Топлификација бара ново поскапување на парното
Компанијата смета дека последното поскапување од 8,5% не е доволно и очекува греењто да поскапи за 11,5%
И покрај огромното незадовослтво меѓу граѓаните, Топлификација сака уште повисока цена на парно греењето. Компанијата ја обжалила одлуката за 8,5% поскапување од почекотот на овој месец бидејќи пресметала дека новата цена требала да биде повисока за околу 11,5%.
За да не губи време, Толификација истовремено со обжалувањето почнала и постапка за ново барање до Регулаторната комисија за енергетика за одобрување максимален приход и цена од први јануари догодина.
Паралелно со борбата за повисока цена на парното, Топлификација не попушта ниту на реакциите на граѓаните дека плаќаат и за исклучените соседи. Решение за овој проблем веќе понуди канцеларијата на Народниот правобранител- предложи поставување на индивидуални мерачи за потрошена топлинска енергија на секое домаќинство, но според Топлификација, тоа скапо ќе ги чинело граѓаните.
http://press24.mk/story/makedonija/toplifikacija-bara-novo-poskapuvanje-na-parnoto