Чекај сега пополека малку

Велиш се е дефинирано. Не е така . Напротив ништо од тоа не е дефинирано, бидејќи зборот дефиниција не соодветствува со црковните толкувања, а уште помалку дека записите и толкувањата на Светите Оци и Апостоли да се гарант за точноста на така напишаната дефиниција. Значи ќе одиме со здраворазумски работи кои нема да ги нарекуваме дефиниции.
Велиш Дарвин едноставно го кажал истото, што и библијата. Долго би било ако ги споредуваме двете работи, кои се споредени илјадапати наназад и е укажано каде се огромните спротивности.
Дарвин зборува за еволуција, Библијата зборува за креација. ТОа е како црно и бело различно. Настрана колкава е точноста на еволуцијата, и на креационизмот. Двете се итекако спротивставени тези.
Заробени сме во временска рамка. Интересно кажано. Временска рамка онака како што ние ја сфаќаме е поради тоа што сеуште физиката не е на ниво, на кое што е на пример генетиката и биологијата. Ако навлеземе во една гранка која се повеќе зема замав во модерната физика а се базира на каузалноста, ќе дојдеме на крај дека се се сведува на законите на каузалноста врз кои почива универзумот. Нивната контрола и поимање нуди незамислива моќ.
Ќе сметам дека се она што го велиш погоре е АПСОЛУТНА ВИСТИНА. НЕка е така. Но тоа ќе повлече еден куп прашања кои не се одговараат со фразите ТАКА САКА БОГ или МАЛИ СМЕ НИЕ ДА ГО СФАТИМЕ БОЖЈОТО ДЕЛО и слично.
Јас лично на пример не го спорам постоењето на повисок интилигентен ентитет кој можеби кумувал на развојот на животот на земјава. Јас ја оспорувам ПРЕТСТАВАТА ЗА ТОЈ ЕНТИТЕТ КОЈА Е ПЛАСИРАНА ПРЕКУ БИБЛИЈАТА.
Во Бибилијата и толкувањата на Светите Оци се зборува за семоќност, за апсолутна контрола на секоја субатомска честица на планетава и на секоја измината наносекунда од битисувањето на секоја единка на планетава. НЕКА Е ТАКА. НЕКА НАВИСТИНА ПОСТОИ ТАКОВ МОЌЕН ЕНТИТЕТ.
Тогаш како во истите овие толкувања за семоќност и апсолутна конторла, ги вградуваш "НИСКИТЕ " ПОТРЕБИ ЗА КАЗНУВАЊЕ НА НЕШТО ТОЛКУ МАЛО, МИНОРНО, НЕМОЌНО, И ВО СЕКОЈ МОМЕНТ ПОДЛОЖНО НА УНИШТУВАЊЕ ЧОВЕЧКО СУШТЕСТВО!???!?
Дали поимот СЕМОЌ и АПСОЛУТНА КОНТРОЛА НА ПРОСТОРОТ И ВРЕМЕТО според тебе и Светите ОЦи вклучува и АПСОЛУТНА ПОКОРНОСТ КОН ИСТАТА, или поубаво кажано ЗАРОБЕНИШТВО ?
Та што сме ние ЗАРОБЕНИЦИ НЕЧИИ или КРЕАЦИјА ОД ЉУБОВ?
Ако сме нечија креација од љубов тогаш извини ама нема нималку љубов во сето тоа.
Дали се она што е напишано во Светите Книги, протолкувано од Светите ОЦи, прифатено од тебе и од милијарди други е СТРАВ ОД ПОГОЛЕМА КАЗНА или ЉУБОВ КОН СОЗДАТЕЛОТ КОЈ НЕ КАЗНИЛ СО НАЈСТРАШНАТА КАЗНА - СМРТТА?
Можеш ли да го љубиш оној што толку нанел штета со своите казни? Или од СТРАВ ќе се глуми љубов и почит кон истиот?
Оној што љуби тој создава. Оној што љуби , тој обединува. Точно љубовта е моќ. Тоа го покажа Исус за време на неговиот земски живот. Понуди љубов на сите. Понуди начин на живот кој ќе ги направи среќни речиси сите. Но дали неговиот татко нуди љубов?
Љубовта не е казна.
Љубовта не е смрт.
Љубовта не е потоп на се живо.
Љубовта не е уништување на се живо оти живеело развратно.
Љубовта не е закана по живот ако не возвратиш со слепа верба во него.
Љубовта не е уште многу нешта кои што Светите Оци ги протолкувале како Божја воља односно љубов.
Мислиш ли дека тоа протолкуваниот семоќен ентитет навистина нуди Љубов , каква што ние ја дефинираме?!?!?
Или ќе треба да го рдефинираме поимот Љубов?