Секакви рецепти

A

Auditore

Гостин
Какво ладно нес? Матено, со пена како по локалите?
За такво најчесто ти треба машинка за таа намена.
Дада, како по локалите.
Ти треба едно машинче за матење, како штрафцигер е само со подебела рачка на која има он/офф копче и на врвот има едно како паричка остро што се врти. Ова моево што е дома го купиле од Веро, ама сигурно сегде кај што продаваат миксери, кафемати и сл. ствари за кујна ќе најдеш.
Отприлика колку пари е такво машинче да не знаеш?
И колку нес, колку млеко, шеќер се става, или тоа зависи од вксусот.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
Дада, како по локалите.

Отприлика колку пари е такво машинче да не знаеш?
И колку нес, колку млеко, шеќер се става, или тоа зависи од вксусот.
Ау ич не знам ама во секој случај е многу пати поефтино од машините што се во кафичите :) Јас ставам кафе зависи од шољата колкава е, шеќер по вкус а млеко малце ќе ставиш колку да го натопи тоа и 1-2 цм над смесата и со машинчето ќе го изматиш сето тоа додека не згусне и нарасне, после млеко ќе додадеш :)
 

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.505
Поени од реакции
14.691
Моето е од Vicko и е некаде околу 600 денари, а за тие што погоре прашуваш мислам дека се околу 250 денари и скоро секаде во продавниците за домакинство ги има.
 
П

Пепси_

Гостин
Се надевам дека сум ја погодил темава.
Како се подготвува ладно нес, и што е потребно за него?
Ми здосади турсково, а ладно нес ми се многу допаѓа, па би сакал да почнам и дома да го правам..Фала однапред.
Земи си едно тегло (и капачка да има). Ќе си земеш нескафе оние ќесичките шо се по 5-10 денара.Ќе ја истуриш во теглото,ќе ставиш шеќер (по желба колку сакаш), и ќе ставиш млеко(може и вода ама со млеко е по убаво) околу пола мал филџан.Го затвараш теглото,и го кламкаш убаво,ќе се направе и пења и после ќе си сервираш у голема чаша ако имаш како у кафиќите и со сламка ќе си го пиеш.
 

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
дајте нешто за и со празот (нема тема за него:(_) па ајт овде да ве прашам- некаков рецептич ако може :)

;)http://img.photobucket.com/albums/v130/baillan/garden/leek-lovers.jpg

Makaло со праз

Потребни состојки:
- 3 страка праз
- 3 големи компири
- 3-4 лажици доматно пире
- зејтин
- сол

Подготовка:
Компирите се варат со лушпа и потоа се чистат и пасираат. Празот се сецка ситно и се додава во пасираните компири. Се посолува и се става доматното пире. Се заедно се меша и на крај се попарува со врел зејтин. :pipi:

Може да подготвите и сaлата од праз. Само исецкајте го празот, додајте зејтин, лимон и сол. Па и некоја маслинка. :D

Исто и бурекот што го имам постирано некоја страна назад може да се напраи со праз, кој претходно треба да се пропржи, а и проја.
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.113
Makaло со праз

Потребни состојки:
- 3 страка праз
- 3 големи компири
- 3-4 лажици доматно пире
- зејтин
- сол

Подготовка:
Компирите се варат со лушпа и потоа се чистат и пасираат. Празот се сецка ситно и се додава во пасираните компири. Се посолува и се става доматното пире. Се заедно се меша и на крај се попарува со врел зејтин. :pipi:

Може да подготвите и сaлата од праз. Само исецкајте го празот, додајте зејтин, лимон и сол. Па и некоја маслинка. :D

Исто и бурекот што го имам постирано некоја страна назад може да се напраи со праз, кој претходно треба да се пропржи, а и проја.
leleeeee Makedonka- ova makalovo ti e extra - kaj samo ti tekna (y)(y)
 

Луси

extreme
Член од
17 септември 2008
Мислења
6.829
Поени од реакции
20.261
Праз со месо

4 страка праз
2 домати
свинско месо кртина (грамажа по избор)
зачин, црн пипер и сол
зејтин

Прво се сечка месото или на долги ленти или на коцки, се става во малку вода со зачини и масло, се остава да издинста на средна температура. Откако ќе се обари, во садот каде што се динсташе место, го ставаме претходно исечканиот праз, поклопуваме по пет минути интензивно се меша за да се растопи празот, се додава и доматот рендан, и се пропржуваат заедно уште 15-тина минути, потоа се додава и местот со зачините, се пржат уште 5 мин и потоа воала уживајте убаво зимско јадење во комбинација со црвено вино е топ.
 

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
дајте нешто за и со празот (нема тема за него:(_) па ајт овде да ве прашам- некаков рецептич ако може :)
Посна Сарма

Потребни состојки:
- 1 главица кисела зелка
- 400 гр. ориз
- 4 страка праз
- црн пипер
- црвен пипер
- 250 мл. зејтин

Подготовка:
Одвојте ја зелката лист по лист на малечки парчиња. Исечете го ситнo празот и добрo испржете го во зејтинот. Потоа дoдајте го црвениот пипер и оризот. Прoпржете го уште малку и тргнете го од оган, а потоа додајте го црниот пипер. Свиткајте сарми во големина на oрев. Налејте ги со малку расолница и вода и варете ги на тивок оган. Кoга ќе бидат скоро варени сармите, додајте уште еден филџан масло
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.113
Посна Сарма
само да ти кажам :) веднаш по твојот рецепт за макалото- дома ги замолив да ми го подготват- но во помала количина од онаа твојата- упола (затоа што ручекот беше при крај- скоро готов) - и наместо кечап ставија суви црвени пиперки-беше лутко и вкусно-мммммммм ;)
и шта да ти причам..... се прејадов :cenzura::oops:
фала уште еднаш (y)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom