абе и бројките на тенкови нека бидат точни не ја прави тоа целата воена сила каде се нуклеарките на пример ...
Не се само нуклеарките.
Тука е борбената готовност на една земја, времето за кое може да одговори на еден напад, организираноста.
Потоа тука доаѓа положбата на земјата. Турција, пример е опколена од Грчки острови.
Понатаму до израз доаѓа технологијата. Ако е нашироко познато дека Турците користат Ф-4 Фантоми и Ф-15, технологијата на нив не е ни одблиску како на таа на Американските авиони. Едноставно, Американците ограничуваат што извезуваат. Не можат да им го продадат најдоброто на сите.
Понатаму доаѓа воената доктрина на една земја. Стратегијата, тактиката и сл.
Од историјата на војувањето на Турција, може да се види дека набројаново погоре воопшто го немаат.
Последен доказ за разочарувачката поставеност на Турската армија е фактот што загубија 24 војници во координиран напад на Курдите. Тоа со модерна армија едноставно не смее да се случи.
Сите знаеме како се вооружени Курдите, а како Турците, но сепак Курдите успеваат да нанесат тешки удари. Тоа укажува на сериозни недостатоци во Турската армија.