Авто новости

S

Shellshock nam67

Гостин
значи овде ќе постираме клипови од наши моторџии и нивни лудории
за почеток еве неколку од Охрид :vozbud:

на ред сте вие (y)
 
Член од
11 јули 2009
Мислења
1.415
Поени од реакции
962
Од лично искуство ти кажувам дека може казна да му стигне на сопственикот за ова ;)
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
310
Поени од реакции
101
Новиот Hyundai i30 во вистинско руво

Hyundai ги објави првите официјални фотографии и дополнителни информации за целосно новата генерација на хит моделот i30, кој ќе дебитира на Салонот во Франкфурт.

Новата генерација на првиот модел на Hyundai, од семејството 'i', ќе биде повторно најактуелен дел од тековната гама автомобили и сигурно ќе ги засили уште повеќе позициите на пазарот. Автомобилот доаѓа со дизајн создаден за европските корисници, а од компанијата подвлекуваат дека очекуваат новата генерација на i30 да привлече млади корисници со активен начин на живот, кои бараат автомобил што ветува не само одлично управување, туку и убава визија.

Авто Плус
Одлично изгледа. Уште ако има атрактивна цена (10500-11000 евра), за релативно богато опремена верзија, ќе биде вистински хит.
Штета што пред неколку месеци се подновив со нов џип.Ова е навистина лудило.(y)
 
Член од
6 октомври 2008
Мислења
1.884
Поени од реакции
2.088
Еве нешто најново .
Nissan Juke-R

3.8 l V6 Twinturbo мотор со 480 кс , и што е најбитно има место само за двајца :)...
за сега останува само концепт , за година ипол се очекува почеток на производсвото на овој модел (y)
Слики можете да најдете на нет :D
Мислам дека нема да влезе во сериско производство Нисанов.

Добра работа е што Juke-R нема да влезе во сериско производство, бидејќи би бил премногу скап, премногу неудобен и премногу опасен автомобил за обичните купувачи. Сепак двајца среќници ќе имаат можност да купат и да возат некој од двата модела, едниот со волан од левата и еден со волан од десната страна.
 

Jack Nolan

Сите сме луѓе, но ретко кој е човек!
Член од
31 јули 2011
Мислења
1.587
Поени од реакции
1.506
Subaru BRZ.

Спојот на Toyota и Subaru овојпат даде малку поинаков Subaru - доволно секси за еден јапонски спортски автомобил.
7.jpg
Иако Toyota и Subaru бележат неколку успешни проекти и концепти зад себе, сепак Јапонците тврдат дека овој ќе биде посебен.

Причината поради која BRZ отскокнува од другите модели на Subaru е тоа што наместо на сите четири тркала, погонот му се концентрира само на предните.

Subaru BRZ го придвижува дво-литарски боксер со четири цилиндри, а наместо турбо-погонот, тука е технологијата на Toyota за директно вбризгување D-4S, а, исто така, наместо автоматскиот, сега има шест-степен рачен менувач – што и искрено повеќе наликува за еден спортски автомобил. Дали споменавме и дека BRZ „лежи“ 120mm пониско од кој било друг Subaru и има 240mm поблиска средна шасија?

Кога сме кај димензиите, тие кај Subaru BRZ изнесуваат 4230 x 1800 x 1280 mm, додека меѓуосовинското растојание изнесува 2570mm.

Засега нема податоци за перформансите, но искрено и не треба да имате завршено машински факултет за да заклучите дека BRZ ги има сите предиспозиции да биде најзабавен спортски автомобил во „земјата на изгрејсонцето“ откако Nissan го лансираше GT-R.
5.jpg
 
S

Shellshock nam67

Гостин

Француската автомобилска индустрија Рено се подготвува да почне со изработка на нов економичен автомобил, што ќе се продава за само 2.500 евра, односно речиси по половина пониска цена од Дачиа Логан.
Новиот економичен автомобил на Рено е наменет за земјите во развој, пишува денешното издание на весникот „Ла Трибун“, јавува дописникот на МИА од Париз.
Новиот модел на Рено, исто така, може да се најде и на европските пазари, пишува весникот.
Рено и Нисан на почетокот на јануари идната година ќе треба заеднички да создадат екипа за развој на евтини модели на автомобили, а за проектот бил задолжен Жерар Детурбе, кој се досега се грижеше за моделите од типот ЕНТРИ (Логан, Сандеро, Дустер) кај Рено.
Според агенцијата Франс Прес, Рено потврдил дека Детурбе ќе и се приклучи на Алијансата Рено-Нисан од 1 јануари 2012 година, за да се грижи за платформата за мали автомобили која се развива во Индија.
Засега Рено не сака да дава повеќе информации за својот нов автомобил што ќе чини само 2.500 евра.
Според весникот „Ла Трибун“, новиот модел на ултра-едноставен автомобил не треба да има ништо заедничко со проектот, кој на времето го проучуваше индиската компанија Бајај, иако некои од идеите можат да бидат преземени.

odlicna vest samo da se realizira sto pobrzo (y)
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Ќе дочекаме во МКД вакво нешто или ќе се радуваме само на вести xD?
 
A

Auditore

Гостин
Паметен потег, јасно им е дека ова многу ќе им го зголеми профитот, и се надевам дека квалитет ќе биде подобар од моторите на Застава, и деловите нема да бидат оган и пламен, затоа што кога веќе произведуваат за рајата, да биде во склад со нивните можности.
(y) за потегот на Рено, верувам дека и други компании ќе го следат ова, дај боже Пежо да бид една од тие компании.
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
2500 evra na prag na fabrika ili parkiran pred doma..???? Smetajte deka i sega taa "fabrickata" cena e edna tretina od onaa vo prodazen salon...
Ako ne smislat vo paket i LOKALNI MIKRO fabriki za montaza i servisna poddrska...NISTO specijalno od proektot...:)
 

Македонец

мразам патетика во натпис
Член од
12 февруари 2007
Мислења
3.928
Поени од реакции
3.813
Тоа со тие цени од 2500 евра....преку нашите увозници,од салон ќе ти го дотераат до 4000 евра.

А за тие пари,да возиш пластика,на тркалца од бураго количка,мислам дека не вреди....поарно за тие пари земи половно возило.

Инаку незнам колку сте забележале,дека европските марки на автомобили за наш пазар се изгор,а на американскиот пазар се со упола цена....па ај најдете ми вие мене нзс.

Еве и concrete го вели истото.

2500 evra na prag na fabrika ili parkiran pred doma..???? Smetajte deka i sega taa "fabrickata" cena e edna tretina od onaa vo prodazen salon...
Ako ne smislat vo paket i LOKALNI MIKRO fabriki za montaza i servisna poddrska...NISTO specijalno od proektot...:)
 
A

Auditore

Гостин
Ако е речено дека ќе се продава за 2500е, тогаш за толку ќе се продава.
Салоните кои имаат склучено договор со Рено си имаат посебен начин на исплата и договор, тоа ти е како со Горско пиво, ако не етикетата има цена од 25 денари, неможе трговец да ти го продаде за 30 денари, дали се разбираме?
Јасно е дека возилово што ќе се произведува ќе биде наменето за рајата, јас се двоумам околу неговиот квалитет, што денес и покрај оваа технологија каросеријата е составена од нитни, пластика и скапи лепкови.
Затоа и пишав погоре дека ако го прават треба да биде поквалитетно од Застава, или барем како Застава што произведуваше ако сакаат да успеат во својот проект.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom