Луксузната населба „Верина“

  • Креатор на темата Креатор на темата c i t r o
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.776
Поени од реакции
9.904
Локација
Скопје,2014-та
На атрактивна локација во Орман, во непосредна близина на скопската обиколница, интензивно се гради елитниот станбен комплекс „Верина“Комплексот е од затворен тип со сопствено обезбедување и се простира на околу 30.000 метри квадратни. Во склоп на седумте објекти кои моментално се градат ќе има вкупно 58 луксузни станови со површина од 170 и 210 метри квадратни. Реализацијата на проектот започна во мај минатата година, а според планот, работите треба да финишираат догодина напролет.

Станарите на „Верина“ ќе може да уживаат во 15.000 метри квадратни зелена површина, порибено езеро со површина од 5.000 метри квадратни, вештачки водопад, базен со пикник простор, рекреативни терени, детско игралиште, билијард клуб и фитнес центар опремен со сауна и турска бања. За потребите на комплексот, во негов склоп ќе функционира и супермаркет. Сите објекти ќе бидат опремени со панорамски лифт, а становите се распоредени по два на еден кат и се целосно одвоени, односно немаат заеднички ѕидови. Секој стан има поглед кон езерото. Покрај ова, сопствен систем за греење и ладење, како и сопствен паркинг простор се дел од поволностите за идните станари.

„Верина“ се наоѓа на мирна и тивка локација далеку од градскиот метеж, но со оглед на непосредната близина на скопската обиколница и трасата на планираното продолжување на булеварот Илинден, комплексот има одлични сообраќајни врски со центарот и со другите делови на градот. Дополнително, со својот концепт и со квалитетот на градбата и на вградените материјали кои се на највисоко ниво, „Верина“ наметнува нови повисоки стандарди за домување во нашата држава.

Инвеститор е Др. Благоја Николовски, а изведувач на градежните работи е компанијата „Никоб Инжинеринг“, која воедно го има изработено и проектот за комплексот. Надзорот го врши „Студио 2000“.

Verina-orman-07.jpg


Verina-orman-08.jpg


Verina-orman-06.jpg


Verina-orman-02.jpg


1IbEM.png

билд.мк
 
А бе булдожерот на оваа населба како на таа другата ништо друго.
 
Почнавме се повеќе да се делиме на класи. Наскоро да не има и посебни улици за богаташи по кој ние обичние нема да можеме да се движиме?:eek:
 
“Комплексот е од затворен тип :pos: типични затвореници:pos:
 
Некако нелогично ми изгледа ова, не сум видел примери во светот баш за примарно живеалиште на ваков начин.

Оној кој има толку пари, сигурно нема да сака базен и други работи да дели со други станари. ќе си купи куќа и ќе си направи што сака...

Ама да видиме... :)
 
1300 евра квадрат..хм .. ова е нешто како населбата Хот и Хот, населба од затворен тип..едино замерки имам малку ради што е оддалечена од градот,незнам баш каква е инфраструктурата до таму,ама се на се одлично место за богати пензионери
 
Некако нелогично ми изгледа ова, не сум видел примери во светот баш за примарно живеалиште на ваков начин.

Оној кој има толку пари, сигурно нема да сака базен и други работи да дели со други станари. ќе си купи куќа и ќе си направи што сака...

Ама да видиме... :)

Мислам ова не е базен, повеќе како украсна бара, ко на Симс :D Или па ако у некој друг склоп се спомнува базен а не прочитав у воведниот пост :Р
 
1300 евра квадрат..хм .. ова е нешто како населбата Хот и Хот, населба од затворен тип..едино замерки имам малку ради што е оддалечена од градот,незнам баш каква е инфраструктурата до таму,ама се на се одлично место за богати пензионери

Пензионери!? Ретки се оние со вишок пари кои живеат во центар, сите бегаат во Бардовци, Злокуќани, Сопиште, Радишани... Последниве 10 години се чист доказ за тоа, од типични села никнаа населби со супер куќи и згради, па поради тоа почна и таму инфраструктурата да се средува полека. Додуша, ние во сред центар немаме асални улици, така да замерки за инсфраструктурата не може да се бараат според мене. Редно време е градот да се прошири, а не се што постои во државава да се стационира на 1км
квадратен. Што мислиш, зошто цените постојано рипаат на периферијата од Скопје за сметка на оние од самиот негов урбан дел? Не се будали американците што живеат вон градот...

Инаку инвеститорот е истиот човек што ја направи елитната населба во Злокуќани, сопственик на Никоб и екс газда на ФК Македонија ЃП.

3003211391_e207162ec6.jpg


Дел од населбата Злокуќани :)
 
Ова беше најавено уште пред 2 години.Центарот веќе се пренатрупа,на Водно е ризично да се гради ради лизгање на земјиште па сега елитните населби ќе се носат на периферија на градот.Ќе бидат од типот на Злокуќани т.е не за секој само за оние со многу кеш :) Со среќа нека им е со проектов на сликава делува супер.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom