Сонови, толкување на сонови

Член од
17 ноември 2011
Мислења
4
Поени од реакции
0
Порано многу често сонував како да паѓам од негде, од скали или од тераса, и онака ептен глупо е чуството, како да ти излегува нешто од стомакот... :oops: А нај лошо е што паѓањето беше slow motion, како во матрикс. Уфф.. ептен го мразам тој сон. Добро е во последно време не сум го сонувал :D
Сонувал некој од вас вакви работи? :)
Jas nekolku pati imam sonuvano isto kako pagjam od terasa i nekako e kako slow motion, se osekjam lesen epten i dodeka padnam na zemja ili ke se razbudam ili ednostavno ke se prefrlam vo nekoj drug son i taka..
--- надополнето: Nov 17, 2011 9:57 PM ---
и јас често сонувам како да паѓам од некоја зграда,некој кров или авион.многу е језиво чувството пошто пред да паднам секогаш се будам извадена од памет!Викаат тоа најчесто се случувало одма кога ќе заспиеш па си способен да го осетиш сонот ама не си свесен дека не е реално.И јас признавам дека е интереснен филингот ама...не би сакала до толку често да го осеќам :roll:
Da, nekako uste ne si zaspan vistinski i na nekoj nacin go osekjas pagjanjeto i posle toa vistinski se zaspiva. Posle toa mozno e da sonuvas uste nesto ili ednostavno da se razbudis
--- надополнето: Nov 17, 2011 10:13 PM ---
А ви се случило ли да се движите во сон, да "прошетате" низ соба или низ куќа?

Кога бев помалечка имав неколку такви "екскурзии" (ни една надвор од дома) од кои една беше прилично непријатна - се разбудив на тераса со едната нога преку ограда, а сонував дека скокам ограда. Не сакав да одам на спиење денови после тоа. Веќе неколку години спијам мирно како бебенце ама не можам да ги заборавам утрата кога ќе се сетев дека сум шеткала во сон :lol:

Слични искуства?
Јас имав сличен сон:
Касно беше веќе накај 1 и си легнав да спијам со ролетните кренати.
Од креветот право се гледа куќата на комшиите спроти мојата куќа.
И така сум заспал секундарно. И почнува сонот...

“Се будам јас и станувам од креветот со истите пижами. Погледнувам низ прозор и ја гледам куќата на комшиите. Излегувам од дома неосетно и не се сеќавам каде одам. Одеднаш, пак се наоѓам во некој кафиќ, непознат, и имаше неколку луѓе. Се појавува комшијата, истиот тој што живее во спротивната куќа. Вади нож и ми го става на грлото и ми вика да му ги дадам парите. Јас сум имал околу 500 денари и неколку банкноти од по 5 евра. Бев многу исплашен, стварно го осетив ножот на грлото додека сонував. Тогаш келнерот му вика на комшијата да ме пушти но тој одбива да го направи тоа. И така јас му ги дадов парите и тој исчезна. После тоа одев некаде по некои туѓи куќи и згради но незнам каде. После тоа пак се враќам во мојата соба, ненадејно и пак гледам низ прозор. Што ќе видам - пред куќата на комшиите има мртовечка кола. Јас со страв излегувам од собата и одам во дворот во куќата. После тоа колата не беше таму. Јас пак се качувам по скалите одам во детската соба, и си легнувам во кревет.“
Кога се разбудив бев навистина преплашен и целиот испотен. Овој сон ми бил најреалистичниот сон што некогаш сум го сонувал. Најјасниот сон, како да имав контрола во сонот. Чувството е неописливо. Незнам што е?! Сеуште му го немам кажано сонот на комшијата што го сонував.. :D :D
Има ли некој со вакви слични соништа?
--- надополнето: Nov 17, 2011 10:22 PM ---
Interesna tema za forum se ovie sonovite...
 
Член од
26 декември 2008
Мислења
608
Поени од реакции
236
Цар сонував, раскоршно облечен, и царот беше после
до нас.

И после имаше ниви со пченка и беревме со незнам трактори
и комбајни пченката.
 
Филозофка

Amelie Poulain
Член од
21 јануари 2009
Мислења
1.680
Поени од реакции
524
Сонував еден кошмар, од прилика вака беше, се наоѓав во еден мрачен свет, како во полуподрум, беше како во подрум но на отворено, како да речам, растурано како во депонија но сепак имаше кревети, како згради полуурнати и слично, требаше да спијам со еден млад дечко, помлад од мене, но не сакав, и почнав да летам, прелетував по местото барав каде да одам и на крај налетав на една соба кај што спиеја многу луѓе, но со ќебињата над глава, почнав да летам над нив, да им ги откривам главите да ги видам, и што да видам ,збрчкани баби и дедовци, легнале спијат како мртовци со скрстени раце, сакав да легнам имаше уште празни кревети, но некако почнав да размислувам, и дечкото ми рече епа кога не сакаш да спиеш со мене ете ти сега иди кај нив,,,,,,.............. и така заврши сонот
молба:некој поупатен нека го толкува ако може
 
S

Sattva

Гостин

Ne deka sum "poupatena", ama aj da probam :)

Tvojot son ukazjuva na nekoi stravovi, stavovi, sekjavanja, nachini na odnesuvanje, odgovornosti (so dr. zbor: emocionalen tovar) i sl. od koi sakash da se oslobodish ili da gji otfrlish. "Mladichot" e onoj zjiv i AKTIVEN del od tebe koj saka da ti pomogne, no ti uporno se trgash, t.e. begash od toa soochuvanje, najverojatno poradi nesigurnost, i gi razvlekuvash i odolgovlekuvash problemite, i vnimavaj do koga kje terash taka. Slikata so "starcite-mrtovci" i tvojata zjelba "da legnesh do niv" ne e voopshto prijatna i e zastrashuvachka! Poslushaj go mladichot i pridruzji mu se bez strav, tamu mozjesh da odmorish mirno :)
 
Член од
24 ноември 2011
Мислења
196
Поени од реакции
111
што значи кога сонуваш дека јадеш?
седев, јадев скрос сам а имаше доста јадење како за повеќе луѓе.
знам дека не е нешто важно во споредба со други соништа што до сега ги читав, сум сонувал и уште посликовити ствари ама овој некако ми остави подлабок впечаток, беше посериозен некако
 
Тоа би можело да значи и желба за независност, но во твојот случај: меланхоличност, осаменост, депресија, опаѓање на духот... отфрленост од најблиските, семејството... размисли за твојата состојба и обиди се да ја подобриш :)
 
Член од
24 ноември 2011
Мислења
196
Поени од реакции
111
Тоа би можело да значи и желба за независност, но во твојот случај: меланхоличност, осаменост, депресија, опаѓање на духот... отфрленост од најблиските, семејството... размисли за твојата состојба и обиди се да ја подобриш :)
точно се е точно....баш така се осекам
да пробам некако ама тешко дека ке се подобри за сега, малце е густо
 
Член од
2 ноември 2011
Мислења
68
Поени од реакции
81
Не сакам да звучам грубо, но го сонував мојот дечко како се претвора во ѓавол. Ликот му стана премногу страшен, над очите имаше како некои израстоци. Знам само дека се исплашив, сакав да побегнам од него, но премногу се плашев да не ми направи нешто. Премногу беше реален и воопшто не ми се допаѓа сонот. Претпоставувам што значи но сепак сакам да слушнам и друго мислење.
 
A

AnFem

Гостин
Морам да го споделам сонов, ме полуде тотално!

Ќе го прескокнам почетокот... Моментот што ме јаде цел ден... Јас на дното на морето/океанот, крварам, а над мене огромен број на ајкули пливаат, а успат одеше почетоков на песнава:

Член од
31 јули 2006
Мислења
2.537
Поени од реакции
700
Сонував еден кошмар, од прилика вака беше, се наоѓав во еден мрачен свет, како во полуподрум, беше како во подрум но на отворено, како да речам, растурано како во депонија но сепак имаше кревети, како згради полуурнати и слично, требаше да спијам со еден млад дечко, помлад од мене, но не сакав, и почнав да летам, прелетував по местото барав каде да одам и на крај налетав на една соба кај што спиеја многу луѓе, но со ќебињата над глава, почнав да летам над нив, да им ги откривам главите да ги видам, и што да видам ,збрчкани баби и дедовци, легнале спијат како мртовци со скрстени раце, сакав да легнам имаше уште празни кревети, но некако почнав да размислувам, и дечкото ми рече епа кога не сакаш да спиеш со мене ете ти сега иди кај нив,,,,,,.............. и така заврши сонот
молба:некој поупатен нека го толкува ако може
Подрум е дел од куќа, а куќата си стално ти. Подрумот е нашата сексуалност и потсвест. Во какво стање е собата кажува многу за твојата лична состојба. Лом. Мрачниот свет е дел од самата себе што сеуште не го разбираш. Сите лица што ги среќаваш - тоа е се дел од тебе, аспекти. Покриени преку лице се затоа што ги криеш или сеуште не си запознала. Кревет е мост измеѓу свеста и потсвеста. Тоа што тражиш празен кревет можеби е обид да се осамосталиш? Пошто кревет некгаш значи и самосталност и она „жнееш што ќе посееш“.
--- надополнето: Nov 29, 2011 1:15 AM ---
Морам да го споделам сонов, ме полуде тотално!

Ќе го прескокнам почетокот... Моментот што ме јаде цел ден... Јас на дното на морето/океанот, крварам, а над мене огромен број на ајкули пливаат, а успат одеше почетоков на песнава:
Вода се емоции, а крв е цедење на енергија. Ајкулите се или луѓе што емотивно те разараат и ти ја цедат енергијата или аспект од самата себе што си го прави истото.
 
Член од
10 септември 2010
Мислења
28
Поени од реакции
0
sto znaci dokolku sonuvas kako setas niz park a pozemjata ima covecki koski i jas odam i gi krsam koskite :D
 
S

Sattva

Гостин
Подрум е дел од куќа, а куќата си стално ти. Подрумот е нашата сексуалност и потсвест. Во какво стање е собата кажува многу за твојата лична состојба. Лом. Мрачниот свет е дел од самата себе што сеуште не го разбираш. Сите лица што ги среќаваш - тоа е се дел од тебе, аспекти. Покриени преку лице се затоа што ги криеш или сеуште не си запознала. Кревет е мост измеѓу свеста и потсвеста. Тоа што тражиш празен кревет можеби е обид да се осамосталиш? Пошто кревет некгаш значи и самосталност и она „жнееш што ќе посееш“.
--- надополнето: Nov 29, 2011 1:15 AM ---

Вода се емоции, а крв е цедење на енергија. Ајкулите се или луѓе што емотивно те разараат и ти ја цедат енергијата или аспект од самата себе што си го прави истото.
1. Ме натера да изнесам минимален дел од толкувањето што го избришав во врска со овој сон, значи само ќе додадам дека станува збор за грижа на совест и секакво емоционално ѓубре што влече корени од минатото претставено преку ликот на “помладиот“ од тебе, “дечко“, кој воедно, како што претходно напишав, е оној активен дел од тебе кој сака да ти помогне да го пронајдеш сопствениот мир, а од чие соочување ти упорно бегаш, “леташ“, се залажуваш... се стремиш кон пасивно негирање на она што предизвикало/ува депонија, урнатини во тебе, мислиш дека така ќе го пронајдеш мирот (квантитетот на смрт т.е. “мртвите старци“ говори за твојата желба да се повлечеш), го посакуваш тоа... но има еден светол сегмент во сета мрачност и трошка надеж дека можеби сепак ќе ја смениш насоката на твојата желба и ќе се вратиш во претходната соба и внимателно ќе размислиш за причината на ваквиот немир и грижа на совест, ќе се соочиш и радикално ќе го расчистиш целиот неред во тебе. Потоа ќе можеш помирно да спиеш :)

2. Во врска со овој сон се сложувам во потполност. Само ќе се надоврзам дека тие “ен. цицачи“ се оние луѓе кои се обидуваат да ги наметнат своите идеали во, пред се, љубовниот живот на оваа личност, и само еден мал аспект од неа кој наметнува осаменост.
Песната не е случајно дел од целото ова патување, мислам дека и AnFem ќе ги разоткрие делумно нештата водејки се според неа.
 
S

Sattva

Гостин
sto znaci dokolku sonuvas kako setas niz park a pozemjata ima covecki koski i jas odam i gi krsam koskite :D
Коските мислам дека се еден од најлошите сигнали што доаѓаат од сонот. Поготово човечките.

Трагедии или смрт на личност, луѓе кои некогаш си ги почитувал.
 
Mark Renton

I live by the tune, I die by the book
Член од
12 ноември 2009
Мислења
5.369
Поени од реакции
4.898
Ае вака.Сонував како со некој човек (не го памтам) се најдуваме пред еден старец кој вади пред нас змија која била стара 98 години. Е сеа јас се плашам од змии и почнав во сонот да се тргам на назад и старецот пресече од змијата должина која означувала 2 години за да добиел 100ка (незнам како дојде до ова рачунање..) . И сеа се најдов дома во мојата соба и змијата (таа од 2 години) се скрила под моите два учебници кои се наоѓаа над печката и ми беше страв да се приближам и притоа се разбудив..
 
S

Sattva

Гостин
1. Се било како во реалноста, како баш во тој момент во кој спиев, ама буквално се!
Се наближува и над моето тело застанува една премногу густа маса од сенки (сигурна сум дека беа три иако, како намерно да сакаа да помсилам дека е една), дел од неа се стреми кон мојот врат, а другите две се вгнездуваат во срцето... добивам астрална информација дека сакаат да ми ги нападнат тие ен. центри... се престрашувам и почнувам да покажувам напори да се разбудам (знам дека сонувам, а на моменти како да не знам). Не можам никако да разбудам, се гушам... мислам дека целиот тој период реално немам дишено или едвај сум се изборувала да дојдам до мал здив. После толкава борба со нив, несетно ја напуштам собата и сакам да ги разбудам моите родители, да им кажам што се случува, да престанам да се плашам покрај нив... но тие никако не се будат, или незаинтересирани, продолжуваат да спијат во различни соби. Така неколку пати, и целото тоа време додека станувам и ги барам мислам дека сум будна. И упорно пак се наоѓам во креветот заробена од сенките, пробувам да ги тргнам од мене, им се дерам, веќе не се плашам од нив, само сакам да си одат и да ме остават да дишам... веќе сум на самиот праг да престанам засекогаш да дишам... и некако како целосно да се одделив од од нив, кога за последен пат почувствував дека сум будна. Го викам татко ми, тој ѕирка од вратата, јас емоционално еруптирам од среќа што сум се ослободила од “нив“, си зборувам со татко ми, му викам да излезе од собата... ја отварам неговата врата бидејки тој не знам зошто не го стори тоа, и што да видам зад него и во целата соба: икони на сите страни, како мини црквичка... ама на иконите ги немаше светците, т.е. на прв поглед тоа беа вистинските светци, ама нивните ликови се губеа веднаш после тој поглед и се помрачуваа, а ги задржуваа истите силуети... И јас тука почнувам да му се дерам на татко ми: “Пак ли се молеше? Ти реков ли?! Ти реков ли да се молиш?! Ти ги донесе тука! Цело време ти велам дека тие ми го прават тоа, а тебе воопшто не те интересира/м!“, и го земам за рака и го носам со трчање подалеку од тука. Бегаме, сакам да го спасам него повеќе, отколку мене... и трчаме на едно место што е всушност дворот од школото каде јас учев средно. Тука ни се придружува една готска дама на која јас некако и љубоморам бидејки се сомневав дека му е љубовница на татко ми. И го натерав татко ми да ми ја признае вистината, тој се заколна (не се сеќавам дали дека му е или дека не му е љубовница)... и сите тројца влеговме во една бела сала или така нешто. И тука зборуваме нешто, се осеќаме безбедно... и наеднаш ја кревам главата и салата почнува да наликува или се трансформирала во црква. Јас повторно се иритирам, и иако изморена од идејата дека “тие“ никогаш нема да не остават на мира, почнувам да се тепам и да мавам со тупаници низ воздухот. Делуваше како дека се е чисто, но јас како да знаев каде се тие, и на тие места и мавав. За момент се свртев и го здогледувам татко ми закачен на еден од ѕидовите како пајак, од другиот ѕид ми зборува 2Д портретот на мојата професорка по биологија и ми вели дека треба да бидам истрајна и издржлива како моето внуче (и тоа се најде до мене), дека само така ќе успеам.
Мислам дека тука се заврши.

2. Имало некоја прослава во дворот од нашата куќа, многу народ... мислам дека во чест на сестра ми. Ама јас не можам да бидам потполно среќна затоа што во истиот ден бил погребот на дедо ми, наводно тој починал пред 2 недели (во реалноста тој почина ова лето). Телото сме го чувале во сандак во кадата, не сум отишла да го видам, но знаев како изгледа: некако посивено, отворени очите и устата, по некоја пајажина... навистина сум се чувствувала многу лошо што телото било принудено уште да чека и да се уништува. Сум влегла во собата од баба ми и дедо ми, сум барала нешто... во тој момент тотален молк во дворот, и наеднаш ми се расчистува глетката кон сестра ми, која станала од масата за да испее некоја нејзина композиција. Музиката започнала... така длабока и прекрасна... но сестра ми од трема не можела ни уста да отвори... се откажа, си седна. Во тој момент пак се наведнувам и барам нешто (не на подот), и тука влегува еден дечко, маж (знам за кого се работи, но никогаш во животот не сум го видела физички, ни слика...), ми зборуваше нешто и се вртам одзади и гледам три зелени, со цветно-шумски дезен, фустани, и трите деколтирани, отворени... ми рече: “Разголи се!“.
И после пак барам на истото место, влегува друга личност и ме прашува кога ќе биде погребот, јас сум и одговорила нешто вака: “Првин забавата, после ’аватарот’!“, и во тој момент повторно го видов во мислите телото на дедо ми, пак истата замисла...

3. Не се сеќавам на почетокот на овој сон, ама мислам дека бегав од нешто цело време, нешто не беше во ред атмосферски. Во куќата од другите баба и дедо го здогледувам покојниот дедо, тој цело време ми ги гали рацете, се смешка, пресреќен е, ми зборува со погледот, со полни очи сјај... сме се приближиле кон нестабилната тераса од куќата, сме биле на самиот раб од вратата... “Дедо ми“ погледа надолу, со поглед ме замоли да скокнам. Јас почнав да се сомневам дека тоа е тој, и јас со поглед го замолив тој прв да скокне, и скокна... неговото тело не падна на подот туку астрално помина преку него и исчезна... Не се сеќавам добро што потоа се случи.
Во продолжение трчам кон едно место каде во реалноста има болница, тука се случуваат некои воени конфликти, бомби од сите страни, бркотници... меѓу напаѓачите беше и таткото или братот на една, едвај, познаничка, која исто така бега од напаѓачите. Јас се упатувам кон едно паркирано возило, ама гледам прво неа да ја сокријам под него, па за мене ако се најде место, се најде. И така и јас без некој проблем се сокрив тука... таа личност исчезна... и чувствувам дека нештата надвор се поопасни од кога и да е. Излегувам од таму и наеднаш се стрчувам неприметливо кон една куќа, сум знаела добро каде одам, “сум била тука и порано“... Во дворот било потемно отколку надвор, и по патот одминувам едно ВЦ, имало жена внатре... и поместувам една мала, стара, распарчена порта и одеднаш се наоѓам на тоа место што сакав да отидам, веднаш до жената, само од другата страна. Тука беше најтемно, мислев дека никој не би можел да ме пронајде... беше како еден карпест пат (0,5 м широчина, едвај стоев) кој го заобиколува тој дел од имотот, под него би требало да се наоѓа или порано течела една тесна река... Жената ме осети, ја подаде главата кон мене и мислам дека ме виде. И покрај тоа што се повеќе се оддалечував од портичката и се повеќе и повеќе одев кон темницата, која беше попријатна отколку целата таа атмосфера во претходните сцени со конфликтите... мислам дека и не ме плашеше, само сакав да бидам што е можно подалеку од “прогонувачите“. Не се сеќавам добро, ама мислам дека таа почна да вика, и претпоставувам дека би продолжила во бегство, ако сонот веќе би требало некако да продолжи.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom