Поскапуваат автобуските билети на ЈСП

  • Креатор на темата Креатор на темата edinchez
  • Време на започнување Време на започнување
Не ме интересираат ниту владетелите, ниту нивните соништа. Најпосле, во „демократијава“ сами си ги избираме и вината не е нивна. Размисли малку, тие се виновни за поскапувањата?
Во „демократијава“ има исклучоци, а ЈСП е исклучок. Корумпирана компанија која работи со загуби, вработува партиски војници и ќе продолжи да работи со загуби затоа што никогаш ниедно поскапување не било доволно, па нема ни ова. Тука е владата која со наши пари ќе ги покрие загубите.

А за да се намалат цените треба само да се укине ЈСП, линиите да им се поделат на приватници, не еднаш засекогаш, него по пат на концесија за определен врененски период (Пр. 2 години) на оној кој што ќе понуди најдобри услови вклучувајќи и најниска цена за превоз.
 
Аааа сега ми е јасно. :D
--- надополнето: Nov 22, 2011 2:01 PM ---

И јас сум за тоа, ама сите се дудлачи и никој нема да излезе.
Да не биде после „Еден за сите-сите за никаде“:ROFLMAO:
 
Да не биде после „Еден за сите-сите за никаде“:ROFLMAO:

Така е секогаш, за жал. Ќе излезат 100тина, од кои 50 после еден саат протест ќе отидат на кафе, оти доволно направиле :tapp:

Летаргична е оваа младина... ЛЕТАРГИЧНА!
 
Така е секогаш, за жал. Ќе излезат 100тина, од кои 50 после еден саат протест ќе отидат на кафе, оти доволно направиле :tapp:

Летаргична е оваа младина... ЛЕТАРГИЧНА!
...а на протестот, двајца без тројца, онолку колку што ќе дојдат, ќе пристигнат со автобуси на ЈСП? :pos:
 
JП Градски паркинг прима огромни субвенции, од градската каса. Ако се укинат, зоните и пајак-возила, ќе има пари за субвенции на ЈСП. И сите ќе бидеме среќни
 
Денес се шверцав, да дојдеше контрола ќе речев јас сум инвалид невалиден на пазарот на трудот, седам дома како пензионер оти работодавците немаат потреба од мојот труд а и тешко плаќаат со чекање, а вие сакате веднаш да платам. Уште да не се избричев и ќе личев на пензионер, изгубена генерација сме ние кои растевме во социјализмот а сега сме отфрлени од општеството!

Tocno e taka kako sto napisa.
Prodolxi sekoj den sverc ne im placaj .
Prvo neka te vrabotat posle pari.
 
  1. Ама бар ЈСП нека бидат фер и нека укинат слободните на вработените нивни, со кој се вози цела фамилија на иститепа дури и на братучеди и други родни им даваат да се возат гратис!
  2. ЧЕКАЈ БЕ КОЈ ТИ К***, ЈАС ДА ПЛАЌАМ ЗА ДРУГИ БЕ? ШТО СМЕ НИЕ ДРУГИТЕ НИЖА РАСА? :mad: :mad: :mad:
1. Ова ти е исто како да побараш од t-home, vip, t-mobile, one да им ги скинат службените мобилки на своите вработени преку кој зборат гага кај да стигнат. А што се они криви што се таму вработени?
2.Не плаќаш ти за другите, си плаќаат и они месечно за слободна. Ако сам се ставаш во нижа раса браво!


Релативно е тоа дали 5 денари се многу или малку, бидејќи сите не сме со иста финансиска состојба. Ако ти си кремче и не ти прават разлика тие 5 денари на месечно ниво, кај мене е поинаква ситуацијата.
Секој месец имам ограничен буџет со кој треба да подмирам кирија, сметки, храна, меѓуградски автобус, градски автобус, излегување, скрипти за факултет, изработка на вежби...

За велосипед да возиш на оваа ладно време со ранец на грбот, јакна и нараквици и по улици каде што сообраќајот е Total Haos, а велосипедска патека немам забележано од Карпош до Автокоманда, ќе те замолам ти да ја возиш таа рута барем една недела и потоа пак најави се на форумов и цитирај ми го постот.

За трошење и надополнување на калории, можам да ти кажам дека се бавам со спорт и имам строго дефинирана исхрана веќе 8 години.

Да, точно е несакам да настинам со тоа што ќе седам испотен на предавања додека „тршам калории“ со велосипедот до Автокоманда и трошок ми е да купувам и чаеви и плински боци, бидејќи ти реков горе, јас имам ограничен буџет, а ти според тоа што го напиша погоре не си засегнат со такви проблеми и затоа уште еднаш ќе ти речам не пишувај глупости ако лично не си засегнат со тие 5 денари.
Ако месечниот буџет до толку те ограничува зашто не го прекроиш и скратиш од едно па префрлиш на друго?

За велосипедот тотално подршка, да претпоставиме дека времето и не е толку проблем ама хаосот во сообраќајот :mad:
Пешки не е безбедно на тротоар да идеш или пешачки на зелено да поминеш камоли со велосипед па уште и поголема релација како наведената.

Ако 8 години имаш строго дефинирана исхрана зашто не се обидеш попрофесионално со спортот ако не тука кај нас во Р.М. тогаш во соседство можеби?
А каква е таа исхрана? Тука сигурно многу пари ти идат па ако имаш за ова имаш и за плус 5 денари карта а многу поисплатливо би ти било и месечен билет да извадиш.

Сума сумарум може во секој случај да си го скроиш буџетот како ти одговара и да не кукаш толку. Наместо кирија за стан терај студентски, ако имаш роднини некој подобро нив 50 евра месечно него 150 за стан и слично.

Според твојов пример, о ти почитуван граѓанину дај те молам кажи ми зашто не одлучи менаџментот на ЈСП да си ја редуцираат потрошувачката наместо да ја зголемат цената на билетите?
Никој освен нив не е виновен што ЈСП нема доволно.

Упм, неам ништо против скопјани ама вакви глупи нискограѓански муабети од кожа ме вадат :tapp:

Менаџментот на ЈСП ја имаат редуцирано потрошувачката најпрвин преку намалување на платата на вработените.
Виновен со име и презиме е Крсто Вељановски долгогодишен директор на ЈСП, после тоа доаѓаат на ред владите кои се менуваа од причина што како државно претпријатие не е субвенционирано, работи со загуби поради стари автобуси највеќе итн итн.

Секоја чест, еден си од малкуте.
Ако го слушаш типот што ти зборува и поради тоа паднеш во депресија, јас ќе те наплескам, онака сестрински :D
Се знае денес како можеш да добиеш работа, не дека вредиш туку дека шефот или менеџерот од фирмата во која што си вработен го знае татко ти. Секојдневно го гледам ова, пред очи ми се случува. Ама тоа ти е „приватни“ фирми. А ти немој да се грижиш, сепак приватните сопственици бараат квалитет па на примените, на горе опишаниот начин, работниот однос им е со краток век. И јас знам како е да не си во можност да завршиш факултет поради финансиски причини. Но веќе 3 години работам, без диплома. Не велам дека не ми треба диплома, ми треба за лична сатисфакција, но мислам дека со тоа што го работам нема ама ништо да ми смени.

И сега за автобуските карти:
Ако е веќе одлучено и на глава да застанеме нема да се смени. Мене не ми пречи цена од 35 денари. Плус ако не ја купиш во автобус е 25 ден. со поскапувањето 30, значи исто ни се фаќа.
Точно се случува и ќе се случува уште многу, дојде време кога диплмата е само хартија и ништо повеќе. Тој што може и умее ќе се снајде и без диплома иако многу работодавци бараат ваква или таква диплома( зборам за повеќе од средно ).

Тоа е тоа, сите имаат навика да плаќаат во автобус и тука секако ќе идат повеќе пари. Решение:
карта за 10 возења или месечен билет.

JП Градски паркинг прима огромни субвенции, од градската каса. Ако се укинат, зоните и пајак-возила, ќе има пари за субвенции на ЈСП. И сите ќе бидеме среќни

А штом има пари за субвенции на ЈСП ќе добиеме поквалитетен превоз, поредовен и нема да се жалиме за цена на картите кога ќе поскапат.

Впрочем кога рипна и цената на таксито ректи се тие што се возат со него ама се зголеми превозот со автобус и од таа причина се воведоа ноќни линии.
А неважење на месечна карта, биле за 10 возења во ноќна линија е одлука на Град Скопје ( на нивна иницијатива се воведоа ) а не на ЈСП.
 
1. Ова ти е исто како да побараш од t-home, vip, t-mobile, one да им ги скинат службените мобилки на своите вработени преку кој зборат гага кај да стигнат. А што се они криви што се таму вработени?

2.Не плаќаш ти за другите, си плаќаат и они месечно за слободна. Ако сам се ставаш во нижа раса браво!
Со самото тоа што си копирал само крајот од мислењето се изгубила цела мисла, браво ;)
ОК, да дојдеме до заклучок:
Да, драги граѓани поскапуваат автобусите. Што можеме да направиме друго?! НИШТО!
Ќе си ќутиме и секоја влада ќе не д***и како сака, секако на удар пак се оние што немаат
тоа е стандардно. Ајде ќе се помириме со тек на време, учени сме ние дека од лошо има и полошо и не се буниме, ајт ок на здравје!
Ама бар ЈСП нека бидат фер и нека укинат слободните на вработените нивни, со кој се вози цела фамилија на истите
па дури и на братучеди и други родни им даваат да се возат гратис!
ЧЕКАЈ БЕ КОЈ ТИ К***, ЈАС ДА ПЛАЌАМ ЗА ДРУГИ БЕ? ШТО СМЕ НИЕ ДРУГИТЕ НИЖА РАСА? :mad: :mad: :mad:

Иначе тоа се однесува на вработените во ЈСП и тоа што цела нивна фамилија се вози гага.
 
Со самото тоа што си копирал само крајот од мислењето се изгубила цела мисла, браво ;)

ОК, да дојдеме до заклучок:
Да, драги граѓани поскапуваат автобусите. Што можеме да направиме друго?! НИШТО!
Ќе си ќутиме и секоја влада ќе не д***и како сака, секако на удар пак се оние што немаат
тоа е стандардно. Ајде ќе се помириме со тек на време, учени сме ние дека од лошо има и полошо и не се буниме, ајт ок на здравје!
Ама бар ЈСП нека бидат фер и нека укинат слободните на вработените нивни, со кој се вози цела фамилија на истите
па дури и на братучеди и други родни им даваат да се возат гратис!
ЧЕКАЈ БЕ КОЈ ТИ К***, ЈАС ДА ПЛАЌАМ ЗА ДРУГИ БЕ? ШТО СМЕ НИЕ ДРУГИТЕ НИЖА РАСА? :mad: :mad: :mad:

Иначе тоа се однесува на вработените во ЈСП и тоа што цела нивна фамилија се вози гага.

Нејќев да навлегувам во тоа која влада како не дупи и кој и како е на удар, темава е за поскапување на билетите на ЈСП.
Знам дека се однесува на вработените на ЈСП и убаво ти одговорив дека истите плаќаат за таа месечна слободна а освен потесно семејство друг нема право да се вози со неа и контролор може слободна да ја одземе слободната ако ја затекне кај некој друг.
Ти дадов и пример за тоа па повели објасни го тоа и побарај од нив да ги скинат службените мобилни зашто ти не збориш доволно на мобилен месечно.
 
Туку мене многу ме интересира кај идат парите од рекламите залепени/закачени на/во автобусите на ЈСП?
 
Јас искрено, се чудам како до сега не ги поскапеа. Да, тие огромни трошоци треба да се платат од некаде. Секако дека товарот го сносува народот.
 
Трошоците за гориво, во ЈСП, се на ниво под 10%, на сите трошоци. Никакво оправдување нема ова поскапување. Зошто се прави ова, стварно не ми е јасно.
 
Туку мене многу ме интересира кај идат парите од рекламите залепени/закачени на/во автобусите на ЈСП?
Па, у новчаник, џеб, може и у некоја кафана....
 
Од денес официјално се поскапени картите. Баш стоев кај шоферот и сите по 30 му даваат овој на секој посебно му кажува дека е поскапено. Греота. :pos:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom