Вести од Кливленд дека Бајрон Дејвис скоро сигурно оди во амнестија... и уште поинтересна гласина дека Тајсон Чендлер е блиску до договор со Никси. Њујорк скоро сигурно оди на варијантата во која Крис Пол се изјасни дека би сакал да игра со бившиот соиграч Чендлер, но како мислат да го донесат Пол по следнава сезона тоа не ми е јасно. Дали можеби планот е Амаре Стадемаер да настрада во превирањава и да биде разменет во Њу Орлеанс Хорнетс, неговиот роден град?
Ако не се лажам од утре офоцијално може да се потпишуваат договори и прават замени.
--- надополнето: Dec 9, 2011 12:01 AM ---
Падна првата бомба, Крис Пол во Лејкерс за Одом и Гасол
Ова има тежина затоа што доаѓа од Војнаровски од Јаху спортс. Поточно се работи за размена со три тима, ЛА-ЊуОрлеанс-Хјустон. Војнаровски вели дека Хјустон ќе го добие Гасол, а Њу Орлеанс ќе ги добие Одом, Кевин Мартин, Горан Драгич и Луис Скола. Ако испадне вака Хорнетси навистина добро ќе го наплатат Крис Пол.
Не ми се допаѓа ова иако на Лејкерси им е преку потребен кец, односно поинт гард. Сепак нападот никогаш не бил проблем, освен донекаде шутот од далечина. Проблем е одбраната на кец, а Пол и не е познат по одбраната... повредата на менискусот на коленото не помага исто така (сетете се на Рој и промената по сличната повреда).
Од друга страна, Сам Амик и Крис Маникс од sportsillustrated.cnn.com велат дека дилот е Пол во ЛА, Гасол во Хјустон и Кевин Мартин и Луис Скола во Њу Орлеанс. Ова е многу пореално, освен што од Хјустон ќе бараат да даде уште нешто... Кевин Мартин и Луис Скола заедно, ни по квалитет ни по плата не с билску до Пол и Гасол.
Во секој случај изгледа дека Крис Пол ќе биде Лејкер.
Ако го задржат Одом, тогаш супер... ако го дадат и Одом, тогаш годинава ЛА не прават ништо за титула... и што е уште поважно: тешко дека ќе го донесат Двајт Хауард!
(освен ако тој самиот не инсистира)