
14 Дена18:40:11​
 
Член од
1 јануари 2010
Мислења
183
Поени од реакции
290
Ништо таму не се сменило веќе 20 години...Истиот сопственик, истата тактика за профит, и многу работници како потрошен материјал...
Имав прилика да работам таму пред околу 20 години(ех, минале години..:)), и да, работев како робот, и ден денес ми е у глава цел процес, и подесување на машината на која работев. Зимно време буквално бел ден не гледав, ама бев млад и орен за работа...
Ама, дојде и мојот ред па колективно отпушти група на вработени, па и мене...
После некое време, се секавам имаше оглас за вработување на 40 луѓе, кој оглас постојано се вртеше по огласи, повеке од година (бар додека следев).
Си реков ај да одам, си ја знам работата...
Не собра сите, ни објасни дека треба да работиме 9 месеци за без пари, да видел кој има „ген за работа“, па тие што биле „работници“ ќе поминеле 3 месеци обука, па дури после ако успеат, ќе ги вработел....
Му реков дека имам тука работено, цел процес го познавам и сл., типот вика не, ќе мора да „волонтирам“, па да ме учи, па ќе видиме.... А имаше неколку како мене кои работеле таму....
И се сеќавам на „бисерот“ кој го кажа овој „деловен “ човек како најјак аргумент за неговиот принцип на вработување: „ Ако ви чини, можете да ги прифатите условите, ако не мо,можете да им продавате гаќи на Бит Пазар на Американците“.
После овие јаки деловни аргументи, се свртев, си заминав и ја заборавива фирмава дека воопшто постои....
Сега кога ја видов темава, се потсетив, и гледам дека ништо не се променило....
Се додека имаме голема понуда на работна сила, бакво однесување ќе трпиме...
Кога ќе му „гори под нозе“ а му требаат луѓе , ќе моли и ќе плаќа да го вадат од кал....
Затоа се надевам дека ќе влезат повеќе странски фирми во МК. Не дека ти се поарни, ама ќе се вработува народ повеќе, и ќе расте побарувачката за работници..
А побарувачката значи и повисока цена на трудот - подобра плата...
 
Член од
29 август 2008
Мислења
2.646
Поени од реакции
931
Хахаха заебавајте се, заебавајте се... :pos:
Вака стојат работите:
Најпрво, за оваа работа треба да имаш јаки живци пред се. :) Ако си работно дете, ако не се плашиш од работа, (ако не си скопјанец :) ), исполнуваш услови за аплицирање. Тек после следи образование и други работи :pos:. Значи се произведуваат печатени електронски плочки и се се извезува надвор, претежно во Германија. Но и претежно на прекупци кои понатаму ги продаваат на трета страна. Јас лично само на една плочка од илјадниците досега имам прочитано-Made in Macedonia :). Деликатниот производ си бара и деликатни производни процеси и бара максимална концентрација, залагање и работа од работникот. Е сега напорот, работата, зависи од одделот кај што ќе те распоредат. Во администрација нема што да бараш, таму се правници, економисти и пред се постари луѓе. Во ИТ-оддел се програмери и мислам (не ме фаќајте за збор) таму платата им е мин. 20 000. Sales and marketing (овие почнуваат со работа од 08:00, 6 дена во неделата) комуницираат со купувачите, спремаат понуди и примаат нарачки, работа чисто на компјутер. Потоа следи CAM-станица (овие почнуваат од 06:00, 6 дена во неделата, една недела прва смена, една втора) каде што на компјутер се спремаат работни налози според нарачките од купувачите. Овде има стварно доста и поделикатна работа и ако би било се во ред тука би требало да се примаат електро и машинските инженери. Исто почетна плата и тука им е 20 000. И доаѓаме до третиот дел-Производство кај шо сум и јас :D (2 дена прва смена, 2 втора, 2 дена трета, 2 слободен). Е тука зависи шо училиште/факултет имаш па каков оддел ќе ти се падни. Ако имаш Технолошки не ти бегаат т.н. мокри процеси каде има доста машини со хемикалии (дел отворени, дел затворени) низ кои минуваат производните панели со плочките на нив) и тука знае да биде зезнато. Во лето +40, во зима +30 :D. Ако си со електро, машински има “почовечки“ оддели каде има и клима, 2-3 машини со компјутери и горе-долу и си работиш на 2-3 процеси, не е ништо тешко, се сведува на рутина ама бара максимална концентрација, прецизност затоа што ако нешто заебеш, а не може да се поправи, го плаќаш од свој џеб. 2-3 пати така и леташ од работа. Некој може и од еднаш ако заеби ептен :pos:. Али тоа шо си со факултет или средно не влијае којзнае колку на платата. Разликата е макс. 2-3000. Јас на пример земам 18 000 и еве ќе фати 1 година како работам и немам покачување ни 500 ден. :tapp:. И последното место кај шо може да те пикнат е Одржување. Е таму си имаш работа директно со The Master himself :pos:. Тој е шеф на одржување и може да имаш чести контакти, да ти се развика за нешто, дури и ако не си крив, само климај со главата ок си :) Али ако си роден мајстор може да лапнеш и до 30 000. А дека искористуваат за 3 месеци и бркаат луѓе туку-така не е точно. Ќе те избркаат ако ептен заебеш нешто или ако се закачиш со некој, ако слабо работиш. Ако си ок тераш 3 месеци и после тоа даваат еднократно 15 000 ако си со факултет и официјално те вработуваат, осигуруваат се тоа...а со средно даваат 10 000. После платата зависи од тоа колку ќе каже газдата али границите ги кажав погоре.
Има на моменти брзање, експес нарачки, инцидентни ситуации, грешки кои треба брзо да се поправат и сл... али јбг станува збор за производство, машини, фабрика и се може да се случи. Ако ти требаат пари, ако не сакаш на 25+ години да те издржуваат мама и тато, ако ти се работи ок е, иако често ќе имаш желба да си одиш поради Х причини :) Јас секако требаше минатава година да се врткам со факултетот во СК, барем имам зад себе 1 година искуство и некој динар заштеда. Па за повеќе здравје, во иднина :)
Ја долови работата таму но ти избега долниот пост кој повеќе е на место на темава.

Ништо таму не се сменило веќе 20 години...Истиот сопственик, истата тактика за профит, и многу работници како потрошен материјал...
Имав прилика да работам таму пред околу 20 години(ех, минале години..:)), и да, работев како робот, и ден денес ми е у глава цел процес, и подесување на машината на која работев. Зимно време буквално бел ден не гледав, ама бев млад и орен за работа...
Ама, дојде и мојот ред па колективно отпушти група на вработени, па и мене...
После некое време, се секавам имаше оглас за вработување на 40 луѓе, кој оглас постојано се вртеше по огласи, повеке од година (бар додека следев).
Си реков ај да одам, си ја знам работата...
Не собра сите, ни објасни дека треба да работиме 9 месеци за без пари, да видел кој има „ген за работа“, па тие што биле „работници“ ќе поминеле 3 месеци обука, па дури после ако успеат, ќе ги вработел....
Му реков дека имам тука работено, цел процес го познавам и сл., типот вика не, ќе мора да „волонтирам“, па да ме учи, па ќе видиме.... А имаше неколку како мене кои работеле таму....
И се сеќавам на „бисерот“ кој го кажа овој „деловен “ човек како најјак аргумент за неговиот принцип на вработување: „ Ако ви чини, можете да ги прифатите условите, ако не мо,можете да им продавате гаќи на Бит Пазар на Американците“.
После овие јаки деловни аргументи, се свртев, си заминав и ја заборавива фирмава дека воопшто постои....
Сега кога ја видов темава, се потсетив, и гледам дека ништо не се променило....
Се додека имаме голема понуда на работна сила, бакво однесување ќе трпиме...
Кога ќе му „гори под нозе“ а му требаат луѓе , ќе моли и ќе плаќа да го вадат од кал....
Затоа се надевам дека ќе влезат повеќе странски фирми во МК. Не дека ти се поарни, ама ќе се вработува народ повеќе, и ќе расте побарувачката за работници..
А побарувачката значи и повисока цена на трудот - подобра плата...
Сосема е точно ова за сите останати кои го читаат. Времето за обука е можеби на место но едино што добиваш е превоз бесплатен зашто е усвета.
Мала е платата за тоа што се работи реално и колкав приход има Саво Станковиќ покажува палатата што ја гради или ја има веќе изградено позади Водно.
Многу му е матна водата на Саво, бизнисот може го прави и е успешен ама однос према вработени е за никаде и затоа бегаат луѓето и бараат друга работа иако и работата не е баш лесна али на крај краева нема тешка или лесна работа има работа која сакаш и која нејќеш да ја работиш.
 
bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.908
Поени од реакции
6.998
Ја долови работата таму но ти избега долниот пост кој повеќе е на место на темава.

Сосема е точно ова за сите останати кои го читаат. Времето за обука е можеби на место но едино што добиваш е превоз бесплатен зашто е усвета.
Мала е платата за тоа што се работи реално и колкав приход има Саво Станковиќ покажува палатата што ја гради или ја има веќе изградено позади Водно.
Многу му е матна водата на Саво, бизнисот може го прави и е успешен ама однос према вработени е за никаде и затоа бегаат луѓето и бараат друга работа иако и работата не е баш лесна али на крај краева нема тешка или лесна работа има работа која сакаш и која нејќеш да ја работиш.
Е така....точно така ова го мислат и сите вработени таму, верувај...ама шо да прај кутар народ му требаат пари за да живее и си ќути си работи.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom