Атеист
Дежурен Шаман
- Член од
- 2 февруари 2010
- Мислења
- 7.682
- Поени од реакции
- 4.920
Видов јас убаво што пишува. Ти не читашнезнаеш да читаш. Таму пишува СИТЕ, не пишува СИТЕ РИМЈАНИ
Видов јас убаво што пишува. Ти не читашнезнаеш да читаш. Таму пишува СИТЕ, не пишува СИТЕ РИМЈАНИ
Компарацијава со грнево држи "вода" колку и компарацијата со таткото и синот. Како што таткото небеше семоќен и сезнаен, па затоа го казнува синот, така и грнето нема свест, слободна воља, емоции и слично.Римјаните 9:18 Па така: му искажува милост кому сака, а кого сака го прави корав.19 Сега, ти ќе ми речеш: „Тогаш, зошто укорува? Зашто, кој може да му се воспротиви на Неговиот совет?”20 Та кој си ти, о човеку, да одговараш против Бога? Зар ракотворбата ќе му рече на својот творец: „Зошто си ме направил така?”21 Или зар грнчарот нема власт над глината: од истата смеса да направи еден сад за чесна, а друг за нечесна употреба?
Ова - ко Господ телепатски да делувал на фараонот. Фараонот си имал своја перцепција на работите, се сам си направил.Во Стариот завет кога Мојсеј побарал од фараонот да ги ослободи Евреите, Господ му го ожесточил срцето на фараонот та овој не попуштил и така си навлекол казна. Можел ли фараонот да одолее на тој бес или несвесно како да знаел дека мора да ја прими таа казна за се што правел, исто како и Мојсеј подоцна, кога со години талкал низ пустината по казна затоа што се сомневал во Бога иако го видел?
Напротив јас целосно му верувам на Бог и знам дека не само што нема да ме скрши, туку ќе ме зачува од секој кој ќе се обиде да ме скрши. А за тоа дека ќе одговараш пред Бога, ќе биде и тоа. Ќе дојде време кога ќе застанеш пред него и ќе ти биде судено. Твое е дали ќе се помириш сега со него или никогаш...Компарацијава со грнево држи "вода" колку и компарацијата со таткото и синот. Како што таткото небеше семоќен и сезнаен, па затоа го казнува синот, така и грнето нема свест, слободна воља, емоции и слично.
Да се сметаш за нечиво "Грне" кое може да биде скршено само заради ќејф на "грнчарот" е врв на глупоста! Како може некој да полага такво право, и да ме смета за сопственост, кога јас никому не напишав молба да бидам создаден, најмалку не како нечива сопственост!
Кој сум јас да одговарам против бога?? Јас сум бог на самиот себе, јас сум господарот на мојата сопствена судбина! И секој бог или човек, што ќе ми кажат дека МОРАМ да им се покорувам и да им служам, ќе бидат мои непријатели!
А вие, бидејќи за блаженство ја сметате духовната беда, тонете во неа и понатаму!
Гледам не ја сваќаш поентата, затоа ќе ти поставам прашање од друг аспект.Напротив јас целосно му верувам на Бог и знам дека не само што нема да ме скрши, туку ќе ме зачува од секој кој ќе се обиде да ме скрши. А за тоа дека ќе одговараш пред Бога, ќе биде и тоа. Ќе дојде време кога ќе застанеш пред него и ќе ти биде судено. Твое е дали ќе се помириш сега со него или никогаш...
Јас неможам ниту пак сакам да те терам да направиш нешто што ти не сакаш.
Грнето беше направено сосема во ред, и згора на тоа му беше даден избор и слободна воља, па поради непослушност бидејки сакаше Грнето да биде Грнчарот ќе плати скапо за тоа! Но, и покрај тоа Бог му даде на човекот уште една шанса преку Исус Христос, а ако и таа не ја искористи тогаш има место и за тие. Пеколот ќе се исполни со такви кои сакаат да Бидат грнчарот.Гледам не ја сваќаш поентата, затоа ќе ти поставам прашање од друг аспект.
Ако "грнето" е грешно направено, дали тоа е грешка на грнето или на грнчарот?
П.С. Пред никого јас нема да застанам и да давам одчет, за тоа да се случи веќе кажав што е потребно - Тој што ќе бара одчет од мене, да ми покаже барање од моја страна, каде јас лично барам од него да бидам создаден! Ако такво нешто нема, тогаш нема ни основа за да бидам условуван, поради тоа што сум создаден.
Каква е таа слободна воља ако јас ти речам, може да носиш какви сакаш чевли, ама ако небидат црвени ќе те скршам од ќотек?Грнето беше направено сосема во ред, и згора на тоа му беше даден избор и слободна воља, па поради непослушност бидејки сакаше Грнето да биде Грнчарот ќе плати скапо за тоа! Но, и покрај тоа Бог му даде на човекот уште една шанса преку Исус Христос, а ако и таа не ја искористи тогаш има место и за тие. Пеколот ќе се исполни со такви кои сакаат да Бидат грнчарот.
Пак истата приказна! Моите родители не се ниту семоќни, ниту сезнајни! Тие неможеле да ми предодредат особини и карактер по нивна воља. За разлика од нив, ти веруваш во бог кој е семоќен и сезнаен. Ако тој несакал да има грев, немало да има, ако несакал страдање, немало да има! Семоќен е нели? Ако се вадиш на тоа дека гревот, страдањето и злото се со цел да научиме нешто од нив, тогаш во таа слика не се вклопува казната и наградата. Зошто би казнувал, за нешто кое самиот сум го создал и тоа со одредена цел?Кога твоите родители бараат нешто од тебе дали ти им викаш - зошто го барате тоа од мене јас да не ви побарав да ме направите? остајте ме јас се си праам сам и никогаш никого не слушам?
Немам право??! Како си се зезнал тука, немаш поим!Создаден си оти Бог сакал така! и немаш право да расправаш за тоа. Кога еден ден ќе застанеш пред него верувај ми, нема главата да можеш да ја подигнеш а не да аргументираш како Мачо Мен во ситуацијата.
Само како сакаш така праи си.
Мојот Бог не го излажа човекот дека ќе умре кога ќе јаде од тој плод, човекот и навистина умре. Платата за Гревот Е Смрт. Човекот умре духовно.Каква е таа слободна воља ако јас ти речам, може да носиш какви сакаш чевли, ама ако небидат црвени ќе те скршам од ќотек?
Твоето замислено садистичко пријателче, е прикажано како сезнајно и семоќно, факт пред кој повторно и повторно замижувате! Ако тој сакал ние да не "грешиме", ќе ни дадел особини со кој немало да грешиме!
Толку е едноставно! Треба да си дебил да не го сватиш тоа.
Друга работа. Твојот бог, го создава човекот без сознание за добро и зло, го лаже дека од тоа сознание ќе умре денот кога ќе посегне по него, и потоа кога неговата лага е одкриена ги казнува и проколнува луѓето затоа што згрешиле!? И апсурдот не завршува тука! За да им прости што згрешиле (иако ги создал без сознание за добро и зло), се жртвува самиот себе? Тој што сака да прости, ќе прости! Нема да режира шпански серии, за да предизвика сожалување кај другите.
Значи ако јас сакам да простам некому, треба да си ја исечам раката?
Пак истата приказна! Моите родители не се ниту семоќни, ниту сезнајни! Тие неможеле да ми предодредат особини и карактер по нивна воља. За разлика од нив, ти веруваш во бог кој е семоќен и сезнаен. Ако тој несакал да има грев, немало да има, ако несакал страдање, немало да има! Семоќен е нели? Ако се вадиш на тоа дека гревот, страдањето и злото се со цел да научиме нешто од нив, тогаш во таа слика не се вклопува казната и наградата. Зошто би казнувал, за нешто кое самиот сум го создал и тоа со одредена цел?
Немам право??! Како си се зезнал тука, немаш поим!
Нема јас пред никого да застанам и да давам одчет! Најмалку пред такви садисти, како твојот замислен бог!
Веќе кажав, еве пак ќе ти повторам. Кога твојот бог, ќе ми покаже молба или барање од моја страна да бидам создаден, тогаш ќе има право да ми бара одчет. Јас никого не го терав да ме создаде, а почитта е последното нешто кое може да се добие со сила, закани и уцени. Јас ги почитувам оние кој го заслужиле тоа, а не оние кој ми се закануваат.
Но тоа е нешто кое страшливците најверојатно нема да можат никогаш да го разберат.
Не бе ич не го излажа! Само му кажа дека денот кога ќе земе или се допре до дрвото на спознавање на доброто и злото, ќе умре:Мојот Бог не го излажа човекот дека ќе умре кога ќе јаде од тој плод, човекот и навистина умре. Платата за Гревот Е Смрт. Човекот умре духовно.
Како второ човекот се раѓа со грешна природа со особини кои полесно се прилагодуваат и полесно го прифаќаат злото од колку доброто. За тоа и дојде Христос да ни даде нов живот, тотално различен и контрадикторен од тој што сме го имале до сега. Тоа е тоа што Библијата го нарекува Наново раѓање.
Е ајде де....mene ponejasno mi e sto imame nie so primeri od edna evrejska sveta kniga i primeri i mitovi od nivnata istorija