Ако одиме по твојата логика, буквално за секој протест кој ќе биде насочен контра институциите на власта во Македонија, независно од тоа која партија е на власт, ќе важи истиот муабет.
Ја многу добро разбирам ти кон што целиш, но во едно демократско општество тоа што ти го говориш всушност и се подразбира, и треба (мора) да е случај.
Но од друга страна и многу добро долови до каде е догурано нашето општество со оглед на работите кои се примарни во ситуација кога дете е крвнички убиено во срцето на главниот град од вработен во МВР, и истото истовремено е и секундарна работа, примарна е тоа кој стоел зад протестите, и нормално, додека јавноста се замајуваше со '' тој проблем '', убиството дополнително да се заташкува, да се бришат ленти и слично ...
Поентата ми е дека тоа што ти го говориш е ирелевантно и всушност треба да биде нормална појава во секое демократско општество, али за жал кај нас тоа не беше случај.
Тоа што е релевантно во моментов е што Македонија го положи испитот '' Како да убиеш дете на Плоштад и истото вешто да го сокриеш од очите на јавноста '' со што во оваа земја утре е овозможено некој трет, фаца од МВР, со 200та на саат да помине на црвено, да изгази 20 деца, да усмрти 16 од нив а 4 да останат инвалиди, и истовремено баш во тој момент кога он поминувал камерите да не работат, доказите да се преместуваат од едно на друго место, дел од истите да се уништат и тн и тн, да не набројувам што се помина '' незабележано '' од изманипулираната јавност, а знаеме колку лесно може овој народ да биде еб*н во здрав мозок, ова е само еден од многуте класични примери за тој феномен.