„Пајканска“?

  • Креатор на темата Креатор на темата TpH_Bo_OkO
  • Време на започнување Време на започнување
Хехехе... 1300/1500 како го прави тоа што новиве деца го знаат како дрифт... па Лада се живо од 2101 до 2107... со посебен акцент на 2103 и 2106... за стари бембари и сл. со заден погон и да не правам муабет...
 
Еве ви пример...како тоа америчките "милицајци" добро го навежбале:

 
Ја изваде сајлата од рачната татко му на Фордот, и завршивме со цајканските јас и другар ми. Инаку беше нагло лево и нагло десно па нагло на рачна :icon_lol:.
 
Инаку до сега најмногу лудории сум правел со Лада Нива... Колку е лесно да ја занесиш задницата на малку снег, а и под рачна ја имам вртено на празен паркинг, онака за ташак и забава... + имаш 4х4 погон, и да сакаш неможиш да заглавиш на паркинг. Исто така Ескордот доста добро се вртеше под рачна, експериментирав на влажно време башка гумите назад ми беа за менување... некако шубе ми е да експериментирам на суво, мада да имам пар гуми за фрлање, би пробал.

п.с. можеби нешто со мерцедесот ќе снимам... сабајле на влажното убо шеташе задницата :)
 
Лошо смрди од гумите, Џиш...
чекам да падни снегче малце... и паркингот пред спортската сала стално во 1 сато навечер е замрзнат. Таман за егзибиции праење :) Ем нема да смрди, ем нема коли. Ако неможи со мерцедесо, со аудито ќе можи...
 
Дефинитивно... Луди Макс, кој го има гледано, знае :)

Пред да имаат фичо, имаа фиат 1300 како милициско возило... тек потоа се префрлија на 101. Лада (освен Нива), никогаш се нема појавено како возило на милицијата во СФРЈ. Во тоа време во Македонија (60-тите и 70-тите) колите по градовите се броеа на прсти, па немаше потреба милицијата некој да го брка во стилот на американските филмови.
Да, на лади нива мислев... инаку имав чичко кој работеше во милицијата во селото од каде што потекнува татко ми. Кога бев мал често одев кај баба ми и чичко ми па бидеќи скоро секојдневно идеа да го земат од дома за на работа сум се пентарел по тоа плаво бело фичо... атракција е милициското фичо верувајте ми :D :D :D btw зборам за крај на 80-ти почеток на 90-ти... фичовците беа исфрлени во градовите ама по селата ги имаше :D
 
Нема прекидач за да го исклучиш?

Не сум чепкал по компјутерот.Треба да проверам во drivetrain&chassis,спорт да му ставам да видам како ќе реагира
--- надополнето: Nov 24, 2011 10:41 PM ---
чекам да падни снегче малце... и паркингот пред спортската сала стално во 1 сато навечер е замрзнат. Таман за егзибиции праење :) Ем нема да смрди, ем нема коли. Ако неможи со мерцедесо, со аудито ќе можи...
Може,може со мерцедесот заден погон е.Малце поголема гас и да видиш како се дрифта,а со аудито преден погон крената рачна гас до крај и се прави на ауди знакчето
--- надополнето: Nov 24, 2011 10:44 PM ---
Лошо смрди од гумите, Џиш...
Убаво затворени прозори и нема лоша миризба,може само маглата да ти попречи
 
Пајканска или цајканска правевме како мали со точак ќе се залетаме и стискам задња и урнебес, како сум ги фаќал кривините тоа е чудо:pos:многу филмови гледање тоа е...:D
 
Не сум чепкал по компјутерот.Треба да проверам во drivetrain&chassis,спорт да му ставам да видам како ќе реагира
Абе треба да има ESP дугме на таблата некаде... ако веќе го има како такво, и да можиш рачно да го исклучиш. Ако нема, јебига, си требало тројка да купиш, две имаше брачет ми, и двете имаа :) па праевме чешити. Инаку тројка со 2.5 TDS со 150 кс, без ESP = самоубиство. На вклучување на турбото (нормално додавање гас), чадат гумите со 1-ва и втора, толку да е лесно назад... Побрз старт некаде, нема шанса.

Може,може со мерцедесот заден погон е.Малце поголема гас и да видиш како се дрифта,а со аудито преден погон крената рачна гас до крај и се прави на ауди знакчето
Аудито е кватро, има погон на сите 4, и до сега имам пробвано, пробвано... никако нејќи појќе од 5 цм трага да остај на асвалт/земја сеедно. На снег, нема кај да мрда :)
 
Opel Calibra 2.0 :D Е таа кола плаче за дрифтање или „пајканска“ на големиот паркинг простор кој се наоѓа кај мене пред зграда.Испробано од моја страна, колата не се држи.После 3-4 круга неможеш ни волан да исправиш ни ништо додека да не застанеш во место па да тргнеш.
 
Шлајфка го викавме ова ко мали лелеле по цел ден сме голтале прашина.И од точак имам летнато :tapp:
 
Шлајфка го викавме ова ко мали лелеле по цел ден сме голтале прашина.И од точак имам летнато :tapp:

Е тоа како деца сите сме правеле. Еден од маало заврши во ограда... xD

Следново видео е интересно:


Знам дека Џиш ќе ме брише,ама имам јас со точак направено 360 степени круг,и незнам само кој сили ме држеа да не паднам од точакот.

Вака од прилика би изгледало:

Иначе во овој филмов имаше добри моменти. ;)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom