Македонско фудбалско првенство 2012/2013

  • Креатор на темата Креатор на темата ZOTE
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе биде новиот шампион?

  • Вкупно гласачи
    325
Статус
Затворена за нови мислења.
Ова ги фати некоја криза исто ко нас у времето на трифун после победи од 3-0, 3-1 и слично 8 или 9 порази знам во низа имавме...
 
Ова ги фати некоја криза исто ко нас у времето на трифун после победи од 3-0, 3-1 и слично 8 или 9 порази знам во низа имавме...
Ние тогаш имавме преку 10 утакмици без победа, ама 7 порази во серија никогаш не сме имале...
 
Ние тогаш имавме преку 10 утакмици без победа, ама 7 порази во серија никогаш не сме имале...
Така нешто беше знам дека одлично тргнавме но го признавме Косово си отиде тренерот и се почна да оди во надолна линија. Очекував и ја да ни помогнат денес со Металург али ништо од комшиката...
 
Комшиките нен ни направија услуга, ама затоа Напредок само покажа дека Шкендија е сосема разџлична екипа на гости. Не се сеќаваат кога последен пат тепале. Некои работи стануваат појасни, Вардар и Металург најверојатно остануваат сами во борбата за титулата :D
 
Работнички - Металург 0:1
Напредок - Шкендија 0:0

Реков јас вчера, Ѓоре изгледа пак на суд ќе се појавува :pos:
 
Sto ti rekov vcera deka ke tepa Metalurg ti se inatis c c c :D
 
Работнички - Металург 0:1
Напредок - Шкендија 0:0

Реков јас вчера, Ѓоре изгледа пак на суд ќе се појавува :pos:
Ѓоре поќе пари фрлил до сега на адвокати одколку што има добиено од тие спорови што завршувааа на суд ,а може и тоа му е финта негов може има некој близок роднина што е адвокат па не му зима мн пари и намерно губи и вади така пари од клубовите :D:D
--- надополнето: Nov 23, 2011 2:04 PM ---
Да видиме што ќе кажат сега тие со ,,убави мемории,,:)
Абе се знае дека Вардар ќе биде шампион :pos:
 
Искрено, очекуван е овој резултат на Шкендија. На гости речиси ништо не играат, за разлика од дома, а така тешко се доаѓа до титула. Очекував Работнички да освои барем бод, но ете изгубија... Не памтам која екипа во последниве 20 години имала 7 порази по ред, дури и Рудар на времето немаше врзано ваква серија : )
 
Кога рече Ѓоре Јовановски дека ќе го стасаат Вардар, изгледа мислеше на ланската сезона...
 
Ѓоре поќе пари фрлил до сега на адвокати одколку што има добиено од тие спорови што завршувааа на суд ,а може и тоа му е финта негов може има некој близок роднина што е адвокат па не му зима мн пари и намерно губи и вади така пари од клубовите :D:D
--- надополнето: Nov 23, 2011 2:04 PM ---

Абе се знае дека Вардар ќе биде шампион :pos:

Бидејќи г-динот претседател на Работнички Драган Поповски е адвокат, во моментов истиот може да му биде и тужител и бранител :icon_lol:

Нешто чкрипи и кај Ѓоре дефинитивно, Металург, Милано и ЦСКА Софија на клоци го избркаа, а кај последниве едвај 1 месец беше тренер. Пред 10тина години во Самсунспор се задржа неколку месеци, а едиствено во Работнички со Трифун успеа да издржи неколку години како тренер, за на крај да завршат пред суд.
--- надополнето: Nov 23, 2011 2:46 PM ---
Металург ја продолжи агонијата на Работнички

Фудбалерите на Металург славеа со 0-1 во градското дерби со Работнички и му се доближија на првопласираниот Вардар на пет бода на врвот на табелата. Шкендија во Кичево одигра без голови против Напредок. „Металурзите“ го искoристија ремито на Вардар за да ја намалат негативата, а шампионот Шкендија не успеа да слави против Напредок и има заостанување од големи осум бода во однос на лидерот.

Металург ги освои трите бода на „Борис Трајковски“, иако важеше за гостин на дуелот со Работнички. Стрелец на победносниот гол беше Цветан Чурлинов во 37. минута од средбата, откако добро реагираше на центаршутот на Петковски и со удар со глава ја затресе мрежата на „романтичарите“. Претходно, во 34.минута, исклучување заработи Димитрија Лазаревски од тимот на Работнички, кој доби втор жолт картон за стартот над Баже Илијоски.

Во вториот дел, „металурзите“ се одлучија да го бранат стекнатото минимално водство, имаа и играч повеќе на теренот, а Работнички се трудеше да изедначи, но без ефект. Во 73.минута Борче Маневски по еден соло пробив ја погоди гредата, две минути подоцна шанса имаше и Душан савиќ, но неговиот шут на крајот беше изблокиран од одбраната на Металург. Во самата завршница, Баже Илијоски ја погоди гредата од голот на Работнички, доколку беше малку попрецизен, ќе беше тоа и победлива победа на Металург на ова скопско дерби.

Во Кичево, Шкендија не го потврди епитетот на фаворит. Не успеа да постигне гол, а Напредок може да биде задоволен со освоениот бод, со кој ја прекина негативната серија. Од друга страна, Шкендија уште еднаш покажа дека на гостувањата има сосема поинаков лик и дека е ранлив тим, за разлика од игрите на домашен терен.

Утре во Прилеп се игра последниот натпревар од 15.коло во Првата лига, во кој 11 Октомври го пречекува Хоризонт Турново.
http://ekipa.mk/News.aspx?newsId=2912
 
Никогаш Работнички не играл нешто посебно во лига, за разлика од Европа. Имаат добар тим и искрено не очекуев дека ова може да им се случи. Не сум ги гледал, незнам дали немаат игра или немаат среќа, ама 7 порази по ред се премногу за екипа како Работнички. Нешто треба да сменат, пробаа со тренерот ама очигледно не е само до него, на играчите треба да им скратат од плата па да видиш како ќе играат.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom