Религиите во 21-виот век

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Гностицизмот и агностицизмот не кореспондираат со верување(не верување).
Тој што е гностик нема потреба да верува или не верува.
Така да гностик и агностик не иде у никаква комбинација со верник
односно не верник.
Потполно точно, тоа и дијаграмот јасно го покажува.
На крајот на краиштата сите сме агностици. Гностик во суштина и не постои.
Тој што е агностик исто..... не се задоволува со позајмено знаење.
Неточно. Многу малку од знаењата се свои. А судејќи спрема тебе пошто се изјасуваш за агностик (ах пуста желба, само колку да не се кажело атеист) дури и невозможно.
Од круцијално значење е да се разбере дека, поимите верува и
не верува се различни страни на иста паричка.
На две или три или 5 парички сеедно, сам си кажа во првата реченица Гностицизмот и агностицизмот не кореспондираат со верување(не верување)
 
D

dystopian

Гостин
Дали има на форумот верници кои ја прифатиле теоријата на еволуцијата како точна? Јавете се...
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.395
Поени од реакции
5.021
Дали има на форумот верници кои ја прифатиле теоријата на еволуцијата како точна? Јавете се...
Има луѓе кои се декларираат како христијани или муслимани, ама ја имаат прифатено теоријата за еволуција, не сметаат дека некакви богови ја создале Земјата и сл. Мнозинството луѓе што ги познавам се такви.
 
Епа тоа ми е малку нелогично, како може некој да ја прифати еволуцијата а да остане муслиман/христијанин. Со прифаќање на еволуцијата признаваш дека куранот или библијата погрешиле, што значи дека и сезнајниот и семоќниот Господ ја утнал, и фактички не го сметаш за бог. Апсурдно е, затоа сметам дека креационизмот е единствената опција за верниците, а тоа кажува нешто за самите религии и нивното место во модерното општество...
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Дали има на форумот верници кои ја прифатиле теоријата на еволуцијата како точна? Јавете се...
За на форумов не знам....
... ама пред година и кусур Ватикан јавно го рехабилитира и му се извини на Дарвин ... и во последно време бара начини како еволуцијата да ја вклопи во верските учења...
 
T

Tetro

(y)

Со новиот (или некој нареден) превод и тоа ќе го средат, верувај.
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
(y)

Со новиот (или некој нареден) превод и тоа ќе го средат, верувај.
Како што поминува времето изгледа ќе излезе дека библијата е само една unreal-на, надреална, замислена, романтизирана „историја’’ на „избраниот’’ еврејски народ.
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.395
Поени од реакции
5.021
Епа тоа ми е малку нелогично, како може некој да ја прифати еволуцијата а да остане муслиман/христијанин. Со прифаќање на еволуцијата признаваш дека куранот или библијата погрешиле, што значи дека и сезнајниот и семоќниот Господ ја утнал, и фактички не го сметаш за бог. Апсурдно е, затоа сметам дека креационизмот е единствената опција за верниците, а тоа кажува нешто за самите религии и нивното место во модерното општество...
Апсурдно е, ама повеќето луѓе воопшто не се замараат со такви работи. Тешко дека некој знае што е еволуцијата освен она "сме настанале од мајмуни" што впрочем не е сосем точно. Или пак за религијата. Ако сите ги прочитаат Библијата, куранот и по некоја научна книга, еден верник нема да остани на планетава.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Или пак за религијата. Ако сите ги прочитаат Библијата, куранот и по некоја научна книга, еден верник нема да остани на планетава.
За разлика од многу атеисти на форумов (кои немаат прочитано ни 10-15% од Библијата), јас ја имам прочитано целата Библија (и тоа повеќе пати), имам прочитано многу (читај: м-н-о-г-у) научни книги и сепак сум христијанин и се уште верувам во веродостојноста на Библијата.

Но јас не сум ни битен. Во светот (и Македонија) постојат илјадници доктори по науки, нобеловци (мнозинството се протестанти, малцинството се атеисти), професори на престижни факултети кои исто така имаат прочитано многу повеќе научни книги од атеистиве на форумов, па сепак се посветени христијани и веруваат во веродостојноста на Библијата.
--- надополнето: Dec 4, 2011 10:32 AM ---
Како што поминува времето изгледа ќе излезе дека библијата е само една unreal-на, надреална, замислена, романтизирана „историја’’ на „избраниот’’ еврејски народ.
Тоа време „поминува“ веќе 2000 години и никако да помине :) Напротив, Библијата се уште e светски бестселер (и тоа во пораст од година на година), најпреведувана, најуникатна, едноставно книга над книгите.
--- надополнето: Dec 4, 2011 10:42 AM ---
Има луѓе кои се декларираат како христијани или муслимани, ама ја имаат прифатено теоријата за еволуција, не сметаат дека некакви богови ја создале Земјата и сл. Мнозинството луѓе што ги познавам се такви.
Има огромна разлика меѓу луѓе што се декларираат како „христијани“ и вистински христијани (Христови следбеници).

Кај нас е познат и вообичаен апсурдниот термин „православен атеист“ :) Ако ги прашаш: „Абе како може да си православен кога си атеист?“ ќе ти речат: „Епа не сум албанец за да бидам муслиман!“ Да бидеш протестант во нашава земја значи дека си шпиун на ЦИА, или припадник на секта кои прават секс групњаци, се самоубиваат и сл. :)
Фала му на Бог што има доста луѓе што одат на сезонска работа во страство и штом видат нешто понатака од носот веднаш се ослободуваат од горните предрасуди.

Ете на кое ниво ни е верската свест и верската писменост во нашава држава. Луѓето се сметаат „верници“ по традиција, само затоа што нивните родители баби и дедовци биле такви. Абер немаат за својата „вера“, а се полни со предрасуди и дезинформации за другите вери и религии.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
За разлика од многу атеисти на форумов (кои немаат прочитано ни 10-15% од Библијата), јас ја имам прочитано целата Библија (и тоа повеќе пати), имам прочитано многу (читај: м-н-о-г-у) научни книги и сепак сум христијанин и се уште верувам во веродостојноста на Библијата.
Не само ти, и многумина други би се декларирале како христијани и би биле ловци на души, за надокнада од 1500 евра месечно.
Библија и научна литература се компатибилни колку магаре и музика. Ако нешто може да се класифицира како наука, тогаш тоа е вашата уметност за манипулирање и подведување на наивни, лековерни и разочарани луѓе, на кој очајно им треба утеха и надеж па макар и лажна.
Тоа време „поминува“ веќе 2000 години и никако да помине :) Напротив, Библијата се уште e светски бестселер (и тоа во пораст од година на година), најпреведувана, најуникатна, едноставно книга над книгите.
Не се колни ќе ти поверува некој дека популарноста на библијата била во пораст од година во година.
90% од "Христијаните" никогаш ни прочитале библија, ниту пак живеат според библијата.
Во тие твој 2000 години, во кој опстојува христијанството, само последниов век е либерарен и му дава слобода на поединецот дали ќе ја прифати или отфрли догмата.
За тебе периодот од првите неколку века, кога над 90% од населението било неписмено, или периодот на инквизицијата кога летале глави ако се одкажеш од верата е период кој вреди да се стави во овие 2000 години? Кој избор го имале тогаш луѓето освен да бидат што ќе им се наложи, само за да задржат глава на рамења?
Ако го погледнеш 21-ов век, повеќе е од јасно со какво темпо религиите губат кредибилитет и прашање е само на време кога и тие како и нивните предходници, ќе станат дел од митологијата.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Во тие твој 2000 години, во кој опстојува христијанството, само последниов век е либерарен и му дава слобода на поединецот дали ќе ја прифати или отфрли догмата.
Не е само последниов век, туку од протестантската реформација па наваму т.е. од 16ти век па наваму.

За тебе периодот од првите неколку века, кога над 90% од населението било неписмено, или периодот на инквизицијата кога летале глави ако се одкажеш од верата е период кој вреди да се стави во овие 2000 години? Кој избор го имале тогаш луѓето освен да бидат што ќе им се наложи, само за да задржат глава на рамења?
1. Во првите векови, додека христијанството била забранета и прогонувана религија во Римската империја, христијанството го ширеле и неписмените, се разбира усно, затоа што и неписмените знаеле да зборуваат.

2. Победата над инквизицијата не ја извојуваа атеистите, туку протестантските христијани. Во времето на инквизицијата Библијата ниту се преведувала, ниту се печатела и дистрибуирала. Но по протестантската реформација Библијата почнува масовно да се печати и преведува, затоа што бил соборен обрачот на Католичката ткн. „црква“.
Всушност, ни малку не е случајно тоа што реформацијата следи непосредно по изумувањето на Гутенберговата печатница, затоа што таа беше неопходна за успешната реформација. Имено, првата книга што беше печатена на Гутенберговата печатница беше Библијата. Оттогаш па наваму, генерално гледано, Библијата се печати во се поголем број.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Се е тоа супер, само останува фактот дека жителите на протестантските држави најбрзо галопираат кон атеизам. Јас ја ценам историската улога на протестантсвото, како еден чекор од ослободувањето од глупостите на религијата, но и самото тоа станува минато...
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Ќе видиме, ќе видиме, да не се фалиме однапред со иднината. Па дури и еден ден атеистите да бидат доминантните верници, тоа не значи дека тие ќе бидат у право. Неколку пати во историјата се потврдило дека мнозинството не е секогаш во право. Мнозинството научници и филозофи (и атеисти и теисти) порано верувале дека Земјата е центар во Универзумот, дека е рамна плоча, дека атомот е неделив, дека постои апсолутен етер, дека брзината на светлината е бесконечна, дека слепото црево е бескорисно итн.
 
D

dystopian

Гостин
Но јас не сум ни битен. Во светот (и Македонија) постојат илјадници доктори по науки, нобеловци (мнозинството се протестанти, малцинството се атеисти), професори на престижни факултети кои исто така имаат прочитано многу повеќе научни книги од атеистиве на форумов, па сепак се посветени христијани и веруваат во веродостојноста на Библијата.
Ама имаш нобелови награди за литература, мир, мислам дека и за економија се доделуваат. Тие се и најчести. Ако зборуваме за физиката, науката која се занимава со самиот универзум, тука огромното мнозинство се атеисти.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom