- Член од
- 1 февруари 2007
- Мислења
- 13.039
- Поени од реакции
- 2.270
Креаторот на проблеми не ти беше ЕУ, а старите структури кои не си заминаха от РМ после неjната независност и посредством различни операции мораше да направат државен удар и успеjaха.Голем број на отпуштања имаше после 2001 кога ни исценуираа војна и ни направија упад во уставот истите тие кои сакаат да одржуваат тензична и без излезна атмосфера во Македонија, а се со цел да можат да не уценуваат да прифатиме промена на име а со тоа и влез во ЕУ. Така да не, ЕУ не е никакво решение туку единствено креатор на проблеми.
--- надополнето: Nov 22, 2011 1:15 PM ---
Ти може уште 30-40 години да не можеш да ги вработиш во домашната икономика, това значи дека 30-40 години тиja луге мора да седат и да чекат? Това е егоистично да не овозможиш лугето да си наjдат работа.Така прави например Беларус - ке седите дома нема да одите да работите, па кога ке ви дадем работа - ке видиме. Вие се уште не сте сватили,дека и ако надвор от матичната држава, парите които ке ги заработат, ке ги инвестират во матичната држава. Уште повеке, тази диаспора ке има изкуство како се работи во другите држвави + ке има битни контакти. Светот оди ком глобализациja и никоj во този момент не може да го запре този процес.Тоа не е насловот на темава на форумов.
Мене не ме интересира на која планета се Словенците, а тоа што ти го велиш дека 30-31% од населението во Македонија се сиромашни лица тешко дека би држело вода, бидејќи, да, вистина е тоа дека над 30% од народот се невработени лица, иако во реалност огромен дел од нив работат и примаат плата на црно, а се пријавуваат како невработени само за да примаат сини картони и социјална помош, но ако 30-31% од народот се сиромашни лица, како тогаш имаат покрив над главата, како преживуваат без никаква заработувачка ?
И те молам немој да ми кажеш дека нивните деца или родители кои се на печалба во странство им испраќаат пари за да преживеат, бидејќи 30-31% од над 2 милиони народ се над 600.000 луѓе, односно би требало да ги имаме минимум 100.000 печалбари во странство, односно минимум 1 печалбар да издржува 5 невработени и сиромашни лица, а ако навистина тоа е случајот, не ми е јасно како тој капитал никако да излезе на виделина, не ми е јасно како тие пари никако да видат бел ден.
Така да, теоријата дека 30-31% од населението во Македонија се сиромашни лица ти паѓа во вода, да, над 30% од населението во Македонија се невработени лица, но тешко дека сите тие ќе да се и сиромашни лица истовремено.
А ако убаво го прочита првиот коментар на темава од @cool@, тогаш би требало да ти стане јасно дека поентата не е во тоа невработената маса да се прелева во странство, туку поентата е во тоа невработената маса да се вработи во сопствената матична држава.
Со невработеноста во Македонија полека, но сигурно, ќе се справиме, до 2006 зборот субвенција беше само мисловна именка за македонските земјоделци, државата не даваше никакви субвенции за тие кои се самовработуваа, Агенцијата за вработување ретко организираше курсеви по странски јазици, информатичка технологија и бизнис администрација, а странските инвеститори не уживаа баш некои бенефиции од инвестирањето во Македонија.
Не велам дека работите се нешто подобри сега со актуелнава влада, но дефинитивно се мрднати од мртва точка и активно се работи на намалување на невработеноста со вработување на невработената маса во сопствената матична држава, а не со нејзино прелевање во западноевропските држави.
Ако ти си невработен и ти се брза да се прелееш како дел од невработената маса од Република Македонија во некоја од западноевропските држави, не мораш да чекаш Македонија да стане дел од ЕУ, не дај Боже, повели извади си бугарски пасош и тоа ќе биде тројна добивка и за тебе и за Република Македонија и за македонскиот народ, ем ти ќе бидеш задоволен бидејќи ќе се вработиш во некоја западноевропска држава, ем бројот на невработени ќе се намали за 1 (ЕДЕН), ем македонскиот народ ќе се ослободи од уште еден испран мозок кој не знае како да си го замисли животот надвор од ЕУ.