- Член од
- 7 февруари 2011
- Мислења
- 16
- Поени од реакции
- 9
Вчера на полноќ околу 02:00 часот некој во двор ми фрли кученце ( сигурно не беше постаро од 5 месеци ), само што го фрлиле почна да цивка и тоа ме разбуди. Истрчав надвор но немаше никој. Пела како идеше накај него тоа се криеше и цивкаше цело преплашено, го земав во раце и го изнесов надвор од двор. После тоа останав уште 30 минути на прозор и гледав дали ќе се врати некој (немаше ни трага ни глас). Сеуште се прашувам дали тоа беше некоја детска игра со цел „еј тука има питбул ај да му фрлиме кученце“ или само проверка од крадците за да видат дали и колку е агресивна . Како и да е сега после шетање (обично ја шетам околу 20 часот) клуч на врата и колку толку сум помирен но знам дека тоа не е решение ако некој ја „намирисал“ сигурно ќе најде начин да ја земе. Ме вади тоа што Пела не покажа никаква агресивност, идеше према него и потскокнуваше со цел да си игра , но од друга страна мислам на тоа дека на тие луѓе не им е битно дали и колку е агрисвна битно да е питбул Некој совет или решение ?!