Лигата веќе 10 години ни е 'банана', само што некои дури сега го согледуваат тоа. За тоа не е крив Вардар, туку луѓето кои го водат нашиов фудбал од крајот на 90тите па се до денес. Наместо 'фаците' да се насочеа кон подобрување на фудбалот и лигата, тие во преден план го ставија уништувањете најпрво на Вардар, а потоа и на сите оние клубови кои значеа нешто во македонскиот фудбал. Затоа денес лигата е составена 90% од клубови кои повеќе играле во втора и трета лига, клубови кои живеат од ден за ден... Не е Вардар крив што Ренова не можеше да направи акција против аматерскиот тим на Гленторан, а уште помалку што Шкендија не беше способна да му парира барем малку на еден полу-мртов Партизан. Е тука лежи другиот проблем за банана лигата... Вардар направи фузија, а иста таква направи и Брегалница пред неколку години, дали некој кажа лош збор за неа? Колку пати Шкендија е спасена од исфрлање во најнизок ранг? Или овие прашања не спаѓаат во она 'НИ СЕ МОЖЕ'? Ние немаме никакви играчи, ниту пак стратегија што ќе биде со фудбалов во наредните години. Најдобрите играчи од нашево првенство не можат 2км да истрчаат без престан, а да не правиме муабет за трансфер во поголем клуб од некој азербејџански или казакстански. Кога нашава лига последен пат извадила добар играч?
Вардар последниве 3 натпревари ги одигра слабо, па наместо уште сега да направат недостижна предност, вака мака ќе мачат играчите и наредната полусезона. Против Охрид не заслужи да победи, заслужи еден играч (Вајс) да добие црвен картон, но затоа пак играчите на Охрид заслужија најмалку неколку црвени... Таков анти фудбал ретко се гледа во државава, а тоа на крај што се случи е права трагикомедија. Но, мора да се слуша оној што те плаќа нели? Па ако треба не само што ќе стојат, туку по наредба и ќе го посадат теренот со компири. Играчите на Охрид земаат пари, прашањето е какви и од кого (јасно ни е)!? Додека им се дозволува на онакви т.н. тренери/менаџери/спонзори да водат клубови лигата ќе ни биде банана... Истото се случуваше додека беше тренер/финансиер на Милано, истото се случува и сега. Случајно? Не би рекол.
За крај, сосема заслужено Вардар е на првото место во есенскиов дел. Најмногу покажаа, а освен Металург немаше ниту еден посериозен конкурент. Ренова 2 пати сосема заслужено си освои по еден бод, единствено Силекс кога играше на Градски против Вардар успеа во прво полувреме да му парира. Да бидам реален, со ваков тим не се надевам на резултат во Европа, но ќе го почекам прво зимскиов преоден рок, а потоа и летниот за да коментирам.
Не се надевај пријателе на Европа...
Знаеш како викаат, со сила убавина не бидува.
Ги гледав Вардар 5 пати сезонава, два пати со Шкендија, еднаш со Ренова и Тетекс и со Работнички.
Вардар играше ОК. Ама да повторам играше со Шкендија, Ренова, Тетекс и Работнички.
Вардар е добар тим за МФЛ, но ништо повеќе од тоа.
Почнувајќи од тренерот па до Филип Ивановски, Вардар во Европа ќе бидат аматерска екипа, рамна на тимовите кои важат за топовско месо.
Вардар нема ништо извонредно, Вардар нема ништо квалитетно... едноставно има 11 играчи кои се солидни и толку.
Времето кога некој ќе се плаши од Вардар помина, а со тоа и возот да се игра на репутација. Сега сака мадиња, сака трчање, сака памет и сака нешто специјално за да се надигрува со екипи од Украина, Белорусија, Романија, Хрватска или Србија... Само замисли како би изгледал натпревар меѓу овој Вардар и тој Клуж, или таа Црвена Звезда или тој Киев... екипи кои горе-доле ќе бидат во иста УЕФА категорија со македонскиот шампион.
Во македонскиот фудбал недостасува професионализам, регуларност и мерит систем - се додека истиот функционира на база „знаеме однапред кој ќе биде шампион“ нема да има резултат на меѓународно ниво.
Само ќе фаќаме сеир кога Вардар прво ќе биде окуражен на меѓународна сцена, а две недели подоцна удрен од земја од некоја екипа која покрај фрлањето пари негува и фудбалско-организациона дисциплина за која македонските тимови можат само да сонуваат.
Најпосле не сакам ова да биде сватено како директна критика кон Вардар, туку кон целиот македонски фудбал во кој се потребни не коренити, туку галактички промени за работите да почнат да се движат во добар правец.
Конкретно за Вардар, јас се плашам најмногу од злоупотреба на тимот за некакви квази-политички цели. Бидејќи ми се ежи кожата кога ќе ја видам победата на Вардар над некој патетичен тим како топ вест на про-владините медиуми. Се плашам дека овие „инвестиции“ во тимот се од политичко-популистички карактер и дека немаат за цел развој на тимот, туку политичка промоција...
Најпосле честитики на Вардар за есенската титула...