Малце не се фер...немам интернет заради неплатени сметки, но не станува за тоа збор (финансиски проблеми). Зошто сега после неполна недела бараат да им се плати последната сметка (значи треба поправило 10 дена после примањето на сметката). Ај и тоа не го рачунам зотоа што можеби поштарот доцнел којзнае...Него друго ми е муабетот:
Коа целиот мој реон немаше нет 1 цела недела и 2 дена (2та дена кои нема да ги рачунам), кејблтел НЕ ГИ ОДБИ тие 200 денари. Бидејќи по нивната полиса, ако мојот нет е 600 денари месечно, они наплатуваат по 200 денари на третина од месец...Месецот има претежно 3 недели + 1 зависно за кој месец станува збор, значи поправило -1 недела -> -200 денари. Ако не би имале 2 недели тоа се минус 400 денари, поточно 420 колку што они ни бараа долг зотоа што бевме приклучени во втората третина од месецот јули и зотоа толку пари имавме долг.
Сега ја слободно можам така да им барам и за претходен месец (али за тој кога немавме нет ја плативме целосната сметка од 599 денари), али незнам колку ќе се исплати, само ќе кажат:
“повелете ливче, потполнете ја жалбата и ќе ја разгледаме“.
Фак хис мадер, не се исплати. Ќе си продолжам да си се викам Трпе Трајковски па шо биде нека биде.