Фан Клуб: Депортиво Ла Коруња

Член од
26 јануари 2010
Мислења
184
Поени од реакции
22
Kakva katastrofalna greska na Ajoze za 3-2 za Elce. Aman bre oltra neli ti rekov Seoane na taa pozicija
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.970
Поени од реакции
73.961
Која трагедија е овој Ажозе, лелелеле :mad:
ПОла голови сезонава ради него ги примивме. Како КАСПЕР е, како невидлив си го поминуваат :mad:
Ти ебам Елчето, ти ебам судиите ти ебам среќата :mad:
Како бе може вакви голови да примаат. Убаво си започнавме со шанси, со поништен ЧИСТ гол, и после се прима ефтин гол на грешка на одбраната. Одбраната ни е трагедија :mad:
Ајтами игра како да не играл фудбал никогаш во животот. Ажозе се смета за -3 играчи, Колото е истотака под формата, једино ЛАуре е задоволителен.
Во нападот бевме добри. Треба Гама да го игра место Саул. Има одлична креативност. Гвардадо беше најдобар кај нас. Неколку соло продори, гол за намалување, учество во акцијата за вториот гол.
Од 2-0 за нив, им правиме доминација и брзи 2-2 во втор дел и место да се дотолчи противникот, на сцена стапува Ажозе кој го минуваат како невидлив, ни прават ПЕС акција и ни даваат гол за повторно водство :mad:
До крајот доминираме, а судијата не ни досуди чист пенал. Се да му ебам!
На крај и поништен гол. Џабе се израдував, Гама дава гол овој крева офсајд :mad:
Незабележав убаво, али повеќето викаат дека било офсајд од Бодипо мислам, при ударот со глава од позадина на еден од нашите играчи...
--- надополнето: Nov 20, 2011 1:01 PM ---
Заборавив да го споменам Олтра, со замената Колото аут, Валерон ин :eek:
Каде бееееее:tapp:
Валерон денеска камен. Он истотака кумуваше за третиот нивни гол со лошиот пас...
А и на крајот, имавме слободен од наша половина, и он успеа да го погоди единствениот противнички играч што беше на десетина метри од него :tapp:
 
Член од
26 јануари 2010
Мислења
184
Поени од реакции
22
So bese rabotata so Ze Castro? Se povredi ili protestirase oti go zamenija?
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.970
Поени од реакции
73.961
So bese rabotata so Ze Castro? Se povredi ili protestirase oti go zamenija?
Излезен бев и ја пропуштив утакмицава....
Како што прочитав Зе Кастро жестоко реагирал на тоа што бил изваден. Мислам дека не се работи за повреда.
Инаку честито победа :D
Депортиво-Алмерија 3-1!
Меч поминат во целосна контрола на Депортиво, иако два од трите гола дошле по сомнителни пенали. Сепак победата била целосно заслужена.
1-0 Гвардадо од пенал
2-0 Хуан Домингез со фантастичен погодок
3-0 Ласад од пенал
и 3-1 незнам кој :D
 
Член од
26 јануари 2010
Мислења
184
Поени од реакции
22
Oltra glupav kreten, covekot bas dobro ja izigra utakmicata, duri imase sansa za gol so glava i na kraj go posramoti go zameni so pablo koj ne samo so se vraca po dolga povreda nego nema vrska so pozicijata centralen stoper pa zatoa i gol primija depor na krajot.A ovoj ajoze pak se posramotuvase na nekolku pati.Ne znam sto tolku videl sigurno zena mu e negova svalerka pa ajde greota mu pagja na covekot...
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.970
Поени од реакции
73.961
Се разјасни случајот со Зе Кастро...
Глупаво недоразвирање довело до караница меѓу нив.
Зе кастро на 15 минути сдо крајот имал некој мускулен проблем и самиот побарал измена. Олтра го имал само Пабло од дефанзивците на клупата, па затоа влегол место Зе кастро.
Но бидејќи Зе Кастро бил блиску до аут линијата, кога станал за да биде направена измената, еден од страничнитѕе судии му рекол да излезе од тука а не да оди до средината на теренот, пошто мислел дека Зе кастро ќе задржува време.
Олтра не го знаел тоа па кога дошол Зе кастро пред сите му се изнавикал, пошто сметал дека требало да излезе од средината и да го испочитува Мануел Пабло со тоа што ќе се поздрави со него, а истотака и за да задржи време пошто на Депортиво му требал мал одмор. Збунетиот Зе кастро не знаел што се случува...
Олтра толку полудел што морале останатите од стручниот штаб да го смируваат и тргаат од Зе кастро...
Сепак работите сега се смириле. Олтра рекол дека ситуацијата ќе била многу полоша ако Зе Кастро (кој додека Олтра викал, мирно слушал :D) му врател на зборовите. И самиот Олтра изјави дека тоа било во нервоза, и дека Португалецот БИЛ во право.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.970
Поени од реакции
73.961
Нерешено во последниот дуел.
Одлично поминавме во серијава дерби натпревари. Уште да не загубевме кај Елче, во утакмицата која ја одигравме најдобро на гостински терен во последниве неколку гостувања, ситуацијата ќе беше уште посјајна.
Во последното дерби, кај тимот кој секогаш ни задавал проблем,и и ми е еден осд најдоссадните и најомрзени тимови, Ваљадолид изигравме на резултат.
Домаќините имаа повеќе од играта и неколку шанси, но ние го имавме Аранзубиа :)
На крајот Депортиво доминираше во последните 15-тина минути па имаше две шанси преку Саломао и Колото. Во последната шанса Колото ја погоди пречката.
Добро е што и со не толку добри резултати Депортиво е сеуште при врвот. Играта полека почна да се стабилизира. На домашен терен мачкаме, на гости почнавме да вадиме нерешени, т.е. да не губиме ко волови, а викендов имаме одлична шанса да одиме уште погоре.
Играме дома со Нумансија, меч кој мора да го добиеме и верувам дека тоа ќе го направиме на убедлив начин.
За овој меч се враќаат Рики и Морел. Ажозе продолжува да биде очаен на позицијата лев бек, па можно е Морел и да стартува во сабота.
Зе Кастро конечно покажува нешто. Игра одлично во одбраната, но одново не успеа да заврши еден меч откако заработи повреда. Но сепак ќе биде фит за утакмицата.
Инаку Циско ќе биде аут до Јануари, и нишро чудно и воопшто да не заигра за Депортиво :(
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.970
Поени од реакции
73.961
И пази и пази и пази Депор гази :D
Депортиво-Нумансија 3-1!
Прво полувреме од соништата за депортиво.
Перфекција до максимум зачинета со два погодоци, првиот за Ласад (по една одлична акција) и вториот на Гвардадо.
Но како и секогаш доаѓа падот во вториот дел :D
За среќа истиот не се покажа како кобен.
Тоа што Депортиво го пропушти во првиот дел, Нумансија можеше да го казни во вториот.
Гостите намалија на 2-1, а во 80-та минута имаа пенал за израмнување (пеналот направен од Зе Кастро:)).
Сепак не погодија, а заслужената победа само ја потврди Домингез :D
Ајмо трето место, само на бод од вториот Елче, за кој сум сигурен дека ќе го минеме до крај :)
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.970
Поени од реакции
73.961
http://www.crtvg.es/tvg/informativos/o-deportivo-derrota-3-1-ao-numancia-en-riazor-191532#.TuVA9FuYV6g
Тука има видео со хајлајтс од вчера.
Инаку во наша полза одат и другите резултати.
Ниту една екипа од средината па до врвот не успеа да слави овој викенд.
Депортиво полека се приближува кон врвот.
Елче бега само еден бод на втората позиција, а првиот Херкулес е на три бода разлика.
Во среда се игра куп меч со Леванте. Судија е педерчето што судеше со Хихон лани, што директно влијаеше врз нашето испаѓање во сегунда. Сигурно ќе има срдечен поздрав за него на Риазор :D
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.400
Поени од реакции
85.351
http://www.crtvg.es/tvg/informativos/o-deportivo-derrota-3-1-ao-numancia-en-riazor-191532#.TuVA9FuYV6g
Тука има видео со хајлајтс од вчера.
Инаку во наша полза одат и другите резултати.
Ниту една екипа од средината па до врвот не успеа да слави овој викенд.
Депортиво полека се приближува кон врвот.
Елче бега само еден бод на втората позиција, а првиот Херкулес е на три бода разлика.
Во среда се игра куп меч со Леванте. Судија е педерчето што судеше со Хихон лани, што директно влијаеше врз нашето испаѓање во сегунда. Сигурно ќе има срдечен поздрав за него на Риазор :D
Ti si edinstven covek vo makedonija sto prati makedonska treta liga i naviva za ekipa od Segunda :D :D :D
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.970
Поени од реакции
73.961
ГОЛ ГОЛ ГОЛ ГОЛ ГОООООООООООЛЛЛЛЛЛ
Депортиво поведува против Леванте со 1-0 со голот на Пабло Алварез по одличната акција на Рики:)
--- надополнето: 13 декември 2011 во 23:00 ---
Ајде реденка :)
Депортиво-леванте 3-1 :D
Газење, а резултатот и победата можеше да биде и поголема ако не беа неколкуте судиски грешки и невнимателноста во крајните моменти.
Играч на натпреварот беше Саул со два постигнати гола, а вториот гол му беше еден од најпрекрасните сезонава :)
Да не помиасли некој дека сме играле со прв тим, Депортиво стртуваше со целосно втор состав.

Лукс
Пабло Ајтами Рочела Сеоане
Васкез Борха
Саул Алварез Саломао
Рики

Мечот го почнавме одлично. Одлична акција на Рики, нафрлање до Алварез а овој забива за 1-0.
Се редеа шансите пред противничкиот гол но немавме среќа во крајните моменти.
Вториот гол дело на Саул. Шанса голема за 3-0 пропушти и Рочела.
За жал по вина на Мануел Пабло Леванте намали на 2-1, но веднаш потоа со прекрасен гол Саул ги постави конечните 3-1.
Дали ова е доказ дека Депортиво е на ниво на просечните провлигаѓши, ќе видиме по завршувањето на реваншот.
Штета што примивме гол, ама и овој резултат е голем поттик за во иднина :)
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.970
Поени од реакции
73.961
После победата над Леванте, Депортиво утре го очекува уште еден тежок меч.
Време е да почнеме да победуваме и на гостувањата.
Во 18 часот играме со добро Лас Палмас со кого не сме играле веќе 10 години.
Лас Палмас ни се големи ривали, но не на теренот туку надвор од него.... на судовите :D
Депортиво имаше одлична соработка со клубот од Канарските острови. Соработката започнала уште одамна кога од лас Палмас во Депор се преселиле тогаш младите Мануел Пабло и Туру Флорес. Откако и Валерон дошол од лас Палмас во Депор, Лендоиро увидел дека овој клуб има јака млада школа па потишале некој договор да ни ги праќаат подобрите младинци.
Но Лас Палмас влегува во прва лига, но и покрај тоа соработката одлично се одвива. Во спортивна страна оди нашиот одбранбен играч Шурер.
Лас Палмас испаѓа од прва лига, и неможе да го плати долгот за Шурер. Лендоиро решил наместо да им земе пари, да им ги земе двата најдобри млади играчи Рубен Кастро и Момо.
И двајцата не добија вистинска шанса во Депортиво, а сега Рубен Кастро игра за бетис :)
Лас Палмас истата година паѓа во трета лига, а вината за тоа ја префрлаат на Лендоиро.
Војната продолжува во 2007 година. Депортиво го зима Ајтами од Лас Палмас, како играч на кој му завршува договорот.
Ама Лас Палмас заради некоја клаузула го тужи Депортиво и успева да добие 700 000 евра за Ајтами...

Инаку Олтра на големо изненадување го изостави Саул од составот :eek:
Зема 4 пивоти, а го изостави играчот кој одлично изигра со Леванте, даде два гола, и плус влегува во добра форма...
Несвватливо, ама се надевам дека ќе излезе на добро работава :D
Добро е што Хуан Домингез конечно влегува во форма, и ги покажува своите квалитети.
ОДиме на три бода (y)
--- надополнето: 17 декември 2011 во 13:36 ---

Головите со Леванте.
Третиот гол за депортиво :drk:
Pure skill:D
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.970
Поени од реакции
73.961
Лас Палмас-Депортиво 0-1 !!!!!!!!!
Незнам само кај видов дека мечот почнува во 18 часот :confused:
Па го пропшуштив првиот дел...
И подобро :D
Првиот дел бил ултра досаден, а воглавно домаќините напаѓале а Депор се бранел. Они имале две шанси, а ние една преку Ласад но неговиот одличен удар, домашниот голман успеал да го одбрани.
Е во вториот дел брз гол :D
Валерон денес не изигра ништо, ама успеа да изнуди пенал чиј сигурен реализатор беше Гвардадо :D
Ласад веднаш имаше одлична шанса да зголеми на 2-0, ама не успеа.
Е од тогаш, Лас Палмас одново со доминација...
Тешко беше да се гледаат последните минути, ама Депортиво сепак издржа.
Иако го имаше поседот на топката, сепак домаќините имаа само една сериозна шанса и еден поништен гол:)
Добро е што и на ваков начин победуваме.
Победа во прав момент, победа која најмногу ни требаше ;)
Одиме во Примера (y)
--- надополнето: 18 декември 2011 во 14:07 ---
После поразот на Херкулес, Депортиво е втор со само еден бод зад Елче. Ех да земевме заслужен бод од кај овие слепциве, сега први ќе бевме :)
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.970
Поени од реакции
73.961
Толку од натпреварите во купот.
Леванте-Депортиво 3-1 но по продолженија 4-1, откако примивме гол во 100-тата минута.
Иако резултатот е ваков сепак тоа воопшто не ја отсликува играта на теренот.
Депортиво си играше со вториот состав, со Бодипо во напад откако Рики се здоби со повреда на тренинг.
Веќе во втора минута Бодипо утна гол од два метра.
По грешката на нашата одбрана Леванте поведе со 1-0.
Павло Алварез ја измеша целата одбрана на леванте и беше соборен за пенал. Истиот играч стрелаше за 1-1.
Херојот од претходниот меч Саул успеа да добие црвен картон уште во 35-та минута...
Судијата престрого му даде втор жолт и го уништи овој меч.
Леванте го искористи тоа па пред одморот поведе со 2-1.
Ласад влезе во вториот дел и одма Депор имаше две одлични шанси за да го запоечати противникот со втор гол.
Сепак немаше среќа ласад па еднаш пречката а еднаш домашниот гол го спасија леванте.
Леванте дојде до 3-1 во 75-та минута.
И кога се очекуваше крајот Депор имаше одлична акција, еден од нашите играчи падна во нивниот шеснаесетник, а место судијата да почитува предност пошто Ласад излезе сам и постигна гол, тој свирна фаул :facepalm:
Нов пенал за депор, но овојпат Алварез стрелаше во пречката...
Во продолжението и Борха доби црвен, а Депор со 9 играчи не успеа да одигра на резултат и прими уште еден гол.

Доста несреќно отпаднавме во купот. Иако и двата меча ги игравме со втор состав бевме далеку подобар противник од Леванте...

Сепак и да идевме понатаму немаше да имаме некои големи шанси, а и во Јануари распоредот и онака ни е ултра густ, уште куп мечеви ни фалеа :D

 

Kajgana Shop

На врв Bottom