Религиите во 21-виот век

  • Креатор на темата Креатор на темата dystopian
  • Време на започнување Време на започнување
Не е точно. Од реформацијата па натаму секој можел да си верува во што сака, па дури и во атеизам.

- Aјде бе....уште и ќе ти поверуваме...
- атеизам не е верување... дури и самиот збор е погрешен....
 
Повели тогаш покажи ги своите факти. Посочи ми е ден единствен научник по биологија на пример, кој верува во змија што зборува, и крокодил што пасе трева.

Не постои змија што зборува, туку постоела змија што прозборувала под дејство на Сатаната.
Еве ти неколку научници по биологија кои што веруваат во Библијата: Dr Raymond G. Bohlin, Kenneth B. Cumming (професор во Америка, магистрирал и докторирал на Харвард), Dr Pierre Gunnar Jerlström (доктор по молекуларна биологија), Dr Dean Kenyon, Dr John W. Klotz, Prof. Lane P. Lester, Dr John Marcus (молекуларна биологија), Dr Ian Macreadie (молекуларна биологија и микробиологија), Dr E. Norbert Smith (зоолог) итн.

Или научник по физика, кој верува дека во волумен со димензии од 137 метри должина, 25 ширина и 15 висина, може да се соберат по две единки од 5 милиони животински видови.

Ниту Библијата, ниту пак некој христијанин го тврди тоа што ти го тврдиш во име на Библијата.

Или научник по геологија, кој верува дека земјата е максимум 10 000 години стара.

Библијата никаде не вели дека земјата е стара 10 000 години.
Но еве ти неколку научници по геологија кои веруваат во Библијата: Dr Steve Austin, Dr John D. Morris, Dr Graeme Mortimer, Dr Emil Silvestru, Dr Andrew Snelling, Dr Harold Slusher (геофизичар), Dr Tas Walker, Dr John Whitmore - геолог и палеонтолог (палеонтологија е наука за фосилите) итн.
 
Библијата никаде не вели дека земјата е стара 10 000 години..

Kako ne... па Микикецот фати пена на устата докажувајки го родословот на Ева и Адам кој не е постар од 7000 години..
... значи според библијата Земјата е стара околу 7000 години плус некој ден... зависно во кој од шесте дена беше створена земјата...
 
Kako ne... па Микикецот фати пена на устата докаувајки го родословот на Ева и Адам кој не е постар од 7000 години..
... значи според библијата Земјата е стара околу 7000 години плус некој ден... зависно во кој од шесте дена беше створена земјата...
Не е тоа според Библијата - него според тумачења на луѓе. Ако отвориш Битие, никаде нема да прочиташ никаква бројка која што му кажува на читателот ТОЧНО кога оваа планета е створена.
 
Не е тоа според Библијата - него според тумачења на луѓе. Ако отвориш Битие, никаде нема да прочиташ никаква бројка која што му кажува на читателот ТОЧНО кога оваа планета е створена.
Нормално дека бројка не може да има...кога не се знае ни кога точно е напишана библијата..не постои референтна појдовна точка
.. но има индиректни методи... спомнав некаков родослов...
 
Нормално дека бројка не може да има...кога не се знае ни кога точно е напишана библијата..не постои референтна појдовна точка
.. но има индиректни методи... спомнав некаков родослов...
Да одат според родословот....ама тоа се пак интерпретации на луѓе. Ја имам слушнато дека наводно знаат колку наши години кореспондираат со годините господови или годините во Библијата, заборавив точно како беше....али на крају крајева, тоа е сепак човечка ментална гимнастика, а не некаков факт.
 
Сите науки што ги наброја не уклучуваат ништо од она што религијата би го објаснила. Едина наука што доаѓа близу до она до кое мистиците и религиите го опишуваат е Квантната Физика.

Инаку, јас кога го кажав она што го кажав - не мислев на фундаментални христијани/муслимани и оние што ги прифаќаат толкувањата од црквите. Затоа што искрено, никаде во ниедно свето писмо не пишува кога точно овој свет настанал. Затоа реков - религијата во задње време is taken way out of context. Индоктринации постојат и во овие две религии, а богами и во научниот круг.
Пишува, како не пишува... Убаво е објаснето и во библијата и во куранот како Господ го создал универзумот и живиот свет на земјата.
 
Пишува, како не пишува... Убаво е објаснето и во библијата и во куранот како Господ го создал универзумот и живиот свет на земјата.
Исто така истото го пишува и во Сумерските митологии и во Грчките, и во Ведите и сл. Опишан е начинот, а не датумот. И ако се размисли, планетата Е направена од сите елементо кои ги пишува во сите свети книги....имав пишувано за ова некаде заборавив каде. Carbon, Ohygen, Hydrogen и уште еден беше. Кога пишува дека човекот е направен од кал - направен е од елементите од кои калта се состои.
 
Датумот и не е толку важен кога начинот е невозможен. Плус јаглерод, кислород и особено хидроген се многу чести елементи низ вселената. Тоа не го менува фактот дека приказната за креација е научно невозможна...
 
А од каде тие древни луѓе би знаеле вселената од кои елементи е создадена за да го напишат тоа пред иљадници години?

Вие сите овде сте се фатиле за таа креација како основа дека религијата и науката не можат да одат заедно. Како што кажав погоре, индоктринација постои и во научните кругови. Секоја особа која што одбива малку да го отвори умот кон она што им се чини невозможно е индоктринирана.

Светите писма од било која култура не се овде за да докажат нешто научно. И во древно време си имале луѓето научници. Мојата поента е дека како што кажав - религијата и мистицизмот опфаќаат ствари што науката не ги опфаќа. Онаа особа што ќе знае како да поврзе лево со десно т.е. разум и интуиција го добил најдоброто од двете.
 
Вие сите овде сте се фатиле за таа креација како основа дека религијата и науката не можат да одат заедно. Како што кажав погоре, индоктринација постои и во научните кругови. Секоја особа која што одбива малку да го отвори умот кон она што им се чини невозможно е индоктринирана.
Види, богот од Аврамовите религии е семоќен и сезнаен. Како таков тој НЕ СМЕЕ да греши. Иако во науката сеуште не постои консензус за тоа како настанал животот (абиогенезата се бави со тоа, на пример) таа го отфрла креационизмот како невозможна бајка. Тука е и еволуцијата како општоприфатена научна теорија, која исто така оди против тврдењето на тие свети книги дека Господ го создал живиот свет таков каков што е, а не дека еволуирал.

Прифаќање на модерната биологија значи признавање дека твојот сезнаен бог погрешил или лажел во врска со креацијата. Приказната за потопот е исто така научно невозможна, прифаќање на геологијата значи признавање дека бог пак лажел. И еден куп други примери, едноставно овие две работи не одат една со друга.

Повикување на некој непознат семоќен ентитет да го оправда овој очигледен апсурд, не е наука. Со други зборови, тврдење дека "па Господ е тоа, Господ може се, да го поплави целиот свет, да создаде човек од кал ако сака итн" нема никаква врска со наука...
--- надополнето: Dec 5, 2011 1:06 AM ---
А од каде тие древни луѓе би знаеле вселената од кои елементи е создадена за да го напишат тоа пред иљадници години?
Па како што кажав, се работи за чести елементи, најверојатно и не знаеле...
 
Види, богот од Аврамовите религии е семоќен и сезнаен. Како таков тој НЕ СМЕЕ да греши. Иако во науката сеуште не постои консензус за тоа како настанал животот (абиогенезата се бави со тоа, на пример) таа го отфрла креационизмот како невозможна бајка. Тука е и еволуцијата како општоприфатена научна теорија, која исто така оди против тврдењето на тие свети книги дека Господ го создал живиот свет таков каков што е, а не дека еволуирал.

Прифаќање на модерната биологија значи признавање дека твојот сезнаен бог погрешил или лажел во врска со креацијата. Приказната за потопот е исто така научно невозможна, прифаќање на геологијата значи признавање дека бог пак лажел. И еден куп други примери, едноставно овие две работи не одат една со друга.

Повикување на некој непознат семоќен ентитет да го оправда овој очигледен апсурд, не е наука. Со други зборови, тврдење дека "па Господ е тоа, Господ може се, да го поплави целиот свет, да создаде човек од кал ако сака итн" нема никаква врска со наука...
--- надополнето: Dec 5, 2011 1:06 AM ---
Па како што кажав, се работи за чести елементи, најверојатно и не знаеле...

Tи пак за тоа си се фатил. Колку пати треба да ти повторам на тебе дека светите писма
ПРВЕНСТВЕНО не се составени за да ја заменат науката? Кој збор од оваа реченица толку упорно не го разбираш?

И кажав погоре милион пати дека религиите денес се тотално извадени од контекст и дека верниците следат ТУЃИ ИНТЕРПРЕТАЦИИ.

Moжеби треба да дебатираш со некој фундаменталиста по овие прашања, а не со некој како мене. Пошто моите поенти ти проаѓаат над глава.
 
И кажав погоре милион пати дека религиите денес се тотално извадени од контекст и дека верниците следат ТУЃИ ИНТЕРПРЕТАЦИИ.
Какви интерпретации, убаво ти пишува и во куран и во библија како Господ наводно го создал светот. Нема тука многу место за туѓи интерпретации...

И смири се. ;)
 
Какви интерпретации, убаво ти пишува и во куран и во библија како Господ наводно го создал светот. Нема тука многу место за туѓи интерпретации...

И смири се. ;)

А бе сакам да ти покажам дека 90% сме на иста страна, you just dont get it...lol

Туѓи интерпретации се, како не...сите тие папи и светци и мислители ја имаат разглабано библијата до бесвест. Првиот грев, оној со кој наводно се раѓаат сите е туѓа интерпретација. Тоа во Библијата не го пишува. Во мои очи, сите тие учења во последниве 2 иљади години би било фино да се искоренат.

Инаку, да не мислиш не знам шо - нити сум христијанка, нити муслиманка, нити па припадничка на ниедна официјална религија. Јас ги гледам религиите објективно како она што биле наменети да бидат - а не она во кое се мутирале денес.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom