Парното ги смрзна граѓаните

  • Креатор на темата Креатор на темата .Lost Angel.
  • Време на започнување Време на започнување

Дали би се откажале од Парното?


  • Вкупно гласачи
    22
L

.Lost Angel.

Гостин
Циганското лето е далеку зад нас, парното требаше одамна да почне да грее со полна пареа, но граѓаните и понатаму се чувствуваат како пингвини. Грејната сезона официјално започнува на 15-ти октомври, но не секогаш.
896300751.jpg

„Топлификација редовно доцни или „пушта да капе“, а образложението е едноставно, ’Нема потребa oд парно толку рано, па надвор уште има сонце и преку ден е топло’. Ова образложение би било сосема разбирливо доколку луѓето во себе имаа вградени колектори на сончева енергија кои навечер ќе можат да ги користат за да се згреат“, се жалат граѓаните.

Радијаторите се замлачуваат кон крајот на октомври, а почнуваат да „пукаат од топло“ во ноември. Па така граѓаните се смрзнаа кога ги добија новите сметки за парно.

„Како што расте температурата на радијаторите, непропорционално расте и цената на парното“, се жалат потрошувачите.

Сметките за парно се плаќаат во текот на целата година, но греење во екот на сезоната го добиваме само 15 часа на ден (парното се вклучува во шест часот наутро, а се гаси во 21 часот навечер). Ако се земе предвид дека новото работно време, не е како во социјализмот (од 7-15), оти луѓето се подолго заглавуваат на работа и се прибираат дома околу 18 часот, тогаш секој од нас реално користи најмногу 5 часа греење во својот дом (1,5 час наутро и 3,5 часа навечер). Ако се собере официјалниот број на грејни денови, со ефективното користење на парното испаѓа дека се грееме нешто повеќе од 40 дена. Имајќи го предвид дека плаќаме за 365 дена во година, тогаш барем треба да добиваме повеќе греење во текот на денот, а не после 21 часот да прибегнуваме кон другите алтернативни начини за дозагревање и дополнително да го оптоваруваме и така сè помалиот семеен буџет.

837795471.jpg
Во изминатите неколку години цената на суровата нафта на светските пазари вртоглаво растеше (највисока цена е забележана на 4-ти јули 2008 година – 145,29 американски долари), паѓаше (13-ти февруари 2009 - 37,51 долари ) и сега повторно расте (17-ти ноември 2011 – 99,63 долари), но цената на парното се чини дека ги следи само растечките тенденции.

Цената на парното ја одредува независната Регулаторната комисија. Се чини дека оваа комисија во изминатите неколку години при одредувањето на цената не го земаше стандардот на граѓаните, флуктуациите во цената на нафтата на светските берзи, економската пазарна логика, туку желбите и потребите на Топлификација. Ако се следи пазарна логика, зголемената побарувачка придонесува за растење, а намелената побарувачка за паѓање на цените. Се чини дека овие принципи не важат кај нас. Во изминатите неколку години расте бројот на луѓето кои го откажуваат парното поради превисоките цени, но наместо цената да опаѓа, таа расте. Доколку живеете во зграда, во која одредени станари и откажале „љубов“ на Топлификација, тогаш ќе си добиете повисока смета, затоа што компанијата веројатно сака да си „надомести за изгубената љубов“. Ова нема никаква логика, затоа што кога се намалува бројот на корисниците на парно се намалува и количината на топла вода која минува низ цевките, а со тоа и на количината на потрошено гориво. На овој начин компанијата се обидува да ги намали трошоците, а да го зголеми сопствениот профит.

Владата деновиве најави дека е можно со мазут од стоковите резерви да придонесе за поевтинување на парното. Доколку не се намали цената на топлинската енергија, ќе го откажете ли парното и на што ќе се греете?



Димитар Тануров
 
Мене прашањето ми е дали е млако парното кај сите кој го користат овие денови или во нашиот стан има проблем?
 
Да имаа конкуренција дали ќе беше така.
Мене прашањето ми е дали е млако парното кај сите кој го користат овие денови или во нашиот стан има проблем?
Само што дојдов од кај сестра ми во Карпош IV и е млако. Смрзнувачка е, а со три мали деца е .
 
Гарант е до вашата:)
Мислам начисто е смрзнувачка во дневна од кога е пуштено парното до денес.
 
Мене прашањето ми е дали е млако парното кај сите кој го користат овие денови или во нашиот стан има проблем?
Кај сите е млако не кај тебе само:)
Овие ќе чекаат да испомрзнеме па ќе го пуштат малце, а и не чекаат да дојде 21 па да го изгасат...
 
Искрено, од моментот кога го поставија, до сега, никогаш не сме имале проблем со парното. Живеам во куќа.
Всушност, често се случува собите за спиење само на цевки да ги топлиме, бидејќи и тие се буквално ,,жешки,,.

Не знам што е проблемот што некаде има некаде нема, но за парите кои ги плаќаме годишно, уште само да нема......
 
http://toplif.com.mk/glavna.htm

Еве ја страната, па можете да пријавите. Можеби треба да се испушта воздух или што и да треба да направат.. нека се прошетаат да видат до што е.
 
тие на приземје што се имаат солидно парно, порано се сеќавам парното беше жешко, дома по кратки ракави седев и со отворени прозори. Сега парново е никакво, не топли како што треба, а и тие од топлификација често се случува кога не треба пуштаат многу жешко, а пак кога треба е млако (n)
 
Мене прашањето ми е дали е млако парното кај сите кој го користат овие денови или во нашиот стан има проблем?
Млако е иако сум на приземје. Да не беше климата досега повеќекратно ќе ја посетев болницата. Инаку, кај мене парно никогаш немало по 15 часа во денот.
 
И ја си седам у кратки ракави топло е, иначе сум на призмеје.
 
Е сеа претера со прозорциве. :)

хахахахаха не не, никакво претерување, не лажам. Пред 6 - 7 години кога парното беше ново и немаше поскапувања парното пукаше и кај мене во соба сауна, најтопла соба + жешко парно и мора да се проветри собата па кој да отвара затвора постојано. Прозорите со спуштени ролетни и благо подотворени, гајле немавне си беше супер ;)
 
Станот е на последниот спрат и парното е млако ,уствари премлако... До 22 часот има услови за живеење но после започнува сибирот.
 
Пак ги гледам овие Регулаторна комисија, па добро ги знае некој кои се во таа комисија и дали стварно се независни или ?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom