Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
1300 евра квадрат..хм .. ова е нешто како населбата Хот и Хот, населба од затворен тип..едино замерки имам малку ради што е оддалечена од градот,незнам баш каква е инфраструктурата до таму,ама се на се одлично место за богати пензионери
Ако е 1300 евра, тогаш не е скапо.
Во Аеродром се продаваат/ле станови многу поскапо.
Во Мичурин, старите згради 900/1000 евра е најефтино од квадрат.
Абе да не е скапо,ама има станови само од 170 и 210 квадрати , а тоа ти е 170*1300 = 221 000 евра и 210 * 1300 = 273 000 евриќи.. така да врти сучи, само тие со стварно длабок џеб можат да си дозволат,ретко кој денес има толку пари за стан
The main peculiarity of Milano Due is a system of walkways and bridges connects the whole neighborhood, so that it is possible to walk around without ever intersecting traffic. It was marketed as a residential neighborhood for families of the upper middle class with children.
А ако некој знае да ми каже со која програма е праен проектов ? однапред благодарам..На атрактивна локација во Орман, во непосредна близина на скопската обиколница, интензивно се гради елитниот станбен комплекс „Верина“Комплексот е од затворен тип со сопствено обезбедување и се простира на околу 30.000 метри квадратни. Во склоп на седумте објекти кои моментално се градат ќе има вкупно 58 луксузни станови со површина од 170 и 210 метри квадратни. Реализацијата на проектот започна во мај минатата година, а според планот, работите треба да финишираат догодина напролет.
Станарите на „Верина“ ќе може да уживаат во 15.000 метри квадратни зелена површина, порибено езеро со површина од 5.000 метри квадратни, вештачки водопад, базен со пикник простор, рекреативни терени, детско игралиште, билијард клуб и фитнес центар опремен со сауна и турска бања. За потребите на комплексот, во негов склоп ќе функционира и супермаркет. Сите објекти ќе бидат опремени со панорамски лифт, а становите се распоредени по два на еден кат и се целосно одвоени, односно немаат заеднички ѕидови. Секој стан има поглед кон езерото. Покрај ова, сопствен систем за греење и ладење, како и сопствен паркинг простор се дел од поволностите за идните станари.
„Верина“ се наоѓа на мирна и тивка локација далеку од градскиот метеж, но со оглед на непосредната близина на скопската обиколница и трасата на планираното продолжување на булеварот Илинден, комплексот има одлични сообраќајни врски со центарот и со другите делови на градот. Дополнително, со својот концепт и со квалитетот на градбата и на вградените материјали кои се на највисоко ниво, „Верина“ наметнува нови повисоки стандарди за домување во нашата држава.
Инвеститор е Др. Благоја Николовски, а изведувач на градежните работи е компанијата „Никоб Инжинеринг“, која воедно го има изработено и проектот за комплексот. Надзорот го врши „Студио 2000“.
![]()
![]()
![]()
![]()
![]()
билд.мк
Со програма за мерки на штедење на владатаА ако некој знае да ми каже со која програма е праен проектов ? однапред благодарам..
Не ме провоцирај брат да не одеваш.Со програма за мерки на штедење на владатаи не ми заблагодарувај однапред те молам имам лоши навики.