Како да поврзам TV со PC ?

  • Креатор на темата Креатор на темата paraglajder
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
31 јули 2008
Мислења
2.845
Поени од реакции
1.638
Значи пред некое време пробав сам да го поврзам PC со TV и резултатот беше - ми изгоре графичката.

Сега имам нова графичка - ATI Radeon 9250 и сакам да ја поврзам со телевизорот (не е LCD, обичен телевизор со доста голем дисплеј и рамен екран). Графичката има S Video излез, купив кабел што со едната страна флева во тој излез а од другата страна има две буксни - црна и црвена, за во телевизорот.

Телевизорот има A / V влез, шолт за видео и црвен и бел (лево и десно) за аудио...

Користам Windows XP.
Секој совет е добредојден, благодарам однапред.
 
Да, го видов и јас видеото но тоа е за LCD телевизор, мојот телевизор има само Audio / Video влез. А графичката си има S Video излез, да.
 
ти треба ваков кабел
S-video_HDTV-cable_1_1600.jpg

плавото е за видео од двд кабел золтот кабелче ке го приклучиш на плавото во графичката а другиот излез ке го приклучиш на телевизорот или скартот на телевизорот и во контрол панел на графичката ке си го наместиш клон со мониторот и слично
 
Даваат ли ваков кабел кога го купуваш компјутерот ? :D
 
Не му треба овој кабел! Ова е за во повеќето LCD телевизори, на постарите нема COMPOSITE влезови (можно е ЕПТЕН ретко).

Даваат ли ваков кабел кога го купуваш компјутерот ? :D

Не го барај тој кабел, ќе си го земеш S-Video & Audio to RCA Cable

4p-s-video-2-3rca-35mm-cable15m.jpg

Двете црни одат во компјутерот, едниот во графичката, другиот во звучната.
После црвениот и белиот (STEREO AUDIO) одат во ТВ за звук
Жолтиот исто оди во ТВ за слика и ќе имаш се комплет.

Кабелов го има во Loging за евтини пари, зависи од должината (250-500 ден.)

среќа има разлика дали е tv to pc или pc to tv

Од компјутерот сликата да ја гледам на телевизор.
S-Video & Audio to RCA Cable

Двете црни одат во компјутерот, едниот во графичката, другиот во звучната.
После црвениот и белиот (STEREO AUDIO) одат во ТВ за звук
Жолтиот исто оди во ТВ за слика и ќе имаш се комплет.

Кабелов го има во Loging за евтини пари, зависи од должината (250-500 ден.)

Звучи фино, ке побарам низ продавнициве, не сум од СК ама мора да има и во Кавадарци. Од тоа што се распрашав некои ми рече дека "тешко се вадела добра слика". Зар не е возможно да се извади доволно достојна слика на телевизорот за да се гледаат филмови и утакмици?
 
Од компјутерот сликата да ја гледам на телевизор.

Звучи фино, ке побарам низ продавнициве, не сум од СК ама мора да има и во Кавадарци. Од тоа што се распрашав некои ми рече дека "тешко се вадела добра слика". Зар не е возможно да се извади доволно достојна слика на телевизорот за да се гледаат филмови и утакмици?

За читање и сурфање е тапа. За филмови е перверзии.
 
А јас како да поврзам, на лаптопов имам само VGA излез.. Ќе може со нешто вакво, или ќе треба додатни конвертори, глупости, бла бла ? И ако може да не знаете каде има таков кабел во Македонија, али точно да знаете и вие да сте виделе, не да ми кажувате провери ваму, провери таму, зошто имам прашувано на разни места и се чудат за каков кабел станува збор. Во Мегамобил имале али еве веќе 3-4 месеци немаат на залиха..
 
Во позитивна смисла, нели? :)
Спомна дека за читање е тапа, можеби звучи глупо прашањето но например ке се чита преводот од филмовите нели?

Пошто тоа и ми е поентата, да можам да ги гледам филмовите и online утакмиците на TV.
 
Со тој џек ќе може само доколку твојата графичка поддржува таква трансформација на дигитални податоци од VGA во TВ, а за твојот лаптоп 99% сум сигурен дека не може. (сигурно имаш некоја Intel графичка)

Под “гледање филмови“ се подразбира превод, слика и звук :)
 
Со тој џек ќе може само доколку твојата графичка поддржува таква трансформација на дигитални податоци од VGA во TВ, а за твојот лаптоп 99% сум сигурен дека не може. (сигурно имаш некоја Intel графичка)

Да да, Intel е, поточно ваква: Intel® Graphics Media Accelerator X4500HD. Ништо тогаш, ќе морам да купувам конвертор, гледам на ebay ги има по 20 долари.. Да не знаеш ти во Македонија дали има такви конвертори ?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom