Види, јас живеев во Хрватска подолго време, па малку повеќе од тебе знам за приликите таму. Да, точно е, скоро е невозможно да прочиташ или слушнеш аргумент против влезот на Хрватска во ЕУ, и точно е дека скоро сите со кои јас разговарав таму беа против влезот на Хрватска во ЕУ...
Не се работи дали Хрватска е или не е коминистичка, која и да е владеачката гарнитура, ја турка Хрватска кон ЕУ...
Ако таму се организира фер референдум околу влезот на Хрватска во ЕУ, ЕУ ќе доживее таков шамар после кој Фараж дебело ќе ликува. Замисли ситуација, сиромашна Европска држава која не сака да влезе во ЕУ. А токму тоа би се случило...