Баклава со лешници
Потребни состојки:
- 500 гр кори за баклава,
- 1 маргарин кристал,
- 300 грама лешници (половина мелени половина толчени),
- масло за јадење.
За шербетот:
- 1 кг шеќер,
- 650 гр вода,
- сок од половина лимон.
Подготовка:
Прво подгответе го шербетот така што ќе ја ставите водата да зоврие и потоа ќе го додадете шеќерот. Варете со повремено мешање сè додека шеќерот не се топи. Кога шербетот ќе зоврие, додадете сок од половина лимон или додадете половина лимон исечен на кругови. Кратко проварете и тргнете го шербетот на ладно целосно да се олади.
Кората попрскајте ја со растопениот маргарин во кој сте додале малку масло за јадење и превиткајте ја на половина. По должина ставете околу една до две лажици од измешаните толчени и мелени лешници. Свиткајте ја кората во ролна и префрлете ја во премачкана тава, по должината на тавата. Постапката повторете ја за секоја кора. Кога ќе завршите со редењето на корите пресечете ги на парчиња со посакуваната големина и попрскајте ги со останатиот растопен маргарин. Баклавата печете ја на 200 степени, околу 25 минути.
Важно е топлата баклава да се прелие со ладен шербет!
Вака подготвената баклава можете да ја послужите следниот ден откако шербетот ќе се впие во корите.
Чоколадна баклава
Потребни состојки:
- 1 кг кори
- 250 гр мелени ореви
- 100 гр сецкани ореви
- 200 гр млечна чоколада
- 50 гр чоколада за готвење (за глазурата)
- 3 лажици шеќер
- 3 лажици гриз
- 200 мл. зејтин
- 100 мл. кисела вода
- 125 гр. маргарин
За шербет:
- 1 кг шеќер
- 750 мл вода
- сок од пола лимон
Подготовка:
Киселата вода и маслото се ставаат во тенџере на оган, да зовријат, па се остава малку да се излади.
Во меѓувреме ги мешате мелените ореви, сецканите, ренданата чоколада и гризот.
Го подготвувате шербетот и го оставате да се олади.
Земете две кори и попрскајте ги со смесата од зејтинот и киселата вода.
Растопете го маргаринот и прелијте врз корите.
Ги сечете корите во форма на мини ролатчиња и печете на 200 степени околу 20тина минути.
Топлата баклава ја преливате со изладениот шербет, а кога ќе излади се прелива со топена чоколада(100гр чоколада, малку шеќер и малку маргарин)