A1 Net кабелски Интернет - генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Swifty
  • Време на започнување Време на започнување
Никад ни на крај памет не ми паѓало дека у Македонија некогаш ќе има волку брз и стабилен интернет. Стварно браво за Blizoo.

Шо бе „брз и стабилен“. Вчера околу 11 ми падна интернетот, а ноќеска некој си играл и сабајлево сите канали на кабелската беа измешани. Ќе треба пак да сурфам со тоа даљинското.:mad: Шутраци!
 
Шо бе „брз и стабилен“. Вчера околу 11 ми падна интернетот, а ноќеска некој си играл и сабајлево сите канали на кабелската беа измешани. Ќе треба пак да сурфам со тоа даљинското.:mad: Шутраци!

Мене ми падна накај 3 часот и по 10 минути дојде.

А каналите не се само кај тебе изместени, и кај братучед ми во куќата до мене се, ги менуваат фреквенциите или не знам што. Им се случува по еднаш годишно негде вакво нешто. Стрпи се може самите ќе се вратат ко што си биле.
 
Малце не се фер...немам интернет заради неплатени сметки, но не станува за тоа збор (финансиски проблеми). Зошто сега после неполна недела бараат да им се плати последната сметка (значи треба поправило 10 дена после примањето на сметката). Ај и тоа не го рачунам зотоа што можеби поштарот доцнел којзнае...Него друго ми е муабетот:

Коа целиот мој реон немаше нет 1 цела недела и 2 дена (2та дена кои нема да ги рачунам), кејблтел НЕ ГИ ОДБИ тие 200 денари. Бидејќи по нивната полиса, ако мојот нет е 600 денари месечно, они наплатуваат по 200 денари на третина од месец...Месецот има претежно 3 недели + 1 зависно за кој месец станува збор, значи поправило -1 недела -> -200 денари. Ако не би имале 2 недели тоа се минус 400 денари, поточно 420 колку што они ни бараа долг зотоа што бевме приклучени во втората третина од месецот јули и зотоа толку пари имавме долг.
Сега ја слободно можам така да им барам и за претходен месец (али за тој кога немавме нет ја плативме целосната сметка од 599 денари), али незнам колку ќе се исплати, само ќе кажат:
“повелете ливче, потполнете ја жалбата и ќе ја разгледаме“.
Фак хис мадер, не се исплати. Ќе си продолжам да си се викам Трпе Трајковски па шо биде нека биде.
Да ти одбие оператор во мкд од сметка пошо си немал нет
Да се случува да одбијат. Истиов оператор, мене два пати ми одбија. еднаш ми одбија 250 ден. (немав 4 дена интернет) а последниов пат 150 денари(за 3 дена). Но мора да има приговор. И обавезно приговорот нека ви го копираат пред да ви го заверат, потоа барајте и на вашата копија да има потпис и печат.
 
еве од странски тракер кај мене како оди
5eTY1.jpg
Лолз . друар кој пакет го користиш па down speed имаш 8.2 mb/s ????? и преку која страна симнуваш торенти ????
 
Само мене така ми се чини, или пакетиве поскапи се со Blizoo сега?
 
еве од странски тракер кај мене како оди
5eTY1.jpg

Kако симнуваш од странски торент со таа брзина? јас до сега таа брзина сум ја постигнал само на Rutracker.org.

Јас стварно не знам за што ќе се жалиш во АЕК?

Или ај онака...

Како бе незнаеш? добива 6 пати побрз интернет од тоа што плаќа, и касни 10 дена со плаќање па го исклучиле, замисли еј!!!!!! ти не би се жалел?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom