Дали Господ казнува?

  • Креатор на темата Креатор на темата Cool Hand Luke
  • Време на започнување Време на започнување
Ќе ми мериш пулс сега? Ок ајде да видиме...
Според мене казна од некој кој е над тебе (пр. Бог) е спречување во некоја твоја цел.
Не бе, пулс не ти мерам :)
Секое размислување(контемплирање) на оваа тема ги
руши илузиите со кои е таа поврзана.
За да прифатиш казна, прво треба да прифатиш
дека некој е над тебе....убаво пиша самата. :)
Целиот штос е што нема никој над тебе, така да
по автоматизам нема ни казна.
Замисли си да правиме генетски манипулации со ДНК на
мајмуните. И они испаднат паметни...на почетокот ќе
им бидеме како богови, додека се опаметат. После тоа
нема да не ебат 2%. :) Takва е нашата поврзаност со богот
од библијата. Колку што би биле богови на паметните
мајмуни толку "боговите" од библијата се наши богови.
 
Дечко, толку ефтин софизам не поминува ни кај дете од 12 години. Незнаењето е дериватна состојба од знаењето, исто како што непостоењето го разбираме само како спротивност од постоењето, што е самата суштина на онтолошкиот аргумент. Бог не може да се преправа дека не знае нешто, затоа што знаењето е неговата суштина...

Она што ти базично го велиш е дека Бог како семоќен има моќ да биде немоќен. Не звучи баш сјајно, а?

Тоа навлегува во дебата за природата на Бог. Не е постигнат консензус за постоењето на Бог, а не пак да зборуваме за неговата природа, колку можеме да ја спознаеме и што би значела семоќност на Семоќно Битие.
 
Значи не сакаш да навлегуваш во дебата за природата на Бог, но ти се чини дека е оправдано Бог да казнува?

Интересен аргумент, само малку мазохистички...

;)
 
Значи не сакаш да навлегуваш во дебата за природата на Бог, но ти се чини дека е оправдано Бог да казнува?

Интересен аргумент, само малку мазохистички...

;)

Никогаш не сум рекол дека е оправдано Бог да казнува.
 
А како тоа Господ казнува? Како ја одмерува казната - санкцијата, висината на казната, карактерот на стореното дело, тежината на делото..?
Има ли dolus (умисла) во делото, како ја одредува умислата? Како ја одредува вината (culpa)? Како actus reus (кривичниот акт - намерата)? Како ги одредува елементите на вината (mens rea)? Како ја одредува небрежноста?

Ќе може ли некој мене ова да ми го објасни, оти да не ја фрлам дипломава - дипл.Правник, за џабе!
 
Некој очигледно е слеп, само што тоа не сум јас. Да не видиш лага во случајов е најтежок вид на слепило што постои.
А за тоа кој ја читал библијата а кој бара стихови по интернет, најдобро кажува твојов лапсуз, со кој негираш дека во одредени преводи, е нагласено дека на Адам и Ева им е забрането дури и да се допрат до дрвото. Но за да го знаеш тоа, треба да прочиташ нели.
И те молам, бидејќи ти си ја читал библијата, а јас не, посочи ми стих каде се потенцира дека ќе умрат ДУХОВНО!

И на тебе еден ден во идризово сигурно би ти бил како илјада, но тоа незначи дека ти си поминал илјада години таму.
Илјада години не се исто што и "како илјада".
Вакви ментални гимнастики кај мене нема да ти поминат никогаш. Факт непобитен е дека библискиот бог ги создава Адам и Ева без сознание за добро и зло, ги лаже и потоа ги товари за одговорност и покрај тоа што самиот ги создал без сознание за добро и зло.

Ако си Слеп пред работите биди!

ти кажав Библијата е книга која поврзана од првиот до последниот збор како мрежа.
Дај ми објаснување за зборот Смрт? Од каде потекнува тој збор???
 
Ако си Слеп пред работите биди!

ти кажав Библијата е книга која поврзана од првиот до последниот збор како мрежа.
Да погодам....ти таа "мрежа" ја плетеш како баба што плете чорапи нели? Се ти е јасно, ама несакаш да се замараш со нас слепците.
Дај ми објаснување за зборот Смрт? Од каде потекнува тој збор???
Смртта е темелот, врховната причина и двигател кој стои како оправдување на секоја глупост отелотворена во догмите на мнозинството религии. Колку и да е голема, се додека таа глупост дава надеж дека ќе ве спаси од смртта, вие ја сметате за единствената вистина и се што ја компромитира таа "вистина", станува дело на злото и ѓаволот.
Смртта е вперениот пиштол во разумот, на оние за кој е поприфатливо да битисуваат како бедни и понизни, одколку да бидат свои на своето. Смртта е она што создава ужас во вашиот ум, помислата дека еден ден нема повеќе да постоите, дека ќе бидете анихилирани.....
Смртта е вашиот најголем непријател, кој колку и да го негирате, ќе ве порази еден ден.
 
Да погодам....ти таа "мрежа" ја плетеш како баба што плете чорапи нели? Се ти е јасно, ама несакаш да се замараш со нас слепците.

Смртта е темелот, врховната причина и двигател кој стои како оправдување на секоја глупост, колку и да била голема, се додека таа глупост дава надеж дека ќе ве спаси од неа.
Смртта е вперениот пиштол во разумот, на оние за кој е поприфатливо да битисуваат како бедни и понизни, одколку да бидат свои на своето. Смртта е она што создава ужас во вашиот ум, помислата дека еден ден нема повеќе да постоите, дека ќе бидете анихилирани.....
Смртта е вашиот најголем непријател, кој колку и да го негирате, ќе ве порази еден ден.
А ти демек на време се помири со анихилацијата.
Овие другиве ќе патат 2 мин. пред смртта.
 
А ти демек на време се помири со анихилацијата.
Овие другиве ќе патат 2 мин. пред смртта.
Понекогаш вистината не е тоа што сакаме да го видиме и слушнеме, но и покрај тоа останува вистина.
Религиите нудат лага која е пријатна за егото на верникот, лага која му вели дека ќе биде истата личност, со истите сеќавања, па дури и дека во задгробниот живот ќе ги најде и луѓето со кои живеел на земјата.
Единствена причина да се верува во таа лага, е стравот кој е темелот на кој опстојуваат религиите.
И религиите дури и не го кријат тоа! Туку напротив, го форсираат стравот како нешто позитивно, како нешто потребно! Одат до таму да го претстават како почеток на мудроста.
Затоа и богот на тие религии е претставен како судија кој казнува и наградува, како битие кое има човечки особини, што е и очигледно за битие измислено од луѓе.
 
Не е спорно тоа што го нудат религиите.
Спорна е твојата алтернатива.
Уствари ти и не нудиш никаква алтернатива.
Обвинуваш нечии патишта а ни сам немаш свој.
Што ќар имаш ти од тоа што ќе му кажеш на некого дека
греши кога и ти ја правиш истата грешка, малку видоизменета?
 
Дај ми објаснување за зборот Смрт? Од каде потекнува тој збор???

А ти знаеш од каде потекнува зборот смрт?

А сакаш објаснување за потеклото на англискиот збор за смрт - death, францускиот - mourir - ou mourir, на латински - mors, шпански, корејски, грчки...? На кој јазик бараш потекло на зборот?

Бидејќи англиското еве ти го...
death O.E. deað "death, dying, cause of death," in plura, "ghosts," from P.Gmc. *dauthaz (cf. O.S. doth, O.Fris. dath, Du. dood, O.H.G. tod, Ger. Tod, O.N. dauði, Dan. død, Swed. död, Goth. dauþas"death"), from verbal stem *dheu- (3) "to die" (see die (v.)) + *-thuz suffix indicating "act, process, condition." Death's-head, a symbol of mortality, is from 1590s. Death row first recorded 1940s. Death knell is attested from 1814; death penalty from 1875; death rate from 1859. Slang be death on "be very good at" is from 1839. Death wish first recorded 1896. The death-watchbeetle (1660s) inhabits houses, makes a ticking noise like a watch, and is superstitiously supposed to portend death.

Она што ти бараш е што претставвуа смрта а не што значи... еве ти иначе „дефиниција“ - Смрт е постојан крај на биолошкото функционирање на секој жив организам.

Иначе, ќе одговори ли некој на моине поставени прашања погоре?

П.с. ми се допаѓа оваа римска изрека - "Mors ultima linea rerum est" (Death is everything's final limit)
 
Не е спорно тоа што го нудат религиите.
Спорна е твојата алтернатива.
Уствари ти и не нудиш никаква алтернатива.
Обвинуваш нечии патишта а ни сам немаш свој.
Што ќар имаш ти од тоа што ќе му кажеш на некого дека
греши кога и ти ја правиш истата грешка, малку видоизменета?
Што знаеш ти за моите патишта? И како заклучи дека треба да ги нудам како алтернатива?!:)
Зарем ти твоите патишта ги нудиш на други?! Секој човек е посебен и си има уникатен и единствен пат.
Мојот ќар е познат за мене, за тебе не е битен, како што за тебе не е битен ни мојот пат, затоа што е мој, а не твој.
Далеку си ти од било која компетентност за да кажуваш кој греши а кој не.
 
Oткровение налуднучав текст од Јован. Ако има бог како што го опишува Јован боље да ме казни отколку да му се молам на таков кретен.

Za zal nitu tekstot, nitu Sveti Jovan bil naludnicav, tuku lugeto koi iako uporno im se kazuva da prstanat da pravat zla, tie prodolzuvaat i baraat pravdina. Nie samite ke si napravime seto toa da ni se sluci. taka da naludnicavite sme nie, ne Gospod.
 
Што знаеш ти за моите патишта? И како заклучи дека треба да ги нудам како алтернатива?!:)
Зарем ти твоите патишта ги нудиш на други?! Секој човек е посебен и си има уникатен и единствен пат.
Мојот ќар е познат за мене, за тебе не е битен, како што за тебе не е битен ни мојот пат, затоа што е мој, а не твој.
Далеку си ти од било која компетентност за да кажуваш кој греши а кој не.
А ти си компетентен да им кажуваш на христијаните дека грешат? :)
Извини ама ако на некого му се просераваш дека греши
треба и алтернативата да му ја кажеш.
Во случај да си лечиш комплекси тоа е друга работа, имаш
дозвола од мене...продолжи си.
 
Боди, ај мирен!!!
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom