Србинка пронашла 200 илјади евра и му ги вратила на сопственикот

  • Креатор на темата Креатор на темата Tetro
  • Време на започнување Време на започнување
Битно нејзе и е чиста совеста...
а вие шо мислите дека е глупава... треба да се преиспитате малце
Ја би да се преиспитам малце. И мислам дека е подобро "легално да се краде", отколку да најдеш нешто на улица и да си го земеш.

Закон за сопственост и други стварни права
Член 139
Наоѓачот на изгубената ствар има право на надоместок за направените нужни трошоци, како и на награда во висина од 15% од вредноста на стварта. Наоѓач на стварта е оној што стварта прв ја видел и се обидел да ја дофати, иако некој друг прв ја зел. Ако повеќе лица заедно најдат ствар имаат право на награда на еднакви делови.

Вака е кај нас, а кај нив не знам како е. Би требало да е исто, мислам.
 
Убав потег што ги вратила парите, уште поубав што како награда Српското МВР ја вработило кај нив. Сепак не се сите луѓе исти, повеќето на нејзино место би си отишле на летување на некои од егзотичните острови. Ретко вакви хумани луѓе. Но како што читам погоре во постовите, сопственикот на парите само 10 евра и дал на девојката. Некои и не заслужуваат да им ги вратиш парите значи. Не ценат ништо. Можел да остане со упаљачот во џеб само. Срамота е бе, со толку многу пари, а кај и ги вратил па уште одозгора 10 евра да и даде како награда на најдените пари. :confused:
Мислиш дека и е битно нејзе колку и дал? нема тоа да ја направи среќна.. нејзе не и биле битни парите така да ни тие 10 е или колку и да биле.. немало да сменат ништо. Тоа што ете некој тоа го цени (нивниот министер) нејзе повеќе и значи.. отколку наградата.
 
Уште еднаш си во право. Ако сакала пари ќе ги задржела. А до членот погоре - зборуваме за чиста совест сега а не за паричната сума. Што ќе ти се 200 000 евра ако навечер не можиш мирно да спиеш знаејќи дека си можел да ги вратиш а не си го сторил тоа?!!!
 
Ја би да се преиспитам малце. И мислам дека е подобро "легално да се краде", отколку да најдеш нешто на улица и да си го земеш.

Закон за сопственост и други стварни права

Вака е кај нас, а кај нив не знам како е. Би требало да е исто, мислам.

Види.. не знам како ти размислуваш... али тоа што не е твое не е убаво да го зимаш... некој работел за тие пари. Од кај знаеш дали чесно или нечесно се заработени..уствари тоа нема никаква врска, тие пари секако не се твои.
Мене ми се има случено .. постар човек вадеше пред мене пари од банкомат... ги заборави мислејќи дека е банкоматот празен си отиде порано.. кога јас дојдов на ред ми испадна купче пари од банкоматот. Ги земав и отидов да му ги вратам.. не ми даде ништо.. само еден убав благослов кој беше многу повреден од било која сума да ми ја дадеше како награда. Веруј ми.. чуството потоа е многу повредно отколку било која сума..
ако ти мислиш дека имаш право на туѓи пари... тогаш не знам шо да ти кажам.. за некои тоа е срамно.. за некои сосема нормално.
 
Мислиш дека и е битно нејзе колку и дал? нема тоа да ја направи среќна.. нејзе не и биле битни парите така да ни тие 10 е или колку и да биле.. немало да сменат ништо. Тоа што ете некој тоа го цени (нивниот министер) нејзе повеќе и значи.. отколку наградата.

Абе може и не и требаат пари, но не е добар гестот, барем да ја однел неа со фамилијата во некој елитен ресторан да и плати вечера и слични работи. Јас да ми најдат пари така, па би и уплатил лет за Копенхаген, некако би и се одолжи за тоа што би ми ги нашла парите :D
 
речетеме глуп, смотан, идиот, деген и како што сакате .. се ставив на нејзино место размислив малку.. малку повеќе.. и јас би ги вратил парите и не би се каел за тоа.

не е се во парите..
а што сум размислувал.. и да ви кажам нема ништо да ви значи на вас.

пробајте ставете се и вие на нејзино место ама ко навистина да се дешава (унесете се) и пробајте да донесете одлука и како таа ќе влијае на вас. Многу подобро ќе се запознаете себеси.
 
постар човек вадеше пред мене пари од банкомат... ги заборави мислејќи дека е банкоматот празен си отиде порано.. кога јас дојдов на ред ми испадна купче пари од банкоматот. Ги земав и отидов да му ги вратам.. не ми даде ништо

Сигурно не биле 200.000 евра. :D
 
Абе може и не и требаат пари, но не е добар гестот, барем да ја однел неа со фамилијата во некој елитен ресторан да и плати вечера и слични работи. Јас да ми најдат пари така, па би и уплатил лет за Копенхаген, некако би и се одолжи за тоа што би ми ги нашла парите :D
Е тоа да......
 
гледам на форумов сите пишувате правилно постапила убаво шо ги вратила дрн дрн дрн... ај да ве прашам ја вака ВИЕ кога би пронашле 200 000 евра дали би ги вратиле??? јас искрено НЕ! - со 200 000 евра можам цел живот да си го променам и ич да не му ја мислам!
 
Ова е само доказ дека не е се во парите. Типката си има сопруг и дете и си го следела инстиктот т.е. била среќна и реализирана и размислила дека толку многу пари само можат да и донесат несреќа. Подобро од заработени пари нема ништо поубаво, па ете и работа ќе добие.

Алал да им е на Србите и на српската влада зашто имаше и кај нас еден ваков случај, дечкото ги вратил парите и беше на емисија пред пет години и на крајот ништо не доби освен исмејување во јавност на телевизија и никој не го вработи, а и ден денес живее во страшна сиромаштија. Тоа е само доказ колку сме буљаши како народ и со буљашка Влада.
И уште еднаш ќе кажам: Браво за Србинката и за сите Срби, идам во скоро време да извадам српски пасош, зашто многу наскоро ќе ми притреба да фатам магла од баграта овде и од оваа посрана држава.
 
Абе дечки гледајте ја малку целата слика. Кој побогу носи 200 000 евра во ташна во кафе бар !? Овде имало дил некој, типот со парите требал „ненамерно“ да ги заборави, а друг „ненамерно“ да ги најде. Ова е чиста „трансакција“ на мафијаши. Е сега цурава изгледа ја нашла ташната пред да падне дилот, така да треба да биде среќна што не ја свиткале.

Инаку во наше Мевере би ја вработиле само доколку не ги вратила парите... оти требаат како доказ .. нали. ;)
 
Ова е само доказ дека не е се во парите. Типката си има сопруг и дете и си го следела инстиктот т.е. била среќна и реализирана и размислила дека толку многу пари само можат да и донесат несреќа. Подобро од заработени пари нема ништо поубаво, па ете и работа ќе добие.

Алал да им е на Србите и на српската влада зашто имаше и кај нас еден ваков случај, дечкото ги вратил парите и беше на емисија пред пет години и на крајот ништо не доби освен исмејување во јавност на телевизија и никој не го вработи, а и ден денес живее во страшна сиромаштија. Тоа е само доказ колку сме буљаши како народ и со буљашка Влада.
И уште еднаш ќе кажам: Браво за Србинката и за сите Срби, идам во скоро време да извадам српски пасош, зашто многу наскоро ќе ми притреба да фатам магла од баграта овде и од оваа посрана држава.
Е такви како тебе има уште едно 300 до 500 илјади што веќе имаат пасоши од други држави, па потоа ќе биде има држава Македонија ама нема Македонци во неа токму поради ваквите размислувања.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom