Хехе, никој не може да ти каже кога е тоа после
Но, мислата дека ништо не губиш верувајќи во нешто апстрактно е прифатлива и примамлива за многумина.
Очигледно е тоа. Во прашање се неколку милијарди луѓе на планетава
^Ја губиш вистината и живееш во лага.
За болдот не ми личи мене дека многумина кои се декларираат како верници се потчиниле на таа непостоечка функција. Напротив.
^Ако си верник значи си потчинет на религијата, што ке ти каже таа ти веруваш и тоа е потчинетост.
Си се декларираш верник, тераш по свое, ќе побараш прошка и се ти е простено, а си ја исчистил совеста и пред се дилемата околу библискиот бог
^ Не барај прошка од Бог, гледај грешката да не ја направиш следниот пат, за твојата душа да си биде мирна, а не ради тоа што ќе го наљутиш дедо боже ако не побараш прошка, ако тоа е навистина грешка. Библијата често пишува за грешки кои уствари реално не се грешки. На пример, сите ние имаме нагон за секс уште од основно школо, и штом имаме нагон за секс сакаме со некоја особа да го исполниме тој нагон. Е ова за религијата е грешка, ама тоа не е грешка тоа е нешто природно, таква е нашата природа и нема бегање од тоа. Значи штом е природно тогаш е нормално а не ненормално. И тука би требало да се запрашаме што и е проблемот на религијава што сака да го забрани тоа?
А што понатаму вика библијата? Може да имаме секс откако ке се ожениме со некоја особа пред бога т.е во црква. Е тоа е дозволено, бидејки откако ке оставиш некој динар во црква е тогаш можеш да се сексаш и да уживаш во најубавата енергија што ја поседуваш. Значи црквата те тера да одиш во неа и да оставаш пари за да имаш секс. Тоа е еден вид проституција. Значи претходно ти е забрането, ама откако попот ке ти зачати малку и ке му фрлиш некое париче на икона и сите тие марифети е тогаш смееш и тоа веќе не било грев. Значи можеме од муабетов да сватиме какви глупости се ова.
Ова е најизразено кај муслиманите. Барем од она што јас имам сознание, и од луѓето со кои комуницирам, а се од исламска вероисповест.
^ И еве ти чист пример за поделба на народот. Ти си христијанин а тие другите муслимани, и сте поделени по верска основа. И што е добро сега, да сме поделени или да сме обединети по секаква основа, бидејки реално немаме никакви разлики во физички и психички изглед. Сите сме луѓе и само тоа треба да ни е важно, а овие срања што прават поделби нека си бркаат работа.
Друго, од кај знаеме кој е во право?
Православните имаат еден календар со едни датуми, католиците друг со други датуми, муслиманите сосема нешто трето, индијците имаат други богови, кинезите пак нешто различно.Има стотици секти и некои помали религиозни организации. И кој е во право? Каде е вистината тука?
Вистината е во тоа што секоја религија која верува во врховен водач или повеќе водачи е невистина, лага, човечка фикција за контрола на народот преку влевање страв од казна. Затоа не се залажувајте, а не треба јас ова да ви го кажувам ако пробате за момент да размислите различно од досега што сте мислеле самите ке видите дека тоа е вистина.
Поарно да си кажуваш дека Алах е еден и семоќен, и да тераш неколку обичаи како и сите, за да не излезеш од матрицата, или да не бодеш очи на некои структури кои би можеле да ти го загорчат животот во спротивно.
^ Значи ти прифаќаш да си робот. Кој како ке ти каже тоа го прифаќаш за точно и во тебе не постои еволуција т.е креативност, континуирано учење, па и менување на ставовите и погледите кон животот. Па што ако го смениш ставот, со тоа нема да бидеш нестабилна личност, туку напротив, ке бидеш личност што напредува, учи. Ако денес не си знаел ништо не значи дека цел живот, за да му покажеш на некој друг стабилен карактер, треба да не учиш.
Со Христијанството не е баш така, оти нема толкав радикализам, а и интелектот е на повисоко ниво.
^ Концептот е ист само спакуван во други магични, хипнотизирачки зборови.
Реалните зборови за религијата би биле, контрола, влевање страв за да се добие стравопочит од народот кон религијата, и сериозна посветеност кон неа дури и давање на животот за неа.
Во библијата можете да прочитате само некаква трагедија, сериозност, заповед, модерно кажано наредба која мораш да ја почитуваш, не те пршува дали сакаш, него мораш, во спротивно ке си казнет. Испаѓа дека Хитлер бил најголемиот Христијанин.
Значи ништо весело не можеш во библијата да прочиташ, ниту пак во филмовите за Исус, освен тоа што тие магични зборови кои те замајуваат, ветуваат некаков далечен свет наречен рај, ти влеваат некава надеж дека покрај целата таа тешкотија и неразположение што ти ја влева библијата додека ја читаш и си викаш, имало и нешто убаво за тебе како верник, и тоа убаво може да го дофатиш само ако ја почитуваш таа книга и само ако го слушаш оној кој ја проповеда истата. Ако размислуваш малку различно тогаш си казнет.
Зар не можете додека читате ова што го пишувам да видите колку само е глуп и смешен од друга страна концептот за бог?
Што знам, ова е некако мое согледување на работите, зашто повеќето луѓе се декларираат како верници, а немаат ни В од тоа
Може грашам, којзнае, ама...
Можда нема сега да ме сватиш ама знај дека ова НЕ Е твое согледување на работите.
Ова е согледување на работите на твојот мозок, по принцип на собирање на секоја инвормација која ти е кажана во животот до сега, од некој друг, и од тие мислења склопуваш едно мислење, што во суштина е исто со она што ти било кажано од другите дека тоа е вистинското мислење.
Значи ова мислење што го пишуваш не е твое туку е збир на мислења од други луѓе кои бил присутни и влијаеле на твојот живот, склопени како едно мислење. Не значи дека ако мнозината вика едно тогаш тоа мора да е точно.
Не знам колку години имаш но ако си доволно зрел размислиш отворено и сакаш да ги разгледаш и двете страни, оние страни на кои ти припаѓаш но и различните страни, и твојата природа т.е свест ке ти каже што е вистина. Ако е вистината различна од она што досега ти си го мислел, не се плаши и не и давај отпор, затоа што само една е вистината, нема две. А ако сакаш да не научиш ништо тогаш тоа е најлесно. Постојано игнорирај ја вистината.