Дали верувате во долги врски?

Член од
22 август 2011
Мислења
326
Поени од реакции
346
Не само што верувам, туку и јас сум во долга врска, 5 години веќе, се уште со истата страст и љубов. Се надевам дека и во бракот така ќе си тераме.:)
 
S

Sagan

Гостин
ДАли верувате во долги врски, и дали мислите дека тие можат да бидат успешни и трајни, во секој смисол, љубов, верност, страст и сл... Долги врски ги сметам оние од 3 години па нагоре, барем спрема мене, не знам за вас...
Долги врски можат да постојат, да бидат успешни, трајни и со љубов и верност. Ама во најголем дел се без страст.
Тоа значи, врската опстојува на база на емоционална, интелектуална или дури спиритуална поврзаност, ама страста можно е да ја снема.
Тоа сепак значи дека ваквите врски треба да бидат ослободени од љубомора и посесивност кога партнерката / партнерот ќе сака да си го зачини сексуалниот живот со друга личност.

Поинаку, не постојат долги врски, туку долго измачување.
 
vaga1985

Разочарена од се
Член од
30 јули 2011
Мислења
1.564
Поени од реакции
418
Верував во долги врски ама повеќе не верувам и нема да верувам никогаш.
 
shutrak

opsenar
Член од
3 јуни 2011
Мислења
37.609
Поени од реакции
31.423
veruvanjeto vo dolga vrska ne e povrzana so veruvanjeto vo ljubenata lichnost., ....a inaku da duri koga toa kazhete sudbonosno da ., e togash so 90 % e dolga vrskata., a inaku pred toa e samo zabava i megjusebno zapoznavanje i prilagoduvanje;)
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.915
Поени од реакции
41.878
Верувам лично јас имам врска од 3 год и 7 месеци, дневно сме по 3-4 часа заедно. :) Може да успеат само ако се сакаат и двајцата ако не пропаѓа ако не едниот почнува да гледа по други и врската се свдува на едно обично пријателство.И аа долга врска не ја сметам онаа во која партнерите се заедно над 3 години а се гледаат еднаш месечно. ;)
 
Cannabinoid

Cannabinologist, MMD
Член од
18 јануари 2008
Мислења
597
Поени од реакции
466
Долги врски можат да постојат, да бидат успешни, трајни и со љубов и верност. Ама во најголем дел се без страст.
Тоа значи, врската опстојува на база на емоционална, интелектуална или дури спиритуална поврзаност, ама страста можно е да ја снема.
Тоа сепак значи дека ваквите врски треба да бидат ослободени од љубомора и посесивност кога партнерката / партнерот ќе сака да си го зачини сексуалниот живот со друга личност.

Поинаку, не постојат долги врски, туку долго измачување.
Безмалку во целост не се согласувам со ова што го нашиша, но бидејќи сум човек кој никогаш не пробува со сила да убеди или да наметне свое мислење врз друг, ќе те оставам времето т.е. искуството (твое/туѓо) да те демантира... ;)

П.С. И да не заврши тука дискусијата, би те прашал само едно: дали го знаеш значењето на зборот „страст“?

ППС. Малку постар ти бил постот, така да се извинувам што дури сега случајно го гледам (и реплицирам). :oops:
 
Јас најмногу би сакал самиот да се демантирам по однос на ова прашање :) За жал, од досегашниот живот, тоа го имам заклучено, тоа го кажувам.

Не сакам дефиниции, ама за мене страста е чиста хемија, бум!: експлозија, неодолива потреба да се има секс баш со неа, сега и тука. Но не само секс, туку и често насочување на мислите кон истата особа додека работиме нешто сосема трето.

Станува збор за замка на природата со цел да оствари оплодувањето и размножувањето. За тоа време, врската од страст преминува во потреба, навика и појава на посложени чуства кои ги нарекуваме љубов.

Е сега, според моето искуство, љубовта може и не мора да биде продружена од страсти (или тие да бидат сериозно намалени). Најдобриот секс е со личност кон која осеќаме голема страст (пак мое мислење), а бидејќи таа се храни со потребата да се освојува (нејзиното срце), кога тоа ќе се случи (најчесто, со стапувањето на брак), така и страста почнува да бледнее.

Пак според мене, единствената причина за неверство, кое е сѐ позачестено денес.
 
King B

Bears. Beets. Battlestar Galactica.
Член од
24 јануари 2011
Мислења
1.801
Поени од реакции
4.076
секоја долга врска ако не заврши со брак е безсмислена и џабе губење време:pipi:
Бесмислена? Значи ќе се заљубиш само во човекот што ќе го омажиш, м? :)
 
RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Малку се измешани брзините во оваа тема, можеби за тоа е виновен насловот. Долгите врски не се фантомска појава, секој од нас бил во таква или барем бил сведок на нешто такво. Секако дека е возможно да се биде со една личност со години. Прашањето е дали една врска е успешна ако успеала да трае толку долго иако прекинала на крајот? Не може човек да се обвини ако нешто такво не му успеало. Нити некој може да ја предвиди иднината, нити пак знае дека нешто ќе се распадне после толку време.

Во животот досега никогаш не ми се случи да премолчувам работи во една врска, нити да тактизирам непотребно. Ако нешто е гнило или кочи, очекувам некој од нас двајца да го признае тоа. Се уште не ми е јасно дали тоа ми е основната грешка или најголемата доблест во човечкиот меѓусебен однос кога се работи за партнер. Гледам дека на луѓето повеќе им одговара молкот. Тераат со години, се изневеруваат, преживуваат цели кризи за кои знаат само нивните пријатели, но никако не се разговара со партнерот за тоа. Тоа го припишувам единствено на човековата себичност и слабост. Неверојатно е што се би истрпеле луѓево само за да не бидат сами. Уште поневеројатно е какво лице знаат да му направат на партнерот кој слепо верува во нив. Малку интуиција и помала заслепеност многу би им помогнала за да знаат каде се, но ретко кој отвора очи. Како и да е, верувам во успешноста на долгите врски, но не сум наивна да мислам дека со годините се останува исто. Подобро со една личност која ја сметам како блиска до себе ќе доживеам и добро и лошо, кризи, убави моменти, муабет и молк, отколку да го искористам најчестиот денешен изговор дека кога нештата не одат, треба да се оди на нешто ново. Тоа ново секогаш станува старо.
 
Член од
11 ноември 2011
Мислења
202
Поени од реакции
235
секоја долга врска ако не заврши со брак е безсмислена и џабе губење време:pipi:
Истата мисла ја имам и јас ..

Бесмислена? Значи ќе се заљубиш само во човекот што ќе го омажиш, м? :)
Не разбирам личности кои велат дека ретко се во кратки врски,повеќе се во долги.Чекај сега,како можеш да излезеш од една долга врска,и да се закачиш за друга ?
Бесмислено е ,бар за мене ... Или иди до крај или ништо.
 
King B

Bears. Beets. Battlestar Galactica.
Член од
24 јануари 2011
Мислења
1.801
Поени од реакции
4.076
Не разбирам личности кои велат дека ретко се во кратки врски,повеќе се во долги.Чекај сега,како можеш да излезеш од една долга врска,и да се закачиш за друга ?
Бесмислено е ,бар за мене ... Или иди до крај или ништо.
Зашто на долгите врски глеате као на губење време? о.о
Или иди до крај или ништо?
Не значи дека ако љубовта не заврши со бурма - нема смисла lol.. Мене многу смисла ми има врската, заљубена сум, среќна сум.. Ако прекине еден ден, сигурно нема да глеам на неа како на изгубено време :) Или као на бесмисленост, недај боже, шо треба тоа да значи ? Дека убавите денови ставени на кантар тежат помалце од бурмата шо не сум ја добила?
Уживај :)
 
Член од
11 ноември 2011
Мислења
202
Поени од реакции
235
Зашто на долгите врски глеате као на губење време? о.о
Или иди до крај или ништо?
Не значи дека ако љубовта не заврши со бурма - нема смисла lol.. Мене многу смисла ми има врската, заљубена сум, среќна сум.. Ако прекине еден ден, сигурно нема да глеам на неа како на изгубено време :) Или као на бесмисленост, недај боже, шо треба тоа да значи ? Дека убавите денови ставени на кантар тежат помалце од бурмата шо не сум ја добила?
Уживај :)
Па не,нели имаше една живеј го моментот, али зборот ми беше дека неможам да ги сфатам личностите како со 2-3-4 имаат подолги врски ... И на крај пак со кој што се заедно 3 месеци ...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom