Студирање во Словенија

  • Креатор на темата Креатор на темата Cayman
  • Време на започнување Време на започнување
Љубљана.
Па за упис кои се условите, начин на живот, начин на студирање.. онака се што ти иди на памет би ме интересирало мене :)
 
http://www.fri.uni-lj.si/si/izobrazevanje/prva_stopnja/
http://www.feri.uni-mb.si/podrocje.aspx?id=35
ова се смеровите, првите во љубљана вторите во марибор
за начин на живот у љубљана не знам, јас сум у марибор.
аплицирањето ќе биде февруари или март, подолго време ќе биде отворено, првото е преку интернет
http://www.vpis.uni-lj.si/
http://www.vpis.uni-mb.si/
имаш уште време па бирај си :P
 
Значи сакам да студирам на правен факултет, конкретно Љубљана... Сакам да слушнам туѓи мислења колку ми е паметна идејава :/ ???
 
Незнам колку е паметно за тебе но од моја гледна точка поприфатливо би било првите 3 години да ги студираш во Македонија а мастер студиите во странство.

Можеби примеров нема никаква врска затоа што е на друг факс, но ученичката која што беше најдобра(и според просек и според матурата) во моето средно школо се запиша Словенија , и поради тешкотии со јазикот(за кого со години посетуваше курсеви) но и поради други причини има намера да се врати назад.

Затоа ти најдобро размисли си и ако има некој што студира на правен во Словенија нека сподели искуства.
 
Зависи што сакаш понатака од животот.
Ако сакаш да останеш да живееш во странство - подобро таму да студираш за да се вклопиш во системот колку-толку.
Ако сакаш да живееш во Македонија, подобро ти е тука да студираш за да можеш со време да стекнеш познанства од таа област, а и да ја запознаеш ситуацијата.
Уствари, можда ни’ моево не е најпаметно решение, ама можеш во предвид да го земеш.
Јас се мислам да почнам со студии во Скопје, па или на пост-дипломски, или во текот на студирањето да продолжам во странство. Така би требало да е така полесно, бидејќи уште сега не се чувствувам спремна да заминам далеку.
 
Желба ми беше од секогаш надвор да студирам.. ама кога дојде времево посериозно да размислувам почнав да се двоумам.... пошто редно време е да почнам јазикот да го учам ако одам таму.. ама никако да се решам.. :////

А и никако не можам да најдам некој што учи правен таму, па за да си зборнам. охххх!
 
Дефинитивно треба јазикот да го знаеш затоа што имаш преку УКИМ програма, размена на студенти и се учи мешано на словенски и англиски, сместен си во дом со 230 евра месечен џепарац и бонови за храна во домот.

Посетувај курсеви и слично на време ако си сериозен за идејата.

Исто бираш 4,6 или 8 месеци да ги завршиш испитите од семестар, и ако не ги завршиш не добиваш сертификат. Важи за 1 семестар ова мислам дека.
Секако ти распрашај се преку УКИМ за ваквите програми, преку нив се аплицира

пс

Само незнам дали треба да си студент на УКИМ или какви се условите за аплицирање затоа ти викам распрашај се убаво.
поздрав :)
 
Ако толку ти е кејф да одиш во странство и имаш услови - оди, пробај.
Јазикот секако ќе го научиш. Братучед ми веќе 5 години е во Словенија, сега е на постдипломски. Тој кога отиде не го познаваше јазикот, ама го научи. Нормално дека е тешко на почетокот, ама не е невозможно.
Има таму и стипендии, најди некој што студира таму, најдобро ќе ти каже како стојат работите. Имаш тука и теми за стипендии, и форумџии кои студираат Словенија... да не зборувам јас напамет :)
 
Ако ти се укажува прилика и пред се' тебе те влече и имаш мерак, летај и ич не му ја мисли. Ова ти е life changing одлука, од која може само (уствари сигурно) да добиеш еден ден.

Јазикот да не те плаши. Јас имам другар кој се плашеше од студии во странство, како слон од глушец, најмногу поради тоа што со јазиците беше слаб, ни англискиот не го владееше многу. Му излезе една можност за студирање во Италија пред матурата, стегна два месеци редовен курс летото и сега мака нема - италијански цепа како мајчин јазик да му е и супер му е таму.
 
Чим едни турски научиле за 6 месеци и тоа само што збореле турски.Словенски е 10 пати полесно.Плус ќе бидеш сам и ќе се челичиш како човек,јас 3 години поминав во Бугарија и знам како е да луташ :)
 
Значи сакам да студирам на правен факултет, конкретно Љубљана... Сакам да слушнам туѓи мислења колку ми е паметна идејава :/ ???

Конкретно за правото како општествена дисциплина, во Македонија и не ти е баш паметна работа да ја студираш, значи по дифолт тоа бриши го од глава..

Ако сакаш право, онда иди студирај надвор, Франција, Англија, Германија, САД, Русија, Чешка (знам дека за во Чешка на нивните државни универзитети имаат некои економски погодности за нас, мислам дека тоа е резултат на некој наш меѓудржавен договор со Чешка). А и Љубљана - Словенија ти е супер идеја. Еден другар беше таму 2 години студираше, па се префрли овде на Правен - Јустинијан I, заврши овде, али се истуфка што не заврши во Словенија, позадоволен беше од односот таму и од програмите што ги имаат..

Иначе покрај ова, мој совет ти е да ако се запишуваш на правен, некаде во странство, онда барај универзитет што не практикува Болоњски систем, тоа е говнарија невидена, не само овде него и во странство.. Ова ти го кажувам затоа што точно знам „колку многу го сакаат“ Болоњскиот систем и Европјаниве (имам доста другари странци кои ми го потврдиле ова).

Поздрав и среќно!
 
Правните факултети се признаени секој само во својата земја. Така да ако не планираш да работиш во Словенија, после нема врска дали ќе се враќаш во Мк или ќе одиш во друга земја во странство, факултетот ќе ти биде џабе.
 
Има еден куп правници овде, и на правниов факс шо предаваат а дипломирале или магистрирале Љубљана.. така да тоа со признавањето е точно само доколу го учам правото на Словенија, тогаш нормално не ми важи овде.

А додипломските студии во Словенија а и во сите земја на ЕУ се од областа на европско право.. Правници ми потврдија дека нашиов правен систем се движи во таа насока, мора да се прилагодуваме на нив...
--- надополнето: Nov 29, 2011 6:18 PM ---
Дефинитивно треба јазикот да го знаеш затоа што имаш преку УКИМ програма, размена на студенти и се учи мешано на словенски и англиски, сместен си во дом со 230 евра месечен џепарац и бонови за храна во домот.

Посетувај курсеви и слично на време ако си сериозен за идејата.

Исто бираш 4,6 или 8 месеци да ги завршиш испитите од семестар, и ако не ги завршиш не добиваш сертификат. Важи за 1 семестар ова мислам дека.
Секако ти распрашај се преку УКИМ за ваквите програми, преку нив се аплицира

пс

Само незнам дали треба да си студент на УКИМ или какви се условите за аплицирање затоа ти викам распрашај се убаво.
поздрав :)

Само што моментално сум матурантка и сакам да почнам од прва година да учам странство, а преку размена на студенти ми беше втора опција доколку не успеам да се запишам таму на пример..
--- надополнето: Nov 29, 2011 6:33 PM ---
а ш
Конкретно за правото како општествена дисциплина, во Македонија и не ти е баш паметна работа да ја студираш, значи по дифолт тоа бриши го од глава..

Ако сакаш право, онда иди студирај надвор, Франција, Англија, Германија, САД, Русија, Чешка (знам дека за во Чешка на нивните државни универзитети имаат некои економски погодности за нас, мислам дека тоа е резултат на некој наш меѓудржавен договор со Чешка). А и Љубљана - Словенија ти е супер идеја. Еден другар беше таму 2 години студираше, па се префрли овде на Правен - Јустинијан I, заврши овде, али се истуфка што не заврши во Словенија, позадоволен беше од односот таму и од програмите што ги имаат..

Иначе покрај ова, мој совет ти е да ако се запишуваш на правен, некаде во странство, онда барај универзитет што не практикува Болоњски систем, тоа е говнарија невидена, не само овде него и во странство.. Ова ти го кажувам затоа што точно знам „колку многу го сакаат“ Болоњскиот систем и Европјаниве (имам доста другари странци кои ми го потврдиле ова).

Поздрав и среќно!
а што го натера другарот да се врати?? :/

бај д веј Болоњски е системот Љубљана, а знам дека се незадоволни.. викаат правници, медицинари, инженери не може да се квалитетни преку него.. :/
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom