A1 Net кабелски Интернет - генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Swifty
  • Време на започнување Време на започнување
Еве ја состојбава кај мене :)
pmksK.jpg

--- надополнето: Nov 21, 2011 4:38 PM ---
Да друже, и баш ради тоа прашувам, пошто ако нешто не чини со интернетот ќе ми го потат мене. Добро е тоа што не мора станарите да се обврзат на година или две, ќе си пробаат, па ако им се бендиса ќе си напраат договор. Требало само да се покаже дека има заинтересираност. А стабилноста и брзината на интернетот зависат од повеќе фактори, нели...
Си имаат ете опција, потпишуваш договор, сакаш година, сакаш две, во првите 2 месеци слободно можеш да го раскинеш без да платиш проблеми, така да не би требало да биде проблем за тие што сакаат да го пробаат.
 
За да ја користите Вашата интернет врска, потребно е да се најавите во нашиот систем, со внесување на Вашето „Корисничко име“ и „Лозинка“.
Овие податоци можете да ги најдете на Вашата последна сметка, под полето „Заостанат долг“.
Промените се воведуваат поради зголемување на сигурноста на Вашата интернет врска.
Доделените „Корисничко име“ и „Лозинка“ зачувајте ги за себе, односно не ги споделувајте со Вашите пријатели, за да не дојде до нелегално користење на Вашиот интернет сообраќај од страна на трети лица.
Доколку овие податоци сеуште не сте ги добиле или сте ги заборавиле, Ве молиме јавете се на 089 011 011.

Со почит,
Близу – Скопје

Kaj mene na smetkata ne stigna, ama od starite smetki imam moze vo novite ke dojde
 
Пошто сакам да поднесам петиција за приклучок во зградата во која живеам, ќе може ли да сумираме, да ми кажете сите што живеете во различни делови на Скопје како сте задоволни од услугата кај вас? Пошто јас кај баба ми го имам нетов и сум ептен задоволен, ама па од друга страна колешка на татко ми го има во Кисела Вода и не и чинело(сепак, ова не е некој релевантен извор..). Ми треба потврда дека секаде е океј, за да бидам на чисто кога некој од зграда ќе го убедувам дека е добар нетот и дека ќе им биде боље на Blizoo него на Telekabel..
 
Како бе не се брои јутуб и трансфер кон бугарија?
На LAN корисниците не им се брои, зошто го рачунаат како „локален“ (интранет) сообраќај. Не знам како е на DOCSIS, зошто никогаш не сум користил таков интернет.
--- надополнето: Nov 21, 2011 5:28 PM ---
иначе youtube има сервери во Бугарија или што е фората ?
Јас колку што тестирав youtube имаат сервери кај Близу, па затоа и не се мери тој сообраќај. На пример, серверот o-o.preferred.cabtel-skp1.v21.lscache4.c.youtube.com од каде што ми се вчитува стримот ја има ИП адресата 92.53.32.82, која пак припаѓа на CableTEL DOOEL Macedonia, односно по ново Близу. Исто така, кога правам traceroute никогаш не излегувам од мрежата на Близу, односно овој сервер е на 3 „скока“ од мене (од кои едниот е моето домашно рутерче).
 
Пошто сакам да поднесам петиција за приклучок во зградата во која живеам, ќе може ли да сумираме, да ми кажете сите што живеете во различни делови на Скопје како сте задоволни од услугата кај вас? Пошто јас кај баба ми го имам нетов и сум ептен задоволен, ама па од друга страна колешка на татко ми го има во Кисела Вода и не и чинело(сепак, ова не е некој релевантен извор..). Ми треба потврда дека секаде е океј, за да бидам на чисто кога некој од зграда ќе го убедувам дека е добар нетот и дека ќе им биде боље на Blizoo него на Telekabel..
Кисела Вода кај Борис, Интернет ТОП, телевизија слабо, телефонија не користам
 
Фала на одговорот, само ме интересира што подразбираш под "телевизија слабо" ?
Не сум задоволен од каналите, ама тие се скро на сите оператори истите минус спорт клуб.
 
Што е работава кај мене Октомври и Ноември си стои 0 кога проверувам колку имам потрошено? Иначе сум ЛАН корисник. Симнувам од замунда, ама се дешава и од странски торент сајт да симнам (PirateBay, BTJunkie итн.)... Има кај некој друг вака?
 
Стајте dumeter за скор праење, не им чини тоа бројачот.
 
Пошто се думам за провајдер, гледав понуди на Близу па и мене ме интересира (покрај нетот ама има 2 мес. пробно па ќе видам дал е стабилно) за каналите. Која е разликата меѓу пакетот со 60 и оној со 120 канали. Дали се тоа некои битни телевизии (спорт, филм, нејшнел џеографи стил...) или и 60-те се сосем доволни?
 
Имаш на веб страната
DTV 60 http://blizoo.mk/dtv_60.html
DTV 120 http://blizoo.mk/dtv_120.html
Исто така варира мислам од реон во реон...Зависи кај мене пример, шо се повеќе Албанци, има повеќе албански канали...Во центар не верувам дека е така..
Ако ме прашаш мене, ИЧ не им е добра понудата на канали...Ако пресметаш колку годишно ќе даеш за кабловска, исто толку годишно (додуше МНОГУ помалку) ќе дадеш за шеринг и дримбокс.
Слободно пресметајте колку годишно давате за кабловска, и пробајте тоа да ви испадне 50 евра, бидејќи мене толку ми е годишно шерингот.
Ем си ги гледам, нова, РТЛ хрватскиот, РТС1/2, Universal, HBO, Sky Movies/Documentaries/Music...и уште многу други...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom