Рецепти за слатки јадења - десерти, торти, колачи, баклави..

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.502
Поени од реакции
14.677
Баклава од вишни





  • 500 грама Шеќер
  • 500 грама Тенки кори
  • 1 кесичка/ки Прашак за печиво
  • 200 милилитри Масло
  • 1 парче/чиња Лимон
  • 200 грама Кисела павлака
  • 3 Јајца/це
  • 400 грама Вишни
Измиксајте 3 јајца со 500 гр. шеќерот, додадете го масло, павлката и прашокот за пециво.
Вишните исцедете ги.
На даската за месење наредете 2 до 3 кори, залијте од сосот, повторно ставете кора, па тоа повторувајте го додека сè додека не се потроши пополовина од корите.
Потоа ставете ги исцедените вишни.
Поклопете со кора, па ставете од филот, па повторно кора, така повторувајте додека сè не се потроши.
Така подготвената баклава исечете ја на посакуваниот облик, поклопете ја со фолија, па печете ја така 30 минути.
Потоа тргнете ја фолијата и печете уште 10 до 15 минути на 180 степени.
Додека колачот се пече сварете го сокот од лимон, сокот исцеден од вишните и 200 гр. шеќер.

Врелиот колач залијте го со врелиот прелив сè додека корите го впијат сокот.

Пред да послужите добро изладете ги во фрижидер.

Баклава со вишни

Пола кило кори
300 грама шекер
3 јајца
300 грама зејтин
200 грама кисело млеко
1 пециво, 1 ванила
1 кг вишни
малку гриз


Јајцата и шекерот се матат како за торта, се додава зејтинот, киселото млеко, ванилата и пецивото. Корите се делат на два дела. На секоја втора кора (преку една кора) се става 3-4 лажици од филот. На последната кора од првиот дел не се става фил, туку се редат вишните и се посипуваат 3 лажици гриз.
После се реди втората половина од корите и пак на секоја втора се посипува по 3-4 лажици од филот.На последната кора се сече баклавата и се полива со остатокот смеса од филот. Се пече на 170 степени околу 1 час.


Шербет:

500 грама шеќер
1 и пол чаша вода
1 лимонтуз
Врие 5 минути.



 

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Домашни Ferrero Rocher

Потребни состојки:
- 150 гр. лешници претходно испечени на 180 с. 8-10 мин.
- 100 гр. лешник наполитнки
- 200 гр. Нутела
- 150 гр. чоколадо за готвење
- 4-5 лажици зејтин (за сјај на растопена чоколада за готвење)
Подготовка:
Во искршените наполитанки се додаваат сечканите лешници и нутелата и се меша со раце де се поврзат ( ако е многу мека смесата се остава во фрижидер малку да се стегне ). Се зема по една лажичка и се обликуваат бомбици. Се оставаат да се стегнат, па се потопуваат во растопено чоколадо за готвење и се ставаат во хартиени корпички.
 

Nymphadora

Емоцинално незрело џубре
Член од
2 февруари 2009
Мислења
986
Поени од реакции
1.672
Во кижичево ми се пишани само како посни колачи... ако во меѓувреме некој ги познае и знае како правилно се викаат нека ми пише.

1кг брашно
1 квасец
1 прашок за печиво
4 шољи (за кафе) зејтин
2 шола вода

Во сад се ставаат 4 шољи зејтин и 2 шола вода да зовријат неколку минути. Се трга настрана да биде млако.
1кг брашно, 1 стасан квасец и 1 пециво се замесува заедно со водата и се прави средно тесто. Се одмара тестото 5-10 минути. Откако ќе потстаса се сука кора 1 прст дебела, се вадат со поголема чаша кругови, се филуваат. Се собираат нагоре страниците како цвет, се ставаат на претходно намрсено тавче и се печат на 200 С.

фил: 1кг рендани јаболка,исцедени,150-200гр шеќер, 150гр сецкани ореви.
Ако не сакате или немате време да правите фил, може да земете готов џем од кајсии или било што по ваш вкус и да додадете плус ореви.

Од кога ќе ги извадите од рерна уште додека се топли валкајте ги низ шеќер во прах.
 

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Пошо иде Нова година, не е лошо да споделиме по некој рецепт за ситни колачи :D

Зрна кафе

Потребни состојки:
- 250 гр. шеќер
- 75 мл. вода
- 125 гр. маргарин
- 100 гр. ореви
- 100 гр. мелени бисквити
- 80 гр. + 100 гр. чоколада за готвење
- 1-2 лажички кафе (македонско или нес по избор)
- 3 лажици зејтин

Подготовка:
Во сад на шпорет ставете го шеќерот заедно со водата 3-4 минути да проврие и да се растопи. Тргнете од шпорет и додајте ги маргаринот и 80 гр. чоколада за готвење и мешајте додека не се растопи. Истурете ги мелените ореви, бисквитите и кафето, па мешајте додека да се соединат состојките. Кога ќе се излади смесата формирајте топчиња со големина на орев и со помош на чепкалка хоризонтално поставена направете вдлабнување по средината на топчињата за да добиете облик на кафе. Оставете ги убаво да се изладат, а потоа направете глазура од 100 гр. стопена чоколада за готвење со 3 лажици зејтин, па секое зрно кафе потопете го во глазурата и повторно со чепкалка направете вдлабнување.



Тоблероне

Потребни состојки:
- 300 гр. чоколада за готвење
- 150 гр. мед
- 100 гр. бадеми

Подготовка:
Чоколадата растопете ја на пареа, па додајте го медот и сецканите бадеми. Убаво измешајте и смесата сипете ја во триаголен калап за колачи обложен со свежо фолија. Оставете да се излади во фрижидер и после тоа уживајте :)


 

Violent Femme

I am as lovely as a dream in stone..
Член од
27 мај 2011
Мислења
725
Поени од реакции
525
Полнети смокви

-1 пакетче суви смокви
-200 до 300гр. мелени бисквити
-шербет од 100мл. вода и 250гр. шеќер
-200гр. желе бомбони
-30гр. маргарин
-100гр. ситно мелени ореви
Најпрво ги мешаме мелените бисквити со шербетот и маргаринот, додека добиеме хомогена смеса,а во меѓувреме ги ставаме смоквите во вода да отстојат малку за да омекнат. Потоа ги полниме смоквите со претходно исецканите желе бомбони, па секоја смоква ја обвиткуваме со смесата од бисквити, и најпосле ги валкаме во мелените ореви. Кога ке бидат готови ги оставаме во фридижер да се здрват малку, а потоа ги сечеме на половина.



Срциња од локум

-250гр. локум
-100гр. кокос

ги мешаме заедно, и од добиената смеса развлекуваме кора на маса на која претходно имаме ставено шекер во прав за да не ни се лепи, и со калап правиме срциња.


 

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.502
Поени од реакции
14.677
Емби


Потребни состојки:

1 пакување емби (чоколаден корнфлекс), 6 лажици мед, 100 гр. потпечен сусам, 200 гр. чоколадо за готвење, повеќе од пола коцка маргарин.

На тивок оган се ставаат маргаринот, чоколадото и медот да се растопат. Се трга тенџерето и се додаваат преостанатите состојки. Состојките се мешаат и се прават форми со модла ( пожелно е само малку да е изладена смесата ). Јас ги имам правено и со цедалка за лимон.




Руски капи

5 јајца
200 гр шеќер
12 лажици млеко
1 филџан масло
400 гр брашно
1 печиво
2 лажици какао

Се прави смеса со миксер (по ред се ставаат состојките) и се пече пандишпан.

Фил:
1 литар млеко
8 лажици густин
1 маргарин
300 грама шеќер
1 ванила

Млекото се вари со шеќерот и густинот, додека се згусне. Маргаринот со ванилата се мати на страна и потоа лажица по лажица, со постојано матење, се додава смесата од млекото.

Пандишпанот се сече на крукчиња (со модла или со чаша), големина по желба. Се филува така што се лепат по 2 крукчиња, се премачкуваат и одоколу (отстрана) па се валкаат во кокос. Одозгора се преливаат со чоколадо.
 

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Емби
Потребни состојки:

1 пакување емби (чоколаден корнфлекс), 6 лажици мед, 100 гр. потпечен сусам, 200 гр. чоколадо за готвење, повеќе од пола коцка маргарин.

На тивок оган се ставаат маргаринот, чоколадото и медот да се растопат. Се трга тенџерето и се додаваат преостанатите состојки. Состојките се мешаат и се прават форми со модла ( пожелно е само малку да е изладена смесата ). Јас ги имам правено и со цедалка за лимон.
Ова слатко задоволство го пробав на една слава и ептен ми се бендиса.
Долго време го барав рецептов по интернет и никако да го најдам. Шо ти не изнапишав на гугл и немаше резултат.:pipi:
 

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.502
Поени од реакции
14.677
Ова слатко задоволство го пробав на една слава и ептен ми се бендиса.
Долго време го барав рецептов по интернет и никако да го најдам. Шо ти не изнапишав на гугл и немаше резултат.:pipi:
Еве ти уште еден рецепт. :)

1 маргарин
7 супени лажици мед
10 супени лажици шеќер
2 кафени лажици какао
100 грама чоколадо за готвење

Овие состојки се ставаат на тивок оган и кога ќе се соединат се додаваат следните состојки:
1 пакетче ЕМБИ корнфлекс
250 грама сецкани ореви
100 грама потпечен сусам
 

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Еве ти уште еден рецепт. :)

1 маргарин
7 супени лажици мед
10 супени лажици шеќер
2 кафени лажици какао
100 грама чоколадо за готвење

Овие состојки се ставаат на тивок оган и кога ќе се соединат се додаваат следните состојки:
1 пакетче ЕМБИ корнфлекс
250 грама сецкани ореви
100 грама потпечен сусам
Двете рецепти се супер, уште и дел од нив да ги прекриеш со смеса од локум во зелена боја би личеле на новогодишна елка :)
 

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.502
Поени од реакции
14.677
Двете рецепти се супер, уште и дел од нив да ги прекриеш со смеса од локум во зелена боја би личеле на новогодишна елка :)
Мислам дека еднаш, на некој форум го видов тоа. Само беше со готов фондан ... изгледаа ептен убаво иако има многу работа во тоа. Излегуваат премногу, па и премногу елки ќе има. :)
 

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Мислам дека еднаш, на некој форум го видов тоа. Само беше со готов фондан ... изгледаа ептен убаво иако има многу работа во тоа. Излегуваат премногу, па и премногу елки ќе има. :)
Зависи колку локум ќе ставиш инаку изгледаат прекрасно :)
 

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Мислам дека еднаш, на некој форум го видов тоа. Само беше со готов фондан ... изгледаа ептен убаво иако има многу работа во тоа. Излегуваат премногу, па и премногу елки ќе има. :)


На вакво нешто мислев :)
 

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.502
Поени од реакции
14.677
Рецептот за Soufflé најверојатно тука би требало да стои. :)

Се печат во вакви модли кои ги има и по супермаркетите:


Потребно :


-250 гр чоколадо за готвење
-200 гр путер
-100 гр брашно
-250 гр прав шеќер
-5 јајца

Прво се става путерот со чоколадото на најтивко да се топи, а брашното и шеќерот ги мешате во посебен сад. Јајцата ги матите. Сите состојки ги додавате каде што ги топевте путерот и брашното и мешате се додека не добиете хомогена смеса. Калапчињата може само на дното да ги попрскате со брашно.. Ги полните, и во веќе загреана рерна на 200 C, ги печете околу 8-10 минути. Готови се кога ќе нараснат и кога малце ќе почнат да пукаат на врвот.






 

Kajgana Shop

На врв Bottom