Дали Господ казнува?

  • Креатор на темата Cool Hand Luke
  • Време на започнување

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Римјаните 9:18 Па така: му искажува милост кому сака, а кого сака го прави корав.
19 Сега, ти ќе ми речеш: „Тогаш, зошто укорува? Зашто, кој може да му се воспротиви на Неговиот совет?”
20 Та кој си ти, о човеку, да одговараш против Бога? Зар ракотворбата ќе му рече на својот творец: „Зошто си ме направил така?”
21 Или зар грнчарот нема власт над глината: од истата смеса да направи еден сад за чесна, а друг за нечесна употреба?
Компарацијава со грнево држи "вода" колку и компарацијата со таткото и синот. Како што таткото небеше семоќен и сезнаен, па затоа го казнува синот, така и грнето нема свест, слободна воља, емоции и слично.
Да се сметаш за нечиво "Грне" кое може да биде скршено само заради ќејф на "грнчарот" е врв на глупоста! Како може некој да полага такво право, и да ме смета за сопственост, кога јас никому не напишав молба да бидам создаден, најмалку не како нечива сопственост!

Кој сум јас да одговарам против бога?? Јас сум бог на самиот себе, јас сум господарот на мојата сопствена судбина! И секој бог или човек, што ќе ми кажат дека МОРАМ да им се покорувам и да им служам, ќе бидат мои непријатели!
А вие, бидејќи за блаженство ја сметате духовната беда, тонете во неа и понатаму!
 
K

Khabs Staadnau

Гостин
Господ никогаш не казнува. Пеколот е нешто како летовање на Сутјеска.
 
Член од
24 октомври 2011
Мислења
71
Поени од реакции
28
Во Стариот завет кога Мојсеј побарал од фараонот да ги ослободи Евреите, Господ му го ожесточил срцето на фараонот та овој не попуштил и така си навлекол казна. Можел ли фараонот да одолее на тој бес или несвесно како да знаел дека мора да ја прими таа казна за се што правел, исто како и Мојсеј подоцна, кога со години талкал низ пустината по казна затоа што се сомневал во Бога иако го видел?
Ова - ко Господ телепатски да делувал на фараонот. :) Фараонот си имал своја перцепција на работите, се сам си направил.
 

Nokia music

благодат, милост и мир од Бог Таткото
Член од
15 ноември 2011
Мислења
62
Поени од реакции
3
Компарацијава со грнево држи "вода" колку и компарацијата со таткото и синот. Како што таткото небеше семоќен и сезнаен, па затоа го казнува синот, така и грнето нема свест, слободна воља, емоции и слично.
Да се сметаш за нечиво "Грне" кое може да биде скршено само заради ќејф на "грнчарот" е врв на глупоста! Како може некој да полага такво право, и да ме смета за сопственост, кога јас никому не напишав молба да бидам создаден, најмалку не како нечива сопственост!

Кој сум јас да одговарам против бога?? Јас сум бог на самиот себе, јас сум господарот на мојата сопствена судбина! И секој бог или човек, што ќе ми кажат дека МОРАМ да им се покорувам и да им служам, ќе бидат мои непријатели!
А вие, бидејќи за блаженство ја сметате духовната беда, тонете во неа и понатаму!
Напротив јас целосно му верувам на Бог и знам дека не само што нема да ме скрши, туку ќе ме зачува од секој кој ќе се обиде да ме скрши. А за тоа дека ќе одговараш пред Бога, ќе биде и тоа. Ќе дојде време кога ќе застанеш пред него и ќе ти биде судено. Твое е дали ќе се помириш сега со него или никогаш...
Јас неможам ниту пак сакам да те терам да направиш нешто што ти не сакаш.
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Напротив јас целосно му верувам на Бог и знам дека не само што нема да ме скрши, туку ќе ме зачува од секој кој ќе се обиде да ме скрши. А за тоа дека ќе одговараш пред Бога, ќе биде и тоа. Ќе дојде време кога ќе застанеш пред него и ќе ти биде судено. Твое е дали ќе се помириш сега со него или никогаш...
Јас неможам ниту пак сакам да те терам да направиш нешто што ти не сакаш.
Гледам не ја сваќаш поентата, затоа ќе ти поставам прашање од друг аспект.
Ако "грнето" е грешно направено, дали тоа е грешка на грнето или на грнчарот?

П.С. Пред никого јас нема да застанам и да давам одчет, за тоа да се случи веќе кажав што е потребно - Тој што ќе бара одчет од мене, да ми покаже барање од моја страна, каде јас лично барам од него да бидам создаден! Ако такво нешто нема, тогаш нема ни основа за да бидам условуван, поради тоа што сум создаден.
 

Nokia music

благодат, милост и мир од Бог Таткото
Член од
15 ноември 2011
Мислења
62
Поени од реакции
3
Гледам не ја сваќаш поентата, затоа ќе ти поставам прашање од друг аспект.
Ако "грнето" е грешно направено, дали тоа е грешка на грнето или на грнчарот?

П.С. Пред никого јас нема да застанам и да давам одчет, за тоа да се случи веќе кажав што е потребно - Тој што ќе бара одчет од мене, да ми покаже барање од моја страна, каде јас лично барам од него да бидам создаден! Ако такво нешто нема, тогаш нема ни основа за да бидам условуван, поради тоа што сум создаден.
Грнето беше направено сосема во ред, и згора на тоа му беше даден избор и слободна воља, па поради непослушност бидејки сакаше Грнето да биде Грнчарот ќе плати скапо за тоа! Но, и покрај тоа Бог му даде на човекот уште една шанса преку Исус Христос, а ако и таа не ја искористи тогаш има место и за тие. Пеколот ќе се исполни со такви кои сакаат да Бидат грнчарот.

Кога твоите родители бараат нешто од тебе дали ти им викаш - зошто го барате тоа од мене јас да не ви побарав да ме направите? остајте ме јас се си праам сам и никогаш никого не слушам?

Создаден си оти Бог сакал така! и немаш право да расправаш за тоа. Кога еден ден ќе застанеш пред него верувај ми, нема главата да можеш да ја подигнеш а не да аргументираш како Мачо Мен во ситуацијата.
Само како сакаш така праи си.
нема да коментирам повеќе тука оти забегавме малку од темата.
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Грнето беше направено сосема во ред, и згора на тоа му беше даден избор и слободна воља, па поради непослушност бидејки сакаше Грнето да биде Грнчарот ќе плати скапо за тоа! Но, и покрај тоа Бог му даде на човекот уште една шанса преку Исус Христос, а ако и таа не ја искористи тогаш има место и за тие. Пеколот ќе се исполни со такви кои сакаат да Бидат грнчарот.
Каква е таа слободна воља ако јас ти речам, може да носиш какви сакаш чевли, ама ако небидат црвени ќе те скршам од ќотек?
Твоето замислено садистичко пријателче, е прикажано како сезнајно и семоќно, факт пред кој повторно и повторно замижувате! Ако тој сакал ние да не "грешиме", ќе ни дадел особини со кој немало да грешиме!
Толку е едноставно! Треба да си дебил да не го сватиш тоа.
Друга работа. Твојот бог, го создава човекот без сознание за добро и зло, го лаже дека од тоа сознание ќе умре денот кога ќе посегне по него, и потоа кога неговата лага е одкриена ги казнува и проколнува луѓето затоа што згрешиле!? И апсурдот не завршува тука! За да им прости што згрешиле (иако ги создал без сознание за добро и зло), се жртвува самиот себе? Тој што сака да прости, ќе прости! Нема да режира шпански серии, за да предизвика сожалување кај другите.
Значи ако јас сакам да простам некому, треба да си ја исечам раката?
Кога твоите родители бараат нешто од тебе дали ти им викаш - зошто го барате тоа од мене јас да не ви побарав да ме направите? остајте ме јас се си праам сам и никогаш никого не слушам?
Пак истата приказна! Моите родители не се ниту семоќни, ниту сезнајни! Тие неможеле да ми предодредат особини и карактер по нивна воља. За разлика од нив, ти веруваш во бог кој е семоќен и сезнаен. Ако тој несакал да има грев, немало да има, ако несакал страдање, немало да има! Семоќен е нели? Ако се вадиш на тоа дека гревот, страдањето и злото се со цел да научиме нешто од нив, тогаш во таа слика не се вклопува казната и наградата. Зошто би казнувал, за нешто кое самиот сум го создал и тоа со одредена цел?
Создаден си оти Бог сакал така! и немаш право да расправаш за тоа. Кога еден ден ќе застанеш пред него верувај ми, нема главата да можеш да ја подигнеш а не да аргументираш како Мачо Мен во ситуацијата.
Само како сакаш така праи си.
Немам право??! Како си се зезнал тука, немаш поим!
Нема јас пред никого да застанам и да давам одчет! Најмалку пред такви садисти, како твојот замислен бог!
Веќе кажав, еве пак ќе ти повторам. Кога твојот бог, ќе ми покаже молба или барање од моја страна да бидам создаден, тогаш ќе има право да ми бара одчет. Јас никого не го терав да ме создаде, а почитта е последното нешто кое може да се добие со сила, закани и уцени. Јас ги почитувам оние кој го заслужиле тоа, а не оние кој ми се закануваат.
Но тоа е нешто кое страшливците најверојатно нема да можат никогаш да го разберат.
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.320
Кога ти се случува нешто лошо си викаш а ова ми е за тогаш што направив така, а уствари секому се случуваат непријатни работи и после си поврзува а ова е за тоа инаку генерално сите страдаат па како да ги казнува судбината.
 

Nokia music

благодат, милост и мир од Бог Таткото
Член од
15 ноември 2011
Мислења
62
Поени од реакции
3
Каква е таа слободна воља ако јас ти речам, може да носиш какви сакаш чевли, ама ако небидат црвени ќе те скршам од ќотек?
Твоето замислено садистичко пријателче, е прикажано како сезнајно и семоќно, факт пред кој повторно и повторно замижувате! Ако тој сакал ние да не "грешиме", ќе ни дадел особини со кој немало да грешиме!
Толку е едноставно! Треба да си дебил да не го сватиш тоа.
Друга работа. Твојот бог, го создава човекот без сознание за добро и зло, го лаже дека од тоа сознание ќе умре денот кога ќе посегне по него, и потоа кога неговата лага е одкриена ги казнува и проколнува луѓето затоа што згрешиле!? И апсурдот не завршува тука! За да им прости што згрешиле (иако ги создал без сознание за добро и зло), се жртвува самиот себе? Тој што сака да прости, ќе прости! Нема да режира шпански серии, за да предизвика сожалување кај другите.
Значи ако јас сакам да простам некому, треба да си ја исечам раката?

Пак истата приказна! Моите родители не се ниту семоќни, ниту сезнајни! Тие неможеле да ми предодредат особини и карактер по нивна воља. За разлика од нив, ти веруваш во бог кој е семоќен и сезнаен. Ако тој несакал да има грев, немало да има, ако несакал страдање, немало да има! Семоќен е нели? Ако се вадиш на тоа дека гревот, страдањето и злото се со цел да научиме нешто од нив, тогаш во таа слика не се вклопува казната и наградата. Зошто би казнувал, за нешто кое самиот сум го создал и тоа со одредена цел?

Немам право??! Како си се зезнал тука, немаш поим!
Нема јас пред никого да застанам и да давам одчет! Најмалку пред такви садисти, како твојот замислен бог!
Веќе кажав, еве пак ќе ти повторам. Кога твојот бог, ќе ми покаже молба или барање од моја страна да бидам создаден, тогаш ќе има право да ми бара одчет. Јас никого не го терав да ме создаде, а почитта е последното нешто кое може да се добие со сила, закани и уцени. Јас ги почитувам оние кој го заслужиле тоа, а не оние кој ми се закануваат.
Но тоа е нешто кое страшливците најверојатно нема да можат никогаш да го разберат.
Мојот Бог не го излажа човекот дека ќе умре кога ќе јаде од тој плод, човекот и навистина умре. Платата за Гревот Е Смрт. Човекот умре духовно.
Како второ човекот се раѓа со грешна природа со особини кои полесно се прилагодуваат и полесно го прифаќаат злото од колку доброто. За тоа и дојде Христос да ни даде нов живот, тотално различен и контрадикторен од тој што сме го имале до сега. Тоа е тоа што Библијата го нарекува Наново раѓање.
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Мојот Бог не го излажа човекот дека ќе умре кога ќе јаде од тој плод, човекот и навистина умре. Платата за Гревот Е Смрт. Човекот умре духовно.
Како второ човекот се раѓа со грешна природа со особини кои полесно се прилагодуваат и полесно го прифаќаат злото од колку доброто. За тоа и дојде Христос да ни даде нов живот, тотално различен и контрадикторен од тој што сме го имале до сега. Тоа е тоа што Библијата го нарекува Наново раѓање.
Не бе ич не го излажа! Само му кажа дека денот кога ќе земе или се допре до дрвото на спознавање на доброто и злото, ќе умре:

Битие 2-17:
но да не јадеш од дрвото за познавање на доброто и злото! Во денот кога ќе јадеш од него, навистина ќе умреш!”

Адам и Ева живееле уште 900 години после тоа, според библијата.
Плус, еве што констатира самиот, одкако Адам и Ева се здобиваат со сознанието за добро и зло:

Битие 3-22:
И Господ, Бог, рече: „Еве, човекот стана како еден од Нас, знаејќи го доброто и злото. Да не ја испружи сега раката, и да набере од дрвото на животот па да јаде и да живее вечно!”

Дали вели, ете човекот јадеше и умре? Не! Вели ете јадеше и стана како еден од нас!
Плус, многу убаво на крај покажува загриженост од можноста покрај способноста да разликува добро и зло, и да не заживее вечно! Со што паѓа во вода тезата, дека биле бесмртни, и дека духовно умреле.
Ајде да видиме сега кој им го кажал ова што бог го констатира:

Битие 3-4,5
А змијата и рече на жената: „Навистина, не ќе умрете!
Туку Бог знае дека, во оној ден кога ќе јадете од него, ќе ви се отворат очите, и вие ќе бидете како Бога, распознавајќи го доброто и злото.

Да не препознаеш кој кажува лага во случајов, е во најмала рака дебилно.
Друга работа е тоа што упорно замижувате пред фактот дека станува збор за семоќно и сезнајно битие! Ако тој несакал некој да има одредени особини, ќе направел да нема! Поедноставно од ова единствено се игрици од телетабиси за деца до 4 годишна возраст.
Да создадеш некого, да не распознава добро и зло и да го казниш е лицемерно и садистичко дело!
Само кукавица може да гледа праведност во таков акт! Сите компарации со татковци, грниња синови и ќерки, ви паѓаат во вода, затоа што вашиот бог, библијата ни го претставува како семоќен и сезнаен.
 
Член од
21 ноември 2011
Мислења
884
Поени од реакции
410
dali gospod kaznuva, toa ne znam , ama ako kaznuva vreme mu e da pocne , bidejki kako sto ne kaznuva veke mnogumina veke ne ni veruvat vo nego, bidejki ona sto go gedame vo opstestvoto, ispaga deka najgresnite luge najdobro si pominuvat vo zivotot , tuku mene ponejasno mi e sto imame nie so primeri od edna evrejska sveta kniga i primeri i mitovi od nivnata istorija
 

Kajgana Shop

На врв Bottom