Фан клуб: Работнички

Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.007
Поени од реакции
74.301
Ете ја и првата тепачка, ама ја прекинаа овие кретениве од канал 5...
МИ личеше на фајт или па напад на џандариве врз ФА...

Играва засега стандардно Македонска. Центриве шутираат тројки во секоја акција...
Засега подобро им оди на центрите на Работнички:)
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.007
Поени од реакции
74.301
Незнам кај слушате грмење овде искрено...
Се слуша само како поединци пеат и тоа стојат до камерата..
Кога зумираат во овие моменти кај ЦПБ сите дремат, а кога гледам кои се фаци дошле се паѓам од смеа. Значи на дерби мечевиве во Скопје (не зборам само за Работнички-МЗТ, туку и за мечеви на Вардар во фудбал) стварно можеш да сретнеш секакви шминкерски фаци. Типци што дошле за ФБ да се силкнат...
Секоја чест за правите навивачи:)
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.320
Поени од реакции
18.402
чек сеа немој ја отупеа,таман ја научи цела сала да ја пее глупо ке биде да ја сменат:icon_lol:
 
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
Сега има малце да се смени не се секирајте... ќе му удрат еднаш О господе и до кога ќе го П.... МЗТ!!!:icon_mrgr:
--- надополнето: Dec 4, 2011 5:29 PM ---
Ајдееее 69-56...:vozbud:
--- надополнето: Dec 4, 2011 5:49 PM ---
Честито победата нека ние...вакво играње може само да сонува ,, шампионскиот,, тим на МЗТ.Едноставно најдобар потег им беше купувањето на Тоше.Американците и Ристе џабе парите што им го даваат.
Атмосферата како што доликува на Градски Парк во ова дерби.:D
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.100
Поени од реакции
46.007
Подолг пост со оглед на одредени работи кои беа напишани на темава а и на онаа за македонското првенство.

1. Работнички до ова коло беше фенерџија на табелата, со Србиновски делуваа ко случајно собрана екипа која се нашла на некој терен позади школски, односно, беа пародија на она што всушност треба да претставува една екипа со вакво реноме во македонската кошарка.
Аналогно на ова читам некои се смеат тоа што во споредба со МЗТ, кои имаат (пре)јаки спонзори и шампионски амбиции имале помалку публика и слично, а забораваат како останатите фенерџии во нашево првенство котирале на трибини низ годините, али тоа е кога некој баскет или фудбал почнал да гледа од оваа сезона.
Лани Градски крцаше од Комити и од обична публика, дур Вардар испаѓаше од првенството, поготово во периоди кога температурите беа под 10 степени.

Уште почудно ми е што навивачи од Кавадарци коментираат за навивање, посетеност и слично, нив сега ги нема а недај боже Фени да е во ситуација слична ко и Работнички, или МЗТ кога неговите навивачи правеа маршеви за спас ...

Убаво рече некој на форумов, да чита некој кгн мислиш навивачкава сцена е рамо до рамо со грчката и српската. Инаку нит негирам нит ништо, признавам дека Фемили сега за сега се број 1 во баскет, но како што реков, има и други услови кои диктираат колку луѓе ќе има една трибина и како ќе тече организацијата и навивањето, во моментов многу е поважно Работнички да се консолидира и да се врати на стари патеки, останатото под дифолт ќе дојде на свое.

2. Коментирање за навивање од проследен пренос на 5 плус со Крсте, кои каснат со технологијата 2 декади ... па и не треба дополнителни коментари, не правиме муабет за ESPN или TNT. За жал денес не бев во можност да присуствувам на мечот, но да ми каже некој дека Фемили не се слушнале, зашто реално, на ТВ стварно не се слушнаа ( освен во пар наврати ), нема шанса.Си имале они далеку посолидно издание од она што го видовме на тв, Чарли Чаплин со помодерна техника ги снимал своите неми филмови.

3. За Работнички секој следен противник треба да е МЗТ Скопје, секој нареден меч е дерби за тимот и тоа играчите треба да го имаат на ум, ова е прв меч кога во првото полувреме воделе и се однесувале ко сериозен тим и видовме сите каков беше епилогот откако и детето се префрли на клупа, ова мора да биде случај и во иднина, Лазовски ги консолидира работите и конечно сите видовте на што личи овој тим кога на клупата има тренер, без разлика за кого станува збор.
Се учи од грешките, во второ Кол во ниту еден случај не шутираше долга двојка, во ниту еден наврат не влегуваше и не се губеше у тие негови ролинзи и слично, тоа се елементи од играта кои воопшто не му се наклонети, секој таков шут и влез е пас до 1 играч на МЗТ, се знае он каде е најдобар и евидентно беше дека и Лазовски тоа го увиде.

Замерка имам што Јане не беше користен повеќе, за наши услови е цар и штета што максимално не е користен од страна на Работнички во сите натпревари кои ги изигра, немам објаснување за ова најискрено. Најубаво ќе биде Богоев да го напушти тимов или да се донесе некој на истата позиција а овој да е втора или трета алтернатива од клупа, угушено напаѓа тимот со него ( секој втор напад беше со изнуден шут ради истек на време, али и тие влагаа ), нема никаков шут, денес апла го послужи среќата али вакви изданија од него во иднина малморген ( ова беше перфектно издание за играч од негов калибар, поготово како игра сезонава ... ).

Оној Јовановиќ е одличен во одбраната, нема таков центар во екипава и тоа е она што фалеше, не е се до поените напред, во одбрана ретко поминуваше офанзивен покрај него што беше сосем спротивно до неговото доаѓање тука а и 1-2 тренинзи има само со неговите нови соиграчи, добар потег е неговиот ангажман. (y)

Зујович ... жално, мене жал ми паѓа за човеков, психички дечково е убиен, се плаши да влезе, се плаши да игра, со страв шутира, а он а Узунов/Станков исто ти е, а да го пуштиш да игра во Лирија или АБА, у просек 15 поени гарант ќе има. Ако не се оправи во првиов дел од сезонава шут карта, во пакет со Богоев, ако се консолидира немам ништо против он да остане ( после победава ако не се опушти незнам кога ... ), не и овој вториов.

За МЗТ што да се каже, ко некој со сила да прави диверзии во екипата со оглед на тоа кои играчи заминаа какви дојдоа, реално, најубаво ќе биде играчите на овој тим ( вклучувајќи го и тренерот ), освен два-тројца, да даваат дел од својата плата или на хуманитарни цели или нека идат истите у џебот на Гечевски, само така тие пари нема да бидат залудно потрошени.

п.с. Честито победа ! :cuc:
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
4.346
Поени од реакции
3.754
МИСЛИМ ШТА РЕЧИ ?!?! :pos: У навивање у резултат у све, па и у манири, у повеќе наврати се испотепаа меѓу себе :D Поздрав.
 
Член од
8 декември 2008
Мислења
643
Поени од реакции
41
МИСЛИМ ШТА РЕЧИ ?!?! :pos: У навивање у резултат у све, па и у манири, у повеќе наврати се испотепаа меѓу себе :D Поздрав.
Смешно ти е?! На секоја тибина се случуваат такви работи, не знам зошто се ситиш на тоа...
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.007
Поени од реакции
74.301
Подолг пост со оглед на одредени работи кои беа напишани на темава а и на онаа за македонското првенство.

1. Работнички до ова коло беше фенерџија на табелата, со Србиновски делуваа ко случајно собрана екипа која се нашла на некој терен позади школски, односно, беа пародија на она што всушност треба да претставува една екипа со вакво реноме во македонската кошарка.
Аналогно на ова читам некои се смеат тоа што во споредба со МЗТ, кои имаат (пре)јаки спонзори и шампионски амбиции имале помалку публика и слично, а забораваат како останатите фенерџии во нашево првенство котирале на трибини низ годините, али тоа е кога некој баскет или фудбал почнал да гледа од оваа сезона.
Лани Градски крцаше од Комити и од обична публика, дур Вардар испаѓаше од првенството, поготово во периоди кога температурите беа под 10 степени.

Уште почудно ми е што навивачи од Кавадарци коментираат за навивање, посетеност и слично, нив сега ги нема а недај боже Фени да е во ситуација слична ко и Работнички, или МЗТ кога неговите навивачи правеа маршеви за спас ...

Убаво рече некој на форумов, да чита некој кгн мислиш навивачкава сцена е рамо до рамо со грчката и српската. Инаку нит негирам нит ништо, признавам дека Фемили сега за сега се број 1 во баскет, но како што реков, има и други услови кои диктираат колку луѓе ќе има една трибина и како ќе тече организацијата и навивањето, во моментов многу е поважно Работнички да се консолидира и да се врати на стари патеки, останатото под дифолт ќе дојде на свое.

2. Коментирање за навивање од проследен пренос на 5 плус со Крсте, кои каснат со технологијата 2 декади ... па и не треба дополнителни коментари, не правиме муабет за ESPN или TNT. За жал денес не бев во можност да присуствувам на мечот, но да ми каже некој дека Фемили не се слушнале, зашто реално, на ТВ стварно не се слушнаа ( освен во пар наврати ), нема шанса.Си имале они далеку посолидно издание од она што го видовме на тв, Чарли Чаплин со помодерна техника ги снимал своите неми филмови.
Се осетив прозван во текстов :)
Прво ако сме рекле дека не се слушнале, а за време на мечот сме коментирале на кајгана, автоматски значи дека мечот сме го гледале на ТВ. Мислам дека се подразбира дека се збори дека не се слушнале СКОРО ич на ТВ, а не во живо. Кажав во темата за МЗТ, ФА беа доста слаби денеска. Па претходниве години, МЗТ скоро како на домашен играше во Градски парк ;)

Друго...
Споредбата со Вардар и посетеноста на нашите лански мечеви. Како кандидат за испаѓање во убер неинтересно првенство, пак имавме најдобра бројка на фудбал, плус како група имавме однавивано највеќе утакмици.
Споредбата по тоа прашање ти е бајаги лоша. Сега е почеток на кошаркарската лига, и ова е само како подготвителен период за главното. А истотака работнички е далеку далеку далеку од кандидат за испаѓање. Доволно е да дојдат само до шесто место за одат понатаму, а тоа е лесно остварливо.
Плус разлика од кошаркарската лига до фудбалската едсно десетина класи во моментов.
И празен Градски со 30 000 столчиња не е исто со празен Градски парк со капацитет 2 000-3000.
Сепак јас наполно се сложувам и знам зошто Работнички има помалку публика. Сум кажал сто пати, локацијата на салите, и одалеченоста од домовите поврзано со финснсиската состојба на Македонците е главната причина...
Лесно е кога салата ти е на 2 минути од зграда/куќа. ФА имаат најдобар "терен" за добра бројка.
Од друга страна, ФА слично како и Чкембари милуваат да си седат на иста трибина со обична публика па се меша и старо и младо, па и неможеш баш да знаеш колку од нив се вистински навивачи. А ЦПБ и Комити си имаат свои одделни трибини па се знае реалната бројка.
П.с. околу третатаб точка, потполно се сложувам. Работнички под итно треба да си најде добар млад играч;)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom