С
Сатори
Гостин
Секако дека треба да ме остави ако една од животните желби, цели, нешто кое што би го исполнило како личност и би го дефинирало му е да има сопствени деца.Апсолутно ниту една личност, без разлика на тоа колку сте заљубени во неа, не треба да биде пречка во една таква ситуација.Секако, овде влегуваат во игра многу други опции, од вештачко оплодување до посвојување, но секогаш зависи од тоа каде двајцата партнери ќе сакаат да се движат во животот.Може да те прашам нешто?
Што доколку (не дај Боже) ти си таа што не може да има деца?
Како до тој цел пакет?
Треба тогаш партнерот да те остави тебе? хмм
За мене лично, претпоставувам дека тоа би била информација која првенствено тешко би ја преживеала, но ако ја преживеам, во тој случај нема потреба од пакетот повеќе, не сакам да посвојувам деца или да ги разглабам сите тие варијабили на што и како.Ќе се помирам со тоа дека не можам да го имам во животот она што го сакам.
Тоа прашање е премногу битно за да играме наводен морал додека го одговараме, ако го одговараме искрено нели!