- Член од
- 23 февруари 2005
- Мислења
- 2.460
- Поени од реакции
- 44

Честопати имам читано за лорандитот, за неговот значење, неупотребливост, или како што некои го нарекуваат пријател на сонцето.
Пред малку пак барав и налетав на едно писмо во утрински весник:
"Алшар" времеплов - фантазија
Спасе Шуплиновски
Повод: (Научници од НАСА ќе се вклучат во проучување на рудникот "Алшар" 31.12.2002 - 03.01.2003 година).
Освен Интернет-изјавата на професор д-р Доне Гаршановски, речиси се друго наликува на романтична, на нова фантазија за "Алшар" во турска компанија "Алатини-Шарто" - Солун). "Алшар" не паднал од Сонцето, ниту е единствен рудник на светот со лорандит, туку во него, на пристојна длабочина, има количества од овој минерал со најголема концентрација во светот. Освен научна, нема друга употреблива вредност. Штом се извади на светлина, станува релативно безвреден пурпурно-црвеникав "кристал", кој не е неопасен. Се стравува од неговите арсенички својства и од радиоактивно зрачење. Според тоа, нема потреба од занесување за некаков си научно-туристички "вселенски" центар, па треба да преовладува критичкото гледиште.
Теоријата на стандарден сончев модел нема практична потврда, затоа што не може да се вклопат претпоставените со вистинските бројки на неутриното, честички кои во милијарди минуваат низ нашиот организам. Кога тие честички ќе допрат во лорандитот го трансформираат овој минерал и со броење може емпириски да се добијат величини за компарирање. Кога хипотетичното и емпириското ќе се поклопат, ќе ја имаме "формулата" на Сонцето и ќе можеме вештачки да произведуваме сонца, со што ќе отпаднат сите други досега познати енергенси. Упростено, станува збор за два нуклеарни процеса: за фисија (цепење, атомска бомба) и за фузија (спојување, сончев извор). Никој не знае како таа фузија ја "прави" Сонцето создавајќи топлинска и емсиона енергија во што е и предизвикот. Уште поупростено, сонце "во чаша вода" ќе движи автомобил неограничено време, а кога изворот ќе се потроши се заменува со "нова чаша вода". Тоа е, сепак, преголем предизвик за човештвото во сегашниот степен на неговите поимања, со нужното сомневање заради неизвесноста поттикнат од искуството со "обратната" фисиона атомска, нуклеарна) бомба и нуклеарната централа.
Прв кај нас (и во континуитет две и пол децении) пишував за "Алшар" - уште во 1978 година, откако две години пред тоа до претседателот Јосип Броз Тито се обратија претседателите на САД и на СССР со интересирање за "Алшар". Во меѓувреме, Американците вршеа испитувања под површината на езерото, а Русите во длабочините на рудник на Урал. "Алшар" беше тогаш атрактивна мистерија. Во поново време најмногу напреднаа Јапонците во светските истражувања на неутриното. Се смета дека интересирањето за "Алшар" е веќе застарена работа. Неутриното е "фатено"! Но е потешко да се произведе фузиона одошто фисиона (нуклеарна) централа. Лорандит има во неколку други земји, меѓу кои Швајцарија, Јужноафриканската Република и други.
Она со Александар Македонски (лепење лорандит врз штитовите, а имало 45.000 штитови по најмалку еден квадратен метар) е чиста фантазија. Точно е само тоа дека сите военопроизводствени научни истражувачи пројавуваат интересирање дали Александар Македонски имал ласерско оружје. Ако го имал, тогаш е од два кристала во фокусот на обратно завртен штит низ кои повратно поминуваат сончевите зраци или, како што има најнови сознанија, елкетричен графитен лукс од батерии за постоењето на кои има и писмено сведоштво. Тајна е кој или каков ("црвен"?) кристал е употребен, по кој Американците во Македонија трагаат веќе цела деценија.
Ме интересира дали има некој познавање за оваа руда или камен и дали бил во близина на Алшар?