Морам да искомантирам на темава, и скоро сите мислења ги прочитав на членовите, и има секави - од во македонија е најубаво, дома си е дома, заминување во странство заради пари, луѓето се ладни бла бла...
Јас се преселив во Данска кога имав 18 години. Сама- без мојата фамилија. Прво од секогаш панирав да идам и да живеам во Италија, ама фамилија во Данска ми понуди работа (Au-pair-каде што живееш со фамилијата и работиш за нив) и ја земав. Бев возбудена, но и преплашена во исто време. Кога стигнав во Данска се изгледаше различно и првото што го реков беше: Леле колку е чисто. Прво живеев многу подалеку од главниот град-Копенхаген, бев на полуоствовот на скоро најсеверното место. Прво тешко е кога ќе заминеш сама и само што си завршил средно (најлудите години) и очекуваш да биде така и таму кај што си се преселил. Не е така, ама ич. Нормално јас не се предавав толку лесно. Ми требаше 7 месеца додека најдам пријатели, ама веќе кога започнав да излегувам, бев со нив секој ден.
Имав слушнато секакви муабети од Македонија, како скандинавците во глобала се ладни луѓе, не се искача додека не дојде викенд, пријателството не е исто како кај нас.
Сега живеам во Копенхаген, студирам и го научив јазикот (до некој степен). Бев сама до некој месец, сега и сестра ми е тука со мене.
Да не дробам за мојт живот во Данска, сакам да искоментирам дека животот е различен, на многу работи гледаш различно, и додека моите другарки и другари ми се жалат дека нема кај да се излезе или за нивните врски јас се занимавам со 4 работни места, како да платам кирија, како да останав во данска (заради тие е*ани визи) и како да преживеам. Да, имам 4 работни места, дали на црно или бело не е битно ама толку ми се потребни за да преживеам. Со една имам доволно да си ја платам киријата ама секако сакаш нешто плус да си имаш, како за патување. Отидов на многу места.
Македонија искрено не ми фали толку многу, нормално ме фаќа носталгија, ама повеќе за работите со кои сум израснала, планините, целата природа...сонцето. Луѓето НЕ.
И додека Македонците креваат глава и викаат дека на нив не им треба ЕУ, на луѓето што живеат како мене, очајно посакуваат Македонија да влезе во ЕУ што поскоро, само заради тие е*ани визи.
Луѓето не се ладни ама ич! Разликата е што ако си имаш проблем или они имаат си го чуваат за себе, не се залат за секоја ситница.. ако сте поблиски, нормално може да се разговара за проблемите. Се искача скоро секој ден, не се чека за викенд...и да, многу се пие!
Секој има доволно за да преживее, сите се во скоро иста класа и секој има за да си дозволи нешто плус.
И да , јас планирам да си останам тука, затоа што ми е убаво. Ако неможам заради многуте нови правила планирам да се селам во Холандија.
И друг коментар.. јас сум човек што лесно се адаптира на други места и луѓе, и ако навистина сакам да направам нешто не се откажувам лесно, иако ми било многу пати тешко тука. Ако ти си човек што неможе да се адаптира лесно и ја сакаш Македонија премногу тогаш мојот совет е- не ја напуштај, атоа што тие луѓе никога не успеваат во другите земји.
Baraj si togash nekoj Danec )
i resen problemot za so viza.