Еве што сонував:
Го шетам Синот, мало дете седнато во количка низ дуќани. И од еднаш детето почнува силно да повраќа, толку многу повраќа да количката се полни со исповраќеници. Го вадам детето од количка, го оставам на продавачката и одам надвор да ја исчистам количката. Надвор ја чистам количката и кога ја исчистив сфаќам дека сум заборавил во кој дуќан сум го оставил детето. Почнувам да барам од дуќан во дуќан и најпосле го наоѓам. Детето целото мокро, а некој во меѓувраме му ги соблекол гаќите. Брзам, го носам детето, накај дома и помислувам дека немам време, дека ќе ме чекаат ....
Хмм, сонот има доста елементи кои опфаќаат повеќе сфери од тебе и твојот живот.
Ќе те замолам ако сакаш да се сетиш на нешто. Кој дел од сонот најмногу те загрижил? На што најмногу си обрнал внимание?
--- надополнето: Dec 8, 2011 4:36 PM ---
1. (Не можам да се сетам на почетокот и на најголем дел од сонот.)
... Јас, татко ми, дедо ми (кој е починат) и сестра ми (мислам дека беше, или бар само на моменти) со некој џип сме пристигнале на еден имот, во една голема овошна градина на еден човек... Тоа со сигурност беше афроамериканец (дури беше претерано црн), средно висок, со капче на главата (за ова последното не сум баш сигурна), зборуваше англиски на почетокот (и дедо ми го разбираше)... не пречека во својата градина, која беше малку како удолница, а дрвјата (јаболки и праски) беа расфрлани низ просторот, иако не беше хаотично. Наротив, доста мирно беше, а и немаше кој знае колку дрвја... беше урамнотежено. Дедо ми останува да разговара со човекот, јас и татко ми продолжуваме да шетаме, со намера да го разгледаме местото (а можеби беше и наше, или требало да биде... стварно не знам), да го вкусиме овошјето кое беше паднато на земја... Сето тоа беше изедено. Прошетката не однесе на еден простор со кревети (мали беа, како за еден... метални најверојатно, бели-слонова коска боја...), и тука продолживме да ги вкусуваме речиси изедените јаболка... После тоа сите се најдовме во една куќа (која во реалноста е дом на една моја поранешна другарка), т.е. во ходникот... седевме на клупа, близу вратата, сите разговарале. Човекот енергично излезе велејки дека ќе ни подготвува нешто за јадење (не ми текнува дали палачинки или нешто друго), тврдеше дека тоа го прави најдобро. Надвор слушнав гласови, како тој се зафркава со една, исто така, моја поранешна пријателка (значи, едната ми беше другарка, а оваа пријателка, а и со двете не зборувам, иако со втората се контактираме индиректно), исто така енергична личност... Остана до вратата и продолжи нешто да зборува... и до тука можам да се сетам.
2. Синоќа: шетам сама низ една од улиците на градот, ама во сонот си мислев дека сум во друг град. После го сменив правецот, се враќам назад... и тука наеднаш почнувам да фотографирам. Значи, стојам од страната на автопатот, тука реално има река, од чија друга страна, во екстремна угорница, се наоѓаат гробишта. Јас не ги гледав гробиштата (така е и во реалниот простор), меѓутоа ја имам таа сензација, како се околу реката (дрвјата...) да се гробиштата... Одеднаш (од другата страна на автопатот) како да го слушам гласот на братучетка ми, кој ми вели да сликнам... и јас, иако со голема доза сомнение, шкрапнувам еднаш и... копчето ми се заглави, апаратот без престан си слика... Цело време избегував да го насочам фокусот и да сликам лево од мене, каде имаше едно девојче со долга, руса коса, бело фустанче, кое неподвижно стоеше до една стара чешма (која реално не е дел од тој простор), гледајки цело време само во мене... ама како да не го гледав тоа баш најсвесно. Или таа идеја ми доаѓаше од не знам каде, или сето тоа го гледав со помош на апаратот. И кога тоа конечно заврши, го носам апаратот кај братучетка ми и заедно ги гледаме сликите: крошните од дрвјата, лисјата... и други објекти, се тоа беше некако обоено (жолтеникаво, портокалово... тие нијанси), а се беше црно-бело цело време и надвор од сликите... како да имаше некоја вибрација во тие бои, ама и тоа не беше нешто попријатно. Мислам дека лошото чувство и стравот доаѓаше од девојчето со чешмата (а можеби и дрвјата и др. објекти да беа нешто како духови :|)... После тоа не можев да заспијам скоро цела ноќ.
3.. (Исто синоќа.) Како од некоја виртуелна реалност или нешто така (можеби од видео игра... даа... беше тоа видео игра) да сум добила неколку скапоцени камења во жолтеникава, розевкаста боја... сум шетала со нив во ташна низ некои ориентални улички или сл. Местото било насилно... се сеќавам како двапати (или само еднаш, ама како да сум ја видела таа сцена и пред тоа) поминав низ една многу тесна, стрмна уличка, на која имаше крв и надворешни органи од убиени животинчиња (јаренца)
и додека ја минував таа патека, мислам дека ги затворав очите за да не ја гледам таа претажна слика, а сепак внимавав и кај газам (знаев каде да газам), ми беше болно и нечовечки да газам по органите на жртвите... Понатаму ми се придружува една другарка (дали со неа беше сестра и...) и шета со мене по продавниците (воглавно беа златари), разгледуваме скап накит, масивни златни обетки, марами... и јас сакам да и купам многу нешта (претпоставував дека таа не можеше да си дозволи ништо од тоа, а посакуваше многу нешта, иако беше доста скромна, тоа го чувствував), да и подарам, да ја усреќам... и тука (во златарата) влегува и уште една наша другарка (ја споменав во првиот сон, ’бев во нејзината куќа’)... несигурна дека можеби “исчезнале“, ги барам скапоценостите, конечно ги вадам од ташна, беа како пластифицирани, реално, немаа никаква вредност... затоа бев толку изненадена кога продавачката ми дозволи да ги заменам со пари и наќит, кој го купував за другарката, освен едни големи обетки кои ги земав за мене... И пак продолжуваме да шетаме меѓу опасни луѓе (ако не се лажам, сите беа мажи: арапи итн.)... тука одеднаш ми се придружуваат внучињата... После со нив се наоѓам во соба, ги чувам (не знам дали ги облекував, преслекував...), ги гушкам, ги смирувам нешто (помалото мислам дека беше нешто вознемирено, молчаливо како и секогаш... поголемото чувствтелно и тажно, ми се жалеше нешто со тоа очињата...), сакам да ги заштитам од нешто, си ги разгалувам и... и на останатото не се сеќавам, почнав да сонувам нешто трето.