Во Битола, прво го пуштија Е-Entertainment на 1-ви и OK (Orlando kids)... на Е! немаше никаков превод а ОК е со македонска синхронизација... на 2-ри ја пуштија Cinestar tv со српски превод на латиница а ја исклучија Е!....денес гледам дека ја има и Cinestar Action&Thriller и AXN, првата е исто со српски превод а AXN е со македонски титл што е супер... значи од најавените 5 тв засега има 4, исклучена е Е! ама кај да е ќе ја вметнат.
Инаку, имаат направено и релокација на некои од тв каналите каде што ги вметнаа овие, значи побарајте ги на друга фреквенција/канал (ова за Битола, не знам како е во другите градови).
Малку негативно ме изненадија оти најавата одеше дека од 1-ви ќе се пуштат каналите, а еве веќе неколку дена пуштаат еден по еден...ама тоа беше за очекување од нив.