Инвестиции во Скопје - немање стратегија(закон) за рамномерен регионален развој

Дали е потребна стратегија (Закон) за рамномерен регионален развој?

  • Да

    Гласови: 30 38,0%
  • Да, ама во пракса не би функционирал и би се злоупотребувал

    Гласови: 15 19,0%
  • Да, со ограничување на неприродното зголемување на бројот на жители во Скопје

    Гласови: 26 32,9%
  • Не

    Гласови: 11 13,9%

  • Вкупно гласачи
    79

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.145
Поени од реакции
18.173
Во последно време сме сведоци на огромни промени во ликот на главниот град.Сите тие средства се издвоени од џебот на жителите на целата земја.И немаме ништо против, се дури не се запоставуваат другите места во Македонија.А на такво нешто сме исто сведоци години наназад.
Моето мислење е со правилен (без злоупотреби) економски регионален развој, би се намалило иселувањето на жителите од други места во Скопје и би се избегнало пренатрупување на главниот град.
Ова би било изводливо на повеќе начини, односно како би се зголемувал степенот на вработеност на една општина би се намалувал (природно и со административни бариери) бројот на жители на Скопје и враќање назад во својот град на дел население (би се привлекле со намалување на одредени даночни оптоварувања) или во најмала рака би се намалило отселувањето од помалите градови.
Истотака и подобрувањето на транспортната инфраструктура (подобри патишта и пруги = побрзо патување и помала потрошувачка на гориво и резервни делови).Еден мал пример со Фени, околу 100-120 нивни камиони дневно ја поминуваат границата со Албанија, поради немање железничка врска барем до Кичево па оттаму би се транспортирала нивната суровина до Кавадарци (а железничкиот транспорт е доста поефтин).
Трето би било квалитетен образовен систем, ама не како моментално со дисперзирани студии (кои се само на хартија, во пракса имаме многу поинаква ситуација).
Регионални Универзитети (постоечките во Скопје, Битола , Тетово, Штип плус Охрид, Струмица, и Куманово).Со опција дел од факултетите да не се повторливи во секој регионален центар, со цел избегнување на преголемо производство на (неквалитетен) кадар.А дел од факултетите кои се само во Скопје да се разводнат и во другите места.

Вест од денешниот централен дневник на Сител
Инвестиции само во Скопје
23.11.2011 - 17:32 |
  • Бизнис
  • Се инвестира само во Скопје, во останатите градови не се вложува ниту денар. Закон за рамномерен регионален развој остана само на хартија.
Дури и парите за развој ги добива главниот град. Според бирото за регионален развој наместо 1% од брутодомашниот производ како што е предвидено со закон, градовите од внатершноста добиваат за 23 пати помалку, односно, наместо 70 милиони на нивна мсетка стигнувале само 3 милиони евра годишно.
Како да привлечеме инвестиции кога нема обезбеден регионален пат, немаме квалитетно напојување со струја, или има неквалитетна вода. Но најголем проблем се образованите човечки ресурси. Или се во скопје или си одат надовор од македонија, рече Киро Левески – претставник на биро з регионален развој.
Македонија е поделена на 8 региони, а 90% од инвестициите се во скопскиот и тука се сите работни места. Тоа ја зголемува и побарувачката за станбен квадрат ит не дозволува неговата цена да падне.
Препорака за рамномерно развивање стигна денеска и од странски експерти на денешната меѓународна конференција на земјите од западен балкан.
Марина Доковска
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Мислам дека најпаметно би било другиве да се отцепат. Никој не ги ферма. Битно СК2014 е тука, а некој у 21 век немаат водовод и канализација. Уживајте во античкото лудило, само скапо не чини сите тоа.
 
Член од
11 јули 2009
Мислења
1.415
Поени од реакции
962
Не можеш ти да го фатиш инвеститорот за врат и да му кажеш каде да инвестира , тој гледа каде има најповолни услови за неговиот тип на бизнис.
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846
Треба да се инвестира и по другиве градови, како на пример во Источна Македонија. Таму па ич не се инвестира. Наместо правење сплавови и нарачување непотребни споменици (шмизла, бик итн) можело да се направи нешто во Штип, Гевгелија, Берово итн....
Не мора се да е во Скопје.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.145
Поени од реакции
18.173
Не можеш ти да го фатиш инвеститорот за врат и да му кажеш каде да инвестира , тој гледа каде има најповолни услови за неговиот тип на бизнис.
Создавани се такви услови уште од време на СХС и Југославија, Скопје бил на север поблиску до Белград железнички и патно поврзан.Изграден е после и аеородром во времето на Југославија. И нормално дека би гледал најповолни услови, нов аеродром, нови улици, обиколница за неговите тешки товарни возила итн.
Ама можни се даночни олеснувања за на пример еве инвестиција во Источна Македонија.

Види кој град бил исфорсиран по врзувањето со Југославија, а пред него Битола бил главен.И види дали процентите на прираст се нормални за една европска земја.

Интересно, зголемувањето на населението во Скопје е најмало од 1981-1994 и 1994-2002 ,во време кога Македонија се отцепи од Југославија (а во меѓувреме Југославија се мачеше со инфлации и кризи) и немаше успешна приватизација при што огромен дел од големите фабрики во Скопје (ФАС ,Годел, Алумина, Хемтекс, Скопска Млекарница, Цементарница Усје, Газела итн.) се затворија или паднаа во голема криза со минимален број работници.Со нивното консолидирање (тие шо не пропаднаа целосно) и доаѓање на новиот бран фирми (на бизнисмените кои капиталот од овие гореспомнати фирми го пренесоа во нивните) одново е вратен големиот процент на природен прираст.Во тој ист период пак од 1994-2002 битола скокнала за едно 30 %.​
Скопје Битола
1913 43.331
1919 51.758 19,4 %
1926 69.269 33,8 %
1931 68.334 -1,3 %
1935 70.716 3,5 %
1948 102.600 45,1 %
1953 139.200 35,7 %
1961 197.300 41,7 % 59.001
1971 312.300 58,3 % 65.035
1981 408.100 30,7 % 78.507
1991 ------------------- 84.002
1994 448.200 9,8 % 74.464*
2002 506.926 9,8 % 102.195
2006 668.518 31,9 %
2011 > 850.000 <Процена> 110-120.000
 
S

Shellshock nam67

Гостин
Не можеш ти да го фатиш инвеститорот за врат и да му кажеш каде да инвестира , тој гледа каде има најповолни услови за неговиот тип на бизнис.
ete gledam se utepaa od sise dzam za investicii vo glavniot grad
problemot e sto mnogu giganti vo makedonija propadnaa kako Astibo, teteks, Oteks i mnogu firmi sirum makedonija
vsusnost makedonija i nema nekoja industrija so koja moze da se pofali i da crpi finansii.
tuka e greskata na makedonija sto ne uspea uspesno da gi transormra ovie javni pretprijatija i da im obezbedi pazari za nivnite surovini (prozivodi).
i za kraj se uste se tesime deka po nivoto na investicii sme blisku so edna albanija koja bese na dnoto od sekogas.
samo vo eden moment makedonskta ekonomija bese ednakava so slovenskata vo 90 godini i ne uspea toa tempo da go odrzi za zal.
skopje sem sto e administrativno glaven grad nema i nekoja industrija so koja sto ce moze da se pofali za razlika od Belgrad na primer Sofija i ostanatite balkanski prestolnini.
 
Член од
6 март 2007
Мислења
2.301
Поени од реакции
1.579
Треба државата да привлекува инвеститори кои ке ги стимулира да инвестираат надвор од Скопје, за да не се летаат сите луѓе да се преселуваат во Скопје, и студентки да паѓаат во несвест за некој, само затоа што тој е Скопјанец.
Јас ги разбирам зошто сакаат од некој град да се преселат во Скопје. Секој сака да си има работа и примања, ако не повеќе барем еден нормален живот да изживее во цивилизација. Но единствениот проблем е капацитетот на работни места и примањата.Пример: за еден просечен Кумановец плата од 12 000 денари е директорска плата, додека за нас Скопјаните тоа е плата со која не може да се истера месецот.
Без навреда, јас сум само искрен.
Кога кај нас во Скопје, работодавецот ке понуди работно место, тој ке го вработи провинцијалецот затоа што на него му одговара да работи и за 8 000 денари, а ке работи за тие пари, само за тој да живее во Скопје, не дека е задоволен и од платата. Ама ке работи. И со тоа ни ги земаат нашите работни места. И тие секаде се пикаат, секаде врски фаќаат, секаде преку ред сакаат да стигнат, само за да успејат и да останат во Скопје,затоа што, нормално, од таму кај што дошле немале за леб, не ја гледале иднината во своето родно место, или пак не биле социјализирани, работеле на нива во некое село кај што сите се занаат и не е толку интересно, напротив е многу тешко.
И затоа, за да нема вакви расправии помеѓу Скопјани и провинцијалци треба секаде низ државата да се отвараат фабрики, магацини, било какви фирми кои отвараат нови работни места и ако се изградат факултети во повеќето градови, секој ке може да си ужива во своето родно место, а не да се сели во Скопје, и да си има доволно пари за да си живее нормален живот.
И откако ке се среди ова со распространетоста на фирмите и факултетите, тогаш фино ке се воведе еден закон или не знам што, за да не може секој кога сака да се преселува или студира во Скопје.
 
Член од
13 декември 2009
Мислења
1.307
Поени од реакции
647
Мислам дека најпаметно би било другиве да се отцепат. Никој не ги ферма. Битно СК2014 е тука, а некој у 21 век немаат водовод и канализација. Уживајте во античкото лудило, само скапо не чини сите тоа.
Зошто тресете вакви зелени на форумиве. Грујо и ВМРО го направија Скопје 2014 за да перат пари. Не го направив јас. Не отидов јас пред парламент да речам сакам Скопје 2014! И кои се тие инвестиции во Скопје? Какви се тие инвестиции? Дојде БМВ, Ауди, Епл, кој дојде? Се некои чкљ фирми , и уште како Џонсон Контролс ќе ти напишат десет работи да треба да имап, како на пример 5 години работно искуство. Ало чекај малце, од каде да имам 5 години работно искуство во Македонија? Не рчкај во раните на македонскиот народ напатен, а тие што си испраа пари со Скопје 2014 , Битола 2100 итн немаат гајле нит за тоа дали некој имал струја нит вода.
 
Член од
6 март 2007
Мислења
2.301
Поени од реакции
1.579
Зошто тресете вакви зелени на форумиве. Грујо и ВМРО го направија Скопје 2014 за да перат пари. Не го направив јас. Не отидов јас пред парламент да речам сакам Скопје 2014! И кои се тие инвестиции во Скопје? Какви се тие инвестиции? Дојде БМВ, Ауди, Епл, кој дојде? Се некои чкљ фирми , и уште како Џонсон Контролс ќе ти напишат десет работи да треба да имап, како на пример 5 години работно искуство. Ало чекај малце, од каде да имам 5 години работно искуство во Македонија? Не рчкај во раните на македонскиот народ напатен, а тие што си испраа пари со Скопје 2014 , Битола 2100 итн немаат гајле нит за тоа дали некој имал струја нит вода.
Се согласувам со тебе за инвестициите дека се малку за сите граѓани да си најдат добра работа. Но од некаде мора да се почне, а со време како доаѓаат нови фирми заинтересираноста на инвеститорите ке биде се поголема и инвестициите само ке се убрзуваат, бидејки многу од големите инвеститори чекаат да видат како овие првиве што инвестирале ке функционираат овде, како ке им иде, и откако ке увидат дека вреди да се инвестира во Македонија ке инвестираат и ке бидат се повеќе и повеќе инвестиции, се додека не се засити пазарот со работни места, и тогаш ке почне да се намалува интересот поради заситеноста и порастот на стандардот на примањата.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.768
Поени од реакции
9.888
Пример: за еден просечен Кумановец плата од 12 000 денари е директорска плата, додека за нас Скопјаните тоа е плата со која не може да се истера месецот.
.
не заебавај.. Што е разлика од просечен Кумановец до просечен Скопјанец..
1. Исти давачки,сметки,струја,вода,комуналии
2. Исти цени за храна и облека
3. У Кумановски кафич,цена на пиво ти е минимум 70 денари , и у Скопје имаш за толку
4.И Кумановци плаќаат иста цена за нафта , и слични детергенти
5. Кој сака да студира у СК плус трошкови за превоз или сместување..
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Малку грешиш Дармон, ГОЛЕМИТЕ ВИСТИНСКИ ИНВЕСТИТОРИ не чекаат да видат дали нешто ќе им оди или не... на оние кои веќе инвестирале. ТИЕ АНАЛИЗИРААТ И ЗНААТ како ќе оди. И знаат дека одговорот е: ЗА СЕГА НИКАКО..!!! Македонија е ептен мноогу мал пазар за било што, не е ни пазар...дали во кофа за вода може да се собере тоа што кај нас се нарекува пазар....Да не спомнувам што веќе немаме ни квалитетна, усогласена со барањата на времето работна сила..со доволно знаење и потѕребни вештини....освен за бла-бла муабети и маркетиншко претурање од шупливо во празно...:)
Затоа Македонија онаква каква е, е неинтересна за ниеден озбилен инвеститор.. За сеа само се продава политички рог за копито и некои далавеџии пробаат да уќарат нешто у мутно..., најчесто во некаков гешафт дослух со властите...и оние тогаш... и оние подоцна и оние пред овие...па и овие во некоја големка мера...
Треба да се бара чаре само во еден правец: да се проба со сопствениот ум , со локалната интелектуална и финансиска синергија да се помрдне малку напред...многу бавно, но сепак би било движење.Па после тоа има две алтернативи ...тој напредок и идеите ..ќе привлечат надворешен капитал и интерес..или пак ќе си остане истата алтернатива за перспектива. на младите..БЕГАЊЕ ШТО ПОДАЛЕКУ во бел свет....
Државата треба тој локалниот напор и развој на домицилни идеи за големиот светски пазар да го поддржува , а не да се мољака на странци кои имаат само еден интерес...да исцедат што повеќе од нас и тоа да го однесат некаде ДАЛЕЕКО преку морето...:)
И треба дефинитивно да ги уљуди банките, од лихвари да почнат да биднуваат партнери на бизнисот....и малиот и поголемиот...за сега ГОЛЕМ не ни имаме....
 
Член од
6 март 2007
Мислења
2.301
Поени од реакции
1.579
не заебавај.. Што е разлика од просечен Кумановец до просечен Скопјанец..
1. Исти давачки,сметки,струја,вода,комуналии
2. Исти цени за храна и облека
3. У Кумановски кафич,цена на пиво ти е минимум 70 денари , и у Скопје имаш за толку
4.И Кумановци плаќаат иста цена за нафта , и слични детергенти
5. Кој сака да студира у СК плус трошкови за превоз или сместување..
Претпоставувам од Куманово си.
1. Ок, се согласувам.
2. Нема шанси, хараната во фаст фудите и рестораните, кафаните е мнооогу поефтина, облеката, да речеме дека е иста, ама не е. Бидејки ако сакаш да влезеш во скопје во кафич на кеј или некоја дискотека и сл, треба да си добро облечен, значи малку посоленко така. Во спротивно само тие батките на врата ке те измерат и ти ке си останеш со стапо во рака, и ке мрзнеш надвор.
3.Е во Скопје пивото е 100-120 денари, минимум. Имам за 70 да, ама во некоја биртија маалска.
4. Ок, исто е.
5. Е тука е малку покомплицирано.
Доаѓаш ти на пример од куманово и сакаш да студираш на економски пример. И во куманово или во другите помали градови во средно школо полесно сте добивале повисоки оценки, сте имале и повисок просек на крај. И сега јас што сум завршил економско средно во скопје со муки и сум имал просек пример 3, ти со дупло помал труд си извадил просек пример 4.5. И при запишувањето на факултет главен фактор е просекот од средно, Што значи тебе од Куманово со помало знаење а поголем просек од мене, ке те примат во државна квота од 200 евра, а јас што сум се окозил од учење и сум добил 3ка, ке влезам на факултетот со приватна квота т.е кофинансирање од 800 евра или 1000 не знам сега колку е на економски или правен. Пример давам. Значи ти за 4 години ке платиш толку колку што јас треба да платам за една година.
Плус и ти имаш трошоци за превоз, ама и јас имам, јас живеам на 7км од факултетот морам некако да отидам до таму. Можам со автобус, со такси или со сопствена кола, а за сето тоа треба да се плати.
Исто како и ти и мене ми треба јадење, нема ваљда на шкрги да дишам.
И прочитај ми го првиот пост на оваа тема пред еден час што го пратив, за да видиш кој е мојот став на темата преселување од помалите градови во Скопје. Таму пишав и за вработувањето на скопјаните во скопје наспроти провинцијалците во скопје.
Така да мислам дека колку што ви е тешко на вас да живеете во малите места толку ни е тешко на нас да се тепаме за работни места и за студирање ради вас.
--- надополнето: Nov 24, 2011 5:14 PM ---
Малку грешиш Дармон, ГОЛЕМИТЕ ВИСТИНСКИ ИНВЕСТИТОРИ не чекаат да видат дали нешто ќе им оди или не... на оние кои веќе инвестирале. ТИЕ АНАЛИЗИРААТ И ЗНААТ како ќе оди. И знаат дека одговорот е: ЗА СЕГА НИКАКО..!!! Македонија е ептен мноогу мал пазар за било што, не е ни пазар...дали во кофа за вода може да се собере тоа што кај нас се нарекува пазар....Да не спомнувам што веќе немаме ни квалитетна, усогласена со барањата на времето работна сила..со доволно знаење и потѕребни вештини....освен за бла-бла муабети и маркетиншко претурање од шупливо во празно...:)
Затоа Македонија онаква каква е, е неинтересна за ниеден озбилен инвеститор.. За сеа само се продава политички рог за копито и некои далавеџии пробаат да уќарат нешто у мутно..., најчесто во некаков гешафт дослух со властите...и оние тогаш... и оние подоцна и оние пред овие...па и овие во некоја големка мера...
Треба да се бара чаре само во еден правец: да се проба со сопствениот ум , со локалната интелектуална и финансиска синергија да се помрдне малку напред...многу бавно, но сепак би било движење.Па после тоа има две алтернативи ...тој напредок и идеите ..ќе привлечат надворешен капитал и интерес..или пак ќе си остане истата алтернатива за перспектива. на младите..БЕГАЊЕ ШТО ПОДАЛЕКУ во бел свет....
Државата треба тој локалниот напор и развој на домицилни идеи за големиот светски пазар да го поддржува , а не да се мољака на странци кои имаат само еден интерес...да исцедат што повеќе од нас и тоа да го однесат некаде ДАЛЕЕКО преку морето...:)
И треба дефинитивно да ги уљуди банките, од лихвари да почнат да биднуваат партнери на бизнисот....и малиот и поголемиот...за сега ГОЛЕМ не ни имаме....
Ок, се сложувам со тебе, најмногу во болдираниот дел.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.145
Поени од реакции
18.173
Ова е од нашите иселеници во Шведска.И ова го сфаќам како една форма на патриотизам.Истите пред некое време донираа и противпожарни возила и опрема во болницата Св. Еразмо.Ако не е од државата на која и плаќаме даноци, ете нека е од иселениците.
Интересно, една од најбитните кардиолошки институции била без сопствени возила...(n)

Заводот за кардиологија доби две амбулантни возила
Охридскиот Завод за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања доби две амбулантни комби возила, марка Мерцедес- опрема донирана од Македонската заедница во Шведска и Регионалните болници од областа Халанд-Шведска.

Како што потенцира првиот човек на заводот, д- р Никола Бакрачески, станува збор за долгоочекувана донација со оглед на тоа дека во изминатиот период установата не располагала со сопствени амбулатни возила. За своите потреби ги позајмувала возилата од одделението за Итна медицинска помош, кои се дотраени и малку по број.

- Со овие возила ќе се подобри квалитетот на здравствените услуги кои ние ги даваме, но и квалитетот на услугите на другите установи во Охрид и Струга на кои ќе им бидат на располагање двете возила. Ќе се овозможи побезбеден транспорт на нашите пациенти до останатите здравствени институции во регионот , но истовремено и поефикасен третман за време на транспортот, затоа што возилата располагаат со опрема која овозможува освен превоз, да се изведува и одреден третман и дава терапија на пациентот, истакна Бакрачески.

Претставникот на Македонската заедница во Шведска информира дека по пат на донации од нивна страна е помогнато во опремувањето на неколку болници во Битола и Прилеп.

- Долги години, интензивно се залагам за реализација на хуманитарни активности. Им имам помогнато на здравствените установи во Битола и Прилеп, сега и во Охрид. Ги искористив сопствените контакти со Регионалните болници од областа Халанд-Шведска и еве обезбедивме две возила, изјави Цане Стефаноски, од Македонската заедница во Шведска.

Денес, свечено донацијата на Заводот му беше предадена од страна на претставниците од Македонската заедница од Шведска и Регионалните болници од областа Халанд.

OhridNews
29.11.2011 15:23

Прочитана е : 1021 пат
Градоначалникот на Охрид бара итна реконструкција на болницата и најавува протести

Градоначалникот на Охрид се закани дека охриѓани ќе ги организира на протести ако министерот за здравство итно не овозможи реконструкција на охридската болница. Според градоначалникот Петрески на охриѓани не им останува ништо друго освен да излезат на улица и да бараат подобри услови за лекување. Советниците од ВМРО ДПМНЕ смируваат дека состојбата не е толку црна и бараат трпение од граѓаните.​


Охриѓани ќе протестираат доколку министерот за здравство итно не преземе мерки за реконструкција на општата болница - најави првиот човек на Охрид. Градот повеќе од една година нема хирургија, гинекологија, урологија и неонатологија. Пациентите трпат, патуваат во Струга или во приватните болници низ Македонија.

- На охриѓани не им преостанува ништо друго освен да излезат на протести. Значи да се борат за своето право, ако не може со разговор да добиеме конкретни податоци тогаш единствена мерка е да излеземе на протести, вели градоначалникот Александар Петрески.

Во градот нема анестезиолог за итни интервенции, а патувањето до Струга го доведува во прашање животот на пациентите.

- Нашите пацинети се изложени да земаат кредити и позајмици и да се изложат на големи трошоци од 60 до 100 илјади денари и да одат во приватните болници, вели д-р Виолета Мицкоска советник од СДСМ.

- Бараме и одговорност од надлежните. Мора некој да сноси одговорност за ваквите состојби во охридското здравство затоа што најмногу трпат охриѓани меѓутоа и туристите, вели Јоне Станкоски советник од ВМРО НП.

Советниците од ВМРО ДПМНЕ смируваат, состојбата не е така црна, бараат трпение од граѓаните.

- Треба да бидеме трпеливи, треба да почекаме и се надевам дека Охрид сигурно ќе добие модерна и современа болница, вели д-р Величе Маркоски советник од ВМРО ДПМНЕ.

Реконструкцијата на болничкиот комплекс требаше да заврши во јануари 2012, но во моментов е во застој поради грешка со висината на операционите сали.


Соња Рилковска​
01.12.2011, 14:24


© 2011 Ohridnews.com
МАКЕДОНИЈА
02.12.2011​

БОЛНИЦАТА ВО ЈАСЕНОВО ЌЕ ДОБИЕ БРОНХОСКОП

Нов апарат за преглед на дишните органи, донација на компанијата ВИП, треба да стигне во болницата во Јасеново пред Нова година.
...



Нов апарат за преглед на дишните органи, донација на компанијата ВИП, треба да стигне во болницата во Јасеново пред Нова година.
Пациентите да не ги праќаме во Скопје и да чекаат со месеци ... претходниот апарат расипан и необновен!
Фалат болнички возила и лекари во Брзата Помош во Кочани.
Kочанска Брза помош продолжува со мирен протест

ПРЕД 9 Ч. - МАКЕДОНИЈА - КАНАЛ 5 - КОМЕНТАРИ - ВИДЕО 1

Канал 5
30-мината вработени во Брза помош се жалат на се лошите услови за работа, амортизираниот возен парк, недостиг од неопходна медицинска опрема, и лошиот сменски распоред за работа. - Здравјето, но пред се животите на нашите пациенти се приоритетни од проблемите со кои се соочуваме секој ден при нашата работа. Затоа, мирниот протест искажан...
Имиња : ДејанЛазаровДимитарЕфремовВанчо Коцев
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.398
Поени од реакции
5.670
Владата скрати половина милион евра наменети за селата


Владата одзеде 580 илјади евра од годинешната сума наменета за рамномерен регионален развој што веројатно ќе се пренамени и ќе покрие други трошоци. Како што е наведено во Службен весник, на владина седница на 26 ноември паднала одлука за изменување на Законот за извршување буџет со што од речиси 2 милиона евра колку што беше предвидено со иницијалниот буџет, сумата за регионален развој се сведува на 1,3 милиони.

Ова доаѓа во време на интензивно градење и развивање на главниот град, додека македонските села масовно се напуштаат поради немање основни услови за живот. Алфа неодамна ја регистрираше состојбата во мариовските села и се уверивме дека жителите немаат амбуланта, ниту училиште, а во некои села ни вода.

Економскиот раст не е толку значаен ако тој не е распределен така што од него да имаат корист сите граѓани на една држава, предупредуваат експертите.

Неодамна и Обединетите нации излегоа со предупредување дека еден од најголемите проблеми со кои се соочува земјата е значајната миграција, прво на релација село град, а потоа и на млади луѓе преку границите.

Ида Протугер

http://vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=37&eventId=43856
 

Kajgana Shop

На врв Bottom