Дали Господ казнува?

  • Креатор на темата Креатор на темата Cool Hand Luke
  • Време на започнување Време на започнување
Ама го рента на резиденти, а тие смеат да си редекорираат. Додуша и мене на оградата во дворот ми напишаа CPB (City park boys) со спреј па уште не сум го преваросал, ама тоа од што ме мрзи.
 
Не бе ич не го излажа! Само му кажа дека денот кога ќе земе или се допре до дрвото на спознавање на доброто и злото, ќе умре:

Битие 2-17:
но да не јадеш од дрвото за познавање на доброто и злото! Во денот кога ќе јадеш од него, навистина ќе умреш!”

Адам и Ева живееле уште 900 години после тоа, според библијата.
Плус, еве што констатира самиот, одкако Адам и Ева се здобиваат со сознанието за добро и зло:

Битие 3-22:
И Господ, Бог, рече: „Еве, човекот стана како еден од Нас, знаејќи го доброто и злото. Да не ја испружи сега раката, и да набере од дрвото на животот па да јаде и да живее вечно!”

Дали вели, ете човекот јадеше и умре? Не! Вели ете јадеше и стана како еден од нас!
Плус, многу убаво на крај покажува загриженост од можноста покрај способноста да разликува добро и зло, и да не заживее вечно! Со што паѓа во вода тезата, дека биле бесмртни, и дека духовно умреле.
Ајде да видиме сега кој им го кажал ова што бог го констатира:

Битие 3-4,5
А змијата и рече на жената: „Навистина, не ќе умрете!
Туку Бог знае дека, во оној ден кога ќе јадете од него, ќе ви се отворат очите, и вие ќе бидете како Бога, распознавајќи го доброто и злото.

Да не препознаеш кој кажува лага во случајов, е во најмала рака дебилно.
Друга работа е тоа што упорно замижувате пред фактот дека станува збор за семоќно и сезнајно битие! Ако тој несакал некој да има одредени особини, ќе направел да нема! Поедноставно од ова единствено се игрици од телетабиси за деца до 4 годишна возраст.
Да создадеш некого, да не распознава добро и зло и да го казниш е лицемерно и садистичко дело!
Само кукавица може да гледа праведност во таков акт! Сите компарации со татковци, грниња синови и ќерки, ви паѓаат во вода, затоа што вашиот бог, библијата ни го претставува како семоќен и сезнаен.

Според моето сфаќање на Битие Адам и Ева во Едемската градина биле создадени со совршени тела, односно тела кои не старееле и биле бесмртни. Кога Бог дознал дека јаделе од Дрвото на спознанието ги казнил со смрт, односно одземање на бесмртноста и ги избркал од Градината. Потоа, ставил ангели да го бранат Дрвото на животот за да не може никој од смртните да стане бесмртен. Како што вели и самиот во Битие, спознание + бесмртност = Бог. Односно ако човек кој има моќ да спознае живее вечно, ќе може да ги открие сите тајни на Универзумот.
 
Na tebe i na site koi tuka samo zboruvate protiv Boga e celo vreme barate nekakvi opravduvanja ili pak prava. Poglednete go ova video i mnogu drugi, pa posle zborete dali Bog ne kaznuva ili dali ima pravo, a ovie grozomorni ubistva se slucuvaat vo milionski broevi sekoj den!!! http://www.youtube.com/watch?v=jrzOtPWscPg&feature=related
A Gospod Bog ni dal zivot!!!

Драга Pavlova

ова погорново нема никаква врска со мојот пост.

Ако ГОСПОД ни дал живот, тогаш нека не не казнува, а најмалку со најстрашната казна СМРТ.

Сфаќаш ли ти која е воопшто поентата????

Ако е семоќен, тогаш лесно му е да напраи да го нема тоа од видеото и еден куп други работи. НО нештата не одат во таква насока.

СФАТИ ИЛИ НЕ Е СЕМОЌЕН, ИЛИ НЕ САКА ДА НИ ПОМОГНЕ И УЖИВА ВО КАЗНУВАЊЕТО!!!!!!
 
Кога Бог дознал дека јаделе од Дрвото на спознанието ги казнил со смрт, односно одземање на бесмртноста и ги избркал од Градината.

Демек, се изненадил? Еј, си рекол, абе овој будалата каснал од дрвото на познанието !! Сигурно онаа ороспијата го натерала... :cautious: Сега ќе му кажам јас него, он мене од дрвото...

Па нели е семоќен мајка му стара, како не предвиде дека ќе каснат од тоа дрвото?

Јас да бев семоќен, ќе можев да ја согледам иднината и ќе видев дека последиците од МОЕТО стварање ќе бидат и каснувањето од дрвото на познанието, и Аушвиц. Значи, Бог знаеше дека Адам ќе касне од дрвото, и само чекаше да го направи тоа, па да го набрка.

Супер ви е Бог, праведен и полн со љубов...
 
Се разбира дека казнува, е не, песни ќе ни пее.
Порано имаше еден многу добар графит на Градежен факултет (Скопје) и секој пат си го гледав кога поминував со автобус по Партизанска. Пишуваше:

Не ме терајте да ви се симнам - Господ

Бог одредил ден кога ќе им суди на непокајаните и оние кои активно бунтуваат кон Него. Сега тие можат да се прават фраери, да се потсмеваат со Бог и сл. се додека не откуца стрелката дванаесет часот. Тогаш сите тие ќе заплачат викајќи:

„И земните цареви, и големците, и војсководците, и богатите, и силниците, и секој роб и секој слободник се сокрија во пештерите и по горските камењари, велејќи им на горите и на карпите: „Паднете врз нас и скријте нè од лицето на Оној, Кој седи на престолот и од гневот на Јагнето, зашто дојде великиот Ден на Неговиот гнев, и кој може да се одржи?“ (Откровение 6:15-17, Библијата)
 
Браво бе Чорба бре, закон си. Ти крсти се да нема Бог и казнување, инаку мајката ќе ти се плаче. Ловот на души по форуми е грев, ќе се прпелкаш во оганче...

Инаку, демек ги плашиш луѓето со постот?

До кога луѓето ќе живеат во страв од измислени Богови? До кога ќе имаат психологија на деца кои се плашат родителот да не ги казни?

Срамота е веќе, доста беше со еврејските глупости и прикаски...
 
Тогаш сите тие ќе заплачат викајќи:

„И земните цареви, и големците, и војсководците, и богатите, и силниците, и секој роб и секој слободник се сокрија во пештерите и по горските камењари, велејќи им на горите и на карпите: „Паднете врз нас и скријте нè од лицето на Оној, Кој седи на престолот и од гневот на Јагнето, зашто дојде великиот Ден на Неговиот гнев, и кој може да се одржи?“ (Откровение 6:15-17, Библијата)
Да, да....еве јас одсега плачам, жими мајка!:place:
 
Се разбира дека казнува, е не, песни ќе ни пее.
Порано имаше еден многу добар графит на Градежен факултет (Скопје) и секој пат си го гледав кога поминував со автобус по Партизанска. Пишуваше:

Не ме терајте да ви се симнам - Господ

Бог одредил ден кога ќе им суди на непокајаните и оние кои активно бунтуваат кон Него. Сега тие можат да се прават фраери, да се потсмеваат со Бог и сл. се додека не откуца стрелката дванаесет часот. Тогаш сите тие ќе заплачат викајќи:

„И земните цареви, и големците, и војсководците, и богатите, и силниците, и секој роб и секој слободник се сокрија во пештерите и по горските камењари, велејќи им на горите и на карпите: „Паднете врз нас и скријте нè од лицето на Оној, Кој седи на престолот и од гневот на Јагнето, зашто дојде великиот Ден на Неговиот гнев, и кој може да се одржи?“ (Откровение 6:15-17, Библијата)
Oткровение налуднучав текст од Јован. Ако има бог како што го опишува Јован боље да ме казни отколку да му се молам на таков кретен.
 
Демек, се изненадил? Еј, си рекол, абе овој будалата каснал од дрвото на познанието !! Сигурно онаа ороспијата го натерала... :cautious: Сега ќе му кажам јас него, он мене од дрвото...

Па нели е семоќен мајка му стара, како не предвиде дека ќе каснат од тоа дрвото?

Јас да бев семоќен, ќе можев да ја согледам иднината и ќе видев дека последиците од МОЕТО стварање ќе бидат и каснувањето од дрвото на познанието, и Аушвиц. Значи, Бог знаеше дека Адам ќе касне од дрвото, и само чекаше да го направи тоа, па да го набрка.

Супер ви е Бог, праведен и полн со љубов...

Поентата на приказната не е тоа, според мене.

Но, добро. Ако Бог е семоќен, тогаш тој би требало да има моќ да не знае нешто и да биде изненаден.
 
Дечко, толку ефтин софизам не поминува ни кај дете од 12 години. Незнаењето е дериватна состојба од знаењето, исто како што непостоењето го разбираме само како спротивност од постоењето, што е самата суштина на онтолошкиот аргумент. Бог не може да се преправа дека не знае нешто, затоа што знаењето е неговата суштина...

Она што ти базично го велиш е дека Бог како семоќен има моќ да биде немоќен. Не звучи баш сјајно, а?
 
Тебе кога некој те чита, треба со лексикон ... :P
Ако семоќноста се дефинира со знаење на се`, тогаш Бог знаел што ќе се случи и дозволил да се случи поради негови причини (еве мала помош за верниците, некако почнаа да се „губат во преводот“) :D
 
Точно така, тој знаел и дозволил се да се случи од негови причини. Неговите причини, од наш човечки аспект се ѕверски, неговото стварање и знаењето за последиците од тоа стварање го прават садист. Тоа автоматски му го одзема правото да казнува од позиција на праведност, затоа што јас сум поправеден од него, кога јас би бил Бог, јас не би дозволил тоа да се случи. Единствено му останува да казнува од позиција на сила, а овие кутрите веруваат дека тој е праведен...

За греота...

Добро беше вјеома пишува, не беше добро, беше срање заради последиците кои беа инхерентни во секој момент од Божјото стварање.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom