Битолската пиварница ќе почне со работа
Наскоро се планира рестартирање на Битолската Пивара. Новиот сопственик на пиварницата, Блаже Димитров, сопственик на ,,Марди,, од Радовиш кој пред година и пол за 2 милиони евра на лицитација ја купи битолската пиварница со нови вложувања најавува дека за 20-тина дена фабриката треба да почне со редовно производство.
По реконструкција на голем дел од погоните, веќе се започнати и ладните проби.
,,Се донесе нова опрема. Се изврши измена на постојната стара цевоводна инсталација како амонијачна така и пивоводна, и алкохолна. Се напрвија големи реконструкции и на машини, ремонти. Со тие ремонти сме при крај. Вршиме и ладни проби. Се спремаме во најскоро време да ја стартуваме Пиварата со редовно производство,, вели Методија Стојчевски, технолог во Битолската Пивара.
Фабриката ќе произведува пиво и сокови.
,,Технолошки сме солидни, брендот ќе се зачува и ќе биде уште подобар,,- вели Стојчевски.
50 од поранешните вработени веќе се вратени на работа, а се планира вработување на уште 50 лица.
http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=44&eventId=82124
Иако е домашна инвестиција,сепак мислам дека заслужува внимание во темава.Со среќа нека им е новиот почетокот,и на газдите и на вработените.