Моќта на фантазијата. :)

Член од
24 октомври 2011
Мислења
24
Поени од реакции
23
Моќта на фантазијата

Креативноста не паѓа од небо! Потребно е да го искористиш „внатрешниот“ материјал, да вложиш труд, и пред се', да имаш волја за да станеш „свој“ и независен!
Можеби сметате дека фантазијата е само за мали деца, но, таа е многу повеќе од „едно малo дете кое си го врзува ќебото околу вратот и трча наоколу извикувајќи - Јас сум Супермен!“ Тоа што детето во тебе инстинктивно го знае е дека фантазијата значи - засадување на семето на можностите во сопствената свест. Кога фантазираш не постојат граници; можеш да бидеш или да сториш се' што ќе замислиш! Затоа, таа е една од најзначајните нешта што можат да ја одредат твојата иднина! Имено, ако тоа нешто што си го замислил не го гледаш, како ќе го исполниш? На пример, дури и пред компјутерите да станат потреба на современиот свет, некој си замислл свет каде што луѓето веднаш добивале електронска пошта! За сево ова, а и за многу други нешта можеме да и се заблагодариме на фантазијата!
Отвори се пред можностите...
Познато ти е кажувањето „ослободи го умот“, нели? Всушност, на тој начин идеите навираат - но, тоа секогаш не е лесно. Во оваа смисла, најмногу помага слободното пишување. Обиди се со следново: навиј го будилникот половна час порано и секое утро пред да го започнеш денот запиши на еден лист хартија сe' што ќе ти падне на ум пред да станеш од постела. Тоа ќе ти помогне да ги ослободиш мислите и чувствата. На овој начин, постојано ја вежбаш фантазијата и полесно доаѓаш до разни идеи што ќе ги претвориш во проекти и цели за реализација!
Врати се во иднината
Еден начин за да согледаш колку многу можности ти претстојат е да „патуваш низ времето“ - размислувајќи за тоа каде би бил и каде би сакал да одиш. Па, кога ќе имаш малку слободно време, земи твоја слика од шестгодишна возраст и обиди се да си припомниш каков си бил тогаш. Внимателно разгледај ја. Потоа затвори ги очите и обиди се да си го „доловиш“ чувството од тоа време. Што ти паѓа на ум? Дали го помниш првото возење на панорамата во луна-парк? Со очите се' уште затворени, додај му уште 20 години на детето. Сега си во иднината! Дали иднината се совпаѓа со твојата сегашност - или пак се напѓаш на сосем различно место, непознато за тебе? Патувањето низ времето ве потсетува на тоа деека каде што сте сега, не е местото каде што сте биле или каде што ќе бидете - и тоа е вистината!
Промени нешто...
Понекогаш е тешко да се сонува кога си оптоварен и свесен за тоа кој си ти всушност! Па, наместо да се обидуваш да се замислуваш во другаверзија, замисли се себеси сосем поинаков. Кој си ти? Каков стил поседуваш? Можеби во другиот свет ти си поп-ѕвезда, познат шампион или самообичен домаќин. Можеби сметаш дека е супер да се биде каубој, а ти, всушност, никогаш не си се ни качил на коњ? Па што?! Избери го најинтересниот живот и направи го тема наденот. Како, на пример, доколку избереш да бидеш агент за недвижности, прошетај низ соседството и обиди се да претпоставиш колку чини секоја куќа. Доколку допуштиш фантазијата да те однесе во вистинска забава, послободно ќе „влегуваш“ во секоја нова работа.
Излегувај сам
Како поинаку ќе влезеш во светот на фантазијата? Излегувајќи на „креативни состаноци“. Едно попладне, во текот на викендот, излези без парисамо за да прошеташ, набљудувајќи ги луѓето и необичните места што можат да ја поттикнат креативноста во тебе. Доколку во близина има музеј или уметничка галерија, посети ја. Ако се потрудиш да забележиш, ќе видиш дека насекаде околу тебе постои инспирација. Уживај во архитектурата на старите згради, „потслушни“ некој интересен разговор, набљудувај ги формите на облаците и разгледувај ги излозите. И доколу ти се допаднат некои интересни панталони, наместо да размислуваш од каде да најдеш пари за да ги купиш, запрашај се али можеш да го нацрташ истиот модел и да најдеш некој да ти ги сошие?
Правејќи ги овие нешта, ќе се чувствуваш задоволен со себе. Со бујна фантазија никогаш нема да ти биде здодевно - кога ќе фантазираш, нови светови ќе се отвораат прeд тебе! И таквата моќ ќе те прави понезависен отколку што можеш да замислиш. Но, како и секоја „магија“, фантазијата дејствува само ако веруваш во неа! Затоа, замисли си што се' може фантазијата да стори за тебе!
 
Член од
31 мај 2011
Мислења
1.424
Поени од реакции
789
Интересна темава, секој од нас има фантазирано за нешто...:icon_lol:
 

nilla-vanilla

#kingliam
Член од
17 јуни 2010
Мислења
2.041
Поени од реакции
1.748
И за фантазирањето треба умешност...некои едноставно се многу крути и не знаат да фантазираат, а според мене фантазирањето е уживање во животот.
 

burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
Ова е се многу убаво, ама во која насока е темава?
 

shutrak

opsenar
Член од
3 јуни 2011
Мислења
37.673
Поени од реакции
31.584
da ne postoeshe fantazijata ., i fantazerite ., denes seushte ke zhiveevme vo kameno vreme(y)
 

POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
645
Фантазија и делумно применување на истата до одредена возраст (праење Супермен на возраст ко детето на сликата, замислување и кажување на другарчињата во забавиште за самовили, принцови и сл*), што е и нормално.
Е веќе кога ќе дојдеме до почетна фаза на колку-толку разумно размислување, дефинитивно треба да ја баталиме фантазијата и рационално да размислуваме зашто со тек на време може да се забега :).




*мада веќе денешниве деца не е чудо да зборат како гледаат голи самовили бисексуалки и да почнат да си ги пцујат мајките
 

burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
Фантазија и делумно применување на истата до одредена возраст (праење Супермен на возраст ко детето на сликата, замислување и кажување на другарчињата во забавиште за самовили, принцови и сл*), што е и нормално.
Е веќе кога ќе дојдеме до почетна фаза на колку-толку разумно размислување, дефинитивно треба да ја баталиме фантазијата и рационално да размислуваме зашто со тек на време може да се забега :).




*мада веќе денешниве деца не е чудо да зборат како гледаат голи самовили бисексуалки и да почнат да си ги пцујат мајките
Без фантазија немаш визија за сам себе.
На сите ни е потребна...
 

Kaiser

Hidden Fortress
Член од
6 мај 2011
Мислења
3.202
Поени од реакции
2.443
Фантазија и делумно применување на истата до одредена возраст (праење Супермен на возраст ко детето на сликата, замислување и кажување на другарчињата во забавиште за самовили, принцови и сл*), што е и нормално.
Е веќе кога ќе дојдеме до почетна фаза на колку-толку разумно размислување, дефинитивно треба да ја баталиме фантазијата и рационално да размислуваме зашто со тек на време може да се забега :).

*мада веќе денешниве деца не е чудо да зборат како гледаат голи самовили бисексуалки и да почнат да си ги пцујат мајките
Сепак не важи за секого :).

Има животни области и професии каде фантазијата е обавезна и посакувана инаку ќе имаш подпросечни или никакви резултати ако не ја користиш :).

Во твојата професија се бара рационално размислување а во мојата фантазија, ако ти почнеш да фантазираш ќе станеш неуспешен а ако јас престанам да фантазирам јас ќе станам неуспешен :).

Значи секому своето според карактер и професија :) .
 
Член од
11 октомври 2011
Мислења
89
Поени од реакции
107
Реалноста е илузија поради недостаток на имагинација.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom